Спорт
Погба за борбата со КОВИД-19: Не можев да трчам!

Ѕвездата на Манчестер јунајтед, Пол Погба признава дека му било потребно долго време за физички да се опорави од корона вирусот, велејќи деке не можел да трча во првиот меч од новата сезона.
Погба беше позитивен на КОВИД-19 на 27 август, повлекувајќи се од првите мечеви за Франција, поминувајќи 10 дена во карантин, пред да се врати на тренинзи со Јунајтед и да биде во првиот состав на мечот со Кристал палас на 19 септември. 27-годишниот Французин се мачеше со формата при 3:1 поразот, и потоа следуваше падот во формата и губењето на местото во првиот тим на Оле Гунар Солскјер.
Сепак, тој се врати во игра против Вест хем вчера, кога постигна одличен гол за израмнување и за почетокот на камбекот при 3:1 победата.
„Не знам како да ви објаснам, бидејќи нема да разберете. Дури и на тренинзи им кажував на тренерите дека се чувствувам чудно, дека не сум тоа јас. Се уморував веднаш и немав здив. Првиот меч од сезоната едноставно не можев да трчам. Ми беше потребно долго време да се вратам во добра физичка форма. Сега беше убаво да се одиграат 90 минути и да се најде ритамот“, вели Погба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Тебас: Големите клубови се себични ќе го уништат фудбалскиот екосистем

Првиот човекна шпанската Ла Лига, Хавиер Тебас, во интервју за агенцијата Ројтерс, рекол дека формирањето на Суепрлигата ќе го уништи фудбалскиот екосистем.
Изминатите месеци често се слуша дека најголемите европски клубови ќе се одвојат од УЕФА и ќе формираат Суперлига. Ваквата идеја ја поттикнала финансиската криза што ја предизвика пандемијата на коронавирусот. Според некои проценки клубовите ќе останат без 6 до 8,5 милијарди евра, кога работите ќе се нормализираат.
Тебас смета дека долгорочно, Суперлигата нема да им помогне на клубовите.
„Со или без пандемијата, оваа Суперлига, не само што ќе го уништи фудбалот во целост, односно ќе ги уништи националните првенства, туку ќе ги уништи и клубовите кои ја поддржуваат оваа идеја. Во краток рок ќе постигнат одреден успех, но долгорочно тоа ќе биде катастрофа. Клубовите не е се свесни дека радикални промени, каква што е ова, можат да имаат негативно влијание на среден и долг период“, рекол Тебас.
Во таа Суперлига од шпанските тимови треба да играат Барселона, Реал и Атлетико Мадрид. Барселона и Реал јавно и го поддржаа овој проект.
„Најдобро за фудбалот е да биде задржан овој екосистем. Имаме одличен систем во националните првенства и Лигата на шампионите. Тоа се стабилни проекти. Мораме да продолжиме да работиме според овој модел. Не можеме да си дозволиме радикални промени во актуелниот систем. Мораме да им пружиме заштита и сигурност на сите“, рекол Тебас и порачал.
„Време е да им кажеме: „Доста е!“, на клубовите кои само сакаат повеќе пари за себе и кои се подготвени да ги уништат националните првенства, Лигата на шампионите и историјата на европскиот фудбал. Мораме да ѝ кажеме „Не“ на себичноста“.
Спорт
Хрвоје Хорват е новиот селектор на Хрватска

Хрвоје Хорват е новиот селектор на ракометната репрезентација на Хрватска. Хорват на функцијата доаѓа на местото на лино Червар, кој поднесе оставка по дебаклот на Хрватите на Светското првенство во Египет.
Хорват, на последните три големи натпреварувања, му бил помошник на Червар. Тој е тренер на ракометниот клуб Нексе.
Токму Червар предложил 43-годишниот Хорват да биде неговиот наследник. Предлогот на Червар, веднаш бил прифатен од Управниот одбор на Ракометниот сојуз на Хрватска.
Довербата да ја предводи репрезентацијата Хорват ја добил пред Ивано Балиќ и Славко Голужа.
Хорват ќе дебитира на квалификацискиот турнир за пласман на Олимписките игри во Токио, кој од 12. до 14.март ќе се одржи во Монпеље. Покрај Хрватска, на турнирот ќе учествуваат Франција, Португалија и Тунис.
Спорт
Младите немаа среќа на ждрепката за ЕУРО 2023

Младата македонска репрезентација ги дозна имињата на противниците, со кои ќе се соочи во квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство во 2023 година, кое ќе се одржи во Романија и Грузија.
Македонија во Х-групата ќе игра против Франција, Србија, Украина, Фарските острови и Ерменија.
Пласман на ЕП во 2023 ќе изборат победниците на деветти групи и најдобрата второпласирана селекција, додека останатите второпласирани ќе играат бараж. Како домаќини место на шампионатото веќе обезбедија Романија и Грузија.
Фото/ffm.mk
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Свет3 месеци
Нова студија – кај болните од Ковид-19 пред температура се јавуваат други два симптома