Спорт
Погба решил да не оди на операција за да може да настапи на СП

Повратникот во Јувентус, Пол Погба решил да не оди на операција на коленото и ќе има конзервативен третман во следните пет недели за да може да се врати за „бјанконерите“ оваа сезона и да настапи на Светското првенство, објавува „Ла газета дело спорт“.
Според нивните извори ова било одлучено заедно со медицинскиот тим на Јувентус и на француската репрезентација. Погба го повреди менискусот на десното колено на тренинг на Јуве во Лос Анџелес, и иако се веруваше дека ќе биде приморан да оди на операција која би го отстранила од терените повеќе од пет месеци, тој се реши да ризикува.
Paul Pogba opts to have therapy instead of surgery on his injured knee and is expected to miss five weeks.
If all goes according to plan, he won't miss the World Cup ???????? pic.twitter.com/nAw3SNT8nq
— B/R Football (@brfootball) August 2, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Македонија во третиот шешир на ждрепката за Лигата на нации

Foto/ EPA
Фудбалската репрезентација на Македонија повторно ќе биде дел од Лигата Ц во Лигата на нации. Ждрепката во февруари, Макеоднија ќе ја чека од третиот шешир.
УЕФА реши од од овој циклус да воведе мали промени. Од Лига Ц, во Лига Б ќе се пласираат победниците на групите, додека второпласираните ќе играат бараж со третопласираите од Лига Б. Како и досега последнопласираните репрезентации ќе изпаднат во Лига Д.
Прв шешир: Романија, Шведска, Ерменија, Луксембург
Втор шешир: Азербејџан, Косово, Бугарија, Фарски Острови
Трет шешир: Македонија, Словачка, Северна Ирска, Кипар
Четврт шешир: Белорусија, Литванија/Гибралтар, Естонија, Летонија
Ждрепката за Лигата на нации ќе биде извршена на 8 февруари наредната година во Париз. Натпреварите во Лигата на нации ќе се играат во септември, октомври и ноември наредната година, а плеј-офот во март 2025 година.
Спорт
Рони О’Саливен ја освои рекордната осма титула

Најдобриот и најпопуларен снукер играч на сите времиња, 47-годишниот ветеран Рони О’Саливен по рекорден осми пат го освои британскиот шампионат.
Актуелниот светски број 1 постави нов рекорд во светот на снукерот: со победата во финалето над Динг Жанхуи со 10-7. О’Саливен стана најстариот шампион на Велика Британија.
О’Саливен си го подготви најубавиот роденденски подарок бидејќи овој триумф доаѓа два дена пред да наполни 48 години (вторник, 5 декември) и три децении откако влезе во историјата во ноември 1993 година, кога на само 17 години и 358 дена стана најмлад шампион на Велики. Британија кога во Престон го победи легендарниот шкотски играч Стивен Хендри со 10-6.
Рони ја обезбеди главната награда од 250.000 фунти (околу 290.000 евра) победувајќи го 36-годишниот кинески играч.
За седумкратниот светски шампион (2001, 2004, 2008, 2012, 2013, 2020, 2022 година) тоа беше 22-та титула од трите престижни турнири (Мастерс, првенство на Обединетото Кралство и Светско првенство) и 40-та титула во кариерата.
Спорт
(Видео) Жоао Феликс им пресуди на „своите“ – Барселона го победи Атлетико

Foto/ EPA
Барселона го победи Атлетико Медрид со 1:0 во дербито на голот во Примера. На „јорганџиите“ им пресуди нивниот играч Жоао Феликс во 28.минута. Португалецот сезонава како позајмен играч на Атлетико игра за Барселона. Покрај Феликс, херој на Каталонците е и младиот голман Ињаки Пења, во 93.минута имаше спектакуларна одбрана по слободниот удар на Депај, а во 93.минута во ситуација еден на еден го одбрани ударот на Кореа.
Барселона по 14 рунди е трета на табелата со 34 бода, четири помалку од Реал и Џирона, Атлетико со натпревар помалку има 31 бод. Барселона ги доби последните три натпревари против Атлетико, сите со резултат 1:0.
Интересен натпревар одиграа Барселона и Атлетико на „Монжуик“. Барса беше подобра во првиот дел, кога Феликс по лошата интервенција на Молина излезе сам пред Облак и рутински го совлада.
Вториот дел му припадна на Атлетико, чии фудбалери пропуштија неколку добри шанси да се вратат во натпреварот. Во овој период Барселона имаше шанса преку Рафиња (ја погоди стативата) и Левандовски чии лош чут заврши далеку крај голот.