Спорт
Погребан Диего Армандо Марадона

Легендарниот аргентински фудбалер, Диего Армандо Марадона, кој почина во средата е погребан во Буенос Аирес. Илјадници навивачи низ улиците на аргентинската престолнина се простоја со својот идол. Претходно ковчегот со телото на Марадона беше изложен во претседателската палата. Проценките се дека околу 1.000.000 луѓе му го кажале последното збогум на „Ел Пибе“.
Човекот кој ја однесе Аргентина до титулата на Мундијалот во 1986 година е погребан на гробиштата „Бела Виста“, крај своите родители. Марадона е погребан на приватна церемонија, на која присуствувале само членовите на семејството и блиски пријатели.
На погребот биле неговите ќерки Далма и Џанина, од првиот брак на Марадона со Клаудија Вилјафан, како и ќерката Јана која „Ел Пибе“ ја призна како свое дете пред неколку години.
На погребот била и Вероника Охеда, исто така поранешна сопруга на Марадона, со синот Диегито Фернандо.
Во вечното почивалиште Марадона го испратиле и и соиграчите од Светското првенство во Мексико, во 1986 година.
Поради смртта на Марадона, претседателот Алберто Фернандез, прогласи три дневна жалост во земјата.
👋🏻🇦🇷 El cuerpo de Maradona ya descansa en el cementerio argentino de Bella Vista: antes, miles de argentinos quisieron darle la última despedidahttps://t.co/2kavxfv5it pic.twitter.com/vMp5yp0Hn9
— Deportes Cuatro (@DeportesCuatro) November 27, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Шоу на Ен Несири против Кадиз

Фудбалерите на Севилја го совладаа Кадиз со 3:0 и со натпревар повеќе ја минаа Барселона на третото место во Ла Лига. Дуелот на ривалите од Андалузија мина во знакот на Мароканецот Јусуф Ен Несири.
Ен Несири постигна хет-трик, головите ги постигна во 32., 37. и 62.минута. Мароканецот постигна уште еден гол, во 65.минута, кој му беше поништен поради офсајд.
Ен Несири игра во голема форма, ова е негов втор хет-трик на последните четири натпревари, на кои вкупно постигна седум гола.
Спорт
Лесни победи за Шпанија и Катар

Ракометните репрезентации на Шпанија и Катар забележаа победи во првите денешни натпревари, на 27:Светско првенство во ракомет.
Шпанците, во Групата 1, очекувано убедливо го победија Уругвај со 38:23. Актуелните европски шампиони имаа предност од 12 голови на полувреме, во вториот дел не форсираа, ги чуваа силите за решавачкиот натпревар со Унгарија за пласман во четврт-финалето. Арињо со девет гола ја предводеше Шпанија до победата.
Катар со пресврт во вториот дел, во Групата 2, го победи Бахреин 28:23. Катар ја запиша првата победа во втората фаза и ги задржа теоретските шенси за пласман во четврт-финалето.
Најзаслужни за победата беа капоте со девет и Франкис со осум гола.
Спорт
Мајнц го победи фаворитот Лајпциг, Ајнтрахт ја декласира Арминија

Мајнц приредија вистинско узненадување во Бундес лигата со победата над Лајпциг во 18.коло. Во оваа рунда, Волфсбург во дербито победи во Леверкузен, а Ајнтрахт Франкфурт „пукнаа петарда“ во мрежата на Арминија.
Мајнц со втората победа во сезоната, најавија дека жестокот ќе се борат за опстанок во Бундес лигата. Претпоследниот тим на табелата со 3:2 го победи второпласираниот Лајпциг.
Лајпциг два пати имаа предност во првото полувреме, со головите на Адамс и Халстенберг, која со своите голови ја поништуваше Нијакате. Голема победа за Мајнц обезбеди Бариеро со голот во 50.минута.
Ајнтрахт во Билефелд ја декласира Арминија со 5:1. Натпреварот го обележа српскиот репрезентативец Костиќ со гол од 25 метри и асистенција. Точка на натпреварот стави позајмениот играч од Реал Мадрид, Јовиќ.
Баер Леверкузен го забележа третиот пораз на последните пет натпревари. „Фармацевтите“, загубија од директниот конкурент за висок пласман, Волфсбург. Голот на Баку во 35.минута го реши победникот. Двата тима сега имаат по 32 бода и се наоѓаат на делба на третата позиција во лигата.
Натпреварите Аугсбург-Унион Берлин и Фрајбург-Штутгарт завршија со победи 2:1 на домашните тимови.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот