Спорт
Покетино: Далеку сме од целите што ги поставивме

Маурицио Покетино, тренерот на Челзи изјави дека резултатите на клубot оваа сезона се далеку од очекувањата и додаде дека неговиот тим мора да победува доколку сака да ги оствари своите цели.
Во моментов Челзи е на 11-тото место на табелата во Премиер лигата со 22 бода од 18 натпревари.
„Знаевме дека ќе биде тешко оваа година, но не мислев дека ќе биде толку тешко. Кога ќе ги земете сите околности, повреди и суспензии, сè ја влошува ситуацијата. Имавме премногу значајни играчи надвор од тимот и многу околности кои одеа против нас од почетокот на сезоната, а кои не беа во наши раце“, изјави Покетино.
Аргентинецот истакна дека Челзи го очекуваат големи предизвици во преостанатиот дел од сезоната.
„Далеку сме од целите. Да бидам искрен, наша цел беше самиот врв. Ние сме Челзи, нашата историја од нас бара да бидеме блиску до врвот. Сега треба да бидеме реални. Целта е да победиме на што е можно повеќе натпревари“, изјави Покетино.
Челзи во среда го пречекува Кристал Палас во 19. коло од Премиер лигата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Македонија ја победи Полска

Фото/ EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI
Македонската кошаракраска репрезентација со победа над Полска 88:74 (26:19, 19:20, 22:26, 21:19) ги заврши неуспешните квалификации за пласман на Европското првенство. Македонија квалификициите ги заврши на третото место во групата со две победи (двете над Полска) и четири порази. Од групата пласман на ЕП изборија Литванија, Естонија и Полска како коорганизаторо на првенството.
За крај на Македонија одигра добар натпревар, го контролирапе од самиот почеток, а играчите самодоверба добија со добриот шут за три поени во првата четвртина. На полувреме Македонија имаше предност од шест поени, на крајот од третиот период 12.
Полјаците успеаја да се доблиѓат во последната четвртина на три поени разлика со серија од девет поени (66:63), Македонија го одби нивниот налет и набрагу ја врати двоцифрената разлика.
Ти Џеј Шортс со 23 поени ја предводеше Македнија. Маслонко уфрли 22 со пет скока, Зекири 16 со седум скока и четири асистенции, а Димитирјевиќ запиша 11 поени, пет скока и седум асистенции.
Спорт
Пелистер го декласира Алкалоид и ја презеде челната позиција на табелата

Фото/ facebook.com/hceurofarmpelister
Еурофарм Пелистер го декласира Алкалоид со 33:20 (16:11) и доколку не се случи нешто непредвидено во последните три кола од регуларниот дел на сезоната, во плејофот ќе влезе од првата позиција пред Вардар и вечерашниот ривал.
Пелистер на Алкалоид му покажа кој е актуелен шампион. Наметна ритам кој играчите на Алкалоид не можеа да го следат.
Фуризоно отвори Пелистер со 5:1, набргу стекна предност и од пет гола, а Алкалоид малку се доближи кога со серија од три гола намали на 12:9. Но Плеистер одговори со иста мерка, а на полувреме домшните водеа со 16:11.
Во вториот дел, впечатокот е дека домашните уште повеќе го засилија темпото, направија серија 6:1 со која прв пат стекнаа двоцифрена предност (24:14). До крајот разликата ја зголемија за уште три гола.
Кузмановски со 11 и Радивојевиќ осум гола ги предводеа домашните, на чии гол повторно блескаше Митревски со 12 одбрани (осум во второто полвреме). Најефикасен играч на Алкалоид беше Серафимов со осум гола.
На табелата Пелистер, Вардар и Алкалоид имаат по 34 бода. На мини табелата меѓу овие три тима Пелистер има гол разлика +5, Вардар 0, а Алкалоид -5.
Ова значи дека доколку во последните три кола вовие три екипи ги забележат планираните победи, во плејофот Пелистер ќе влезе со три, а Вардар и Алкалоид со по два бода.
Спорт
„Лука не ги избра Лејкерси“: Веќе се зборува за нов трејд на Дончиќ

Лука Дончиќ само што пристигна во Лос Анџелес, но шпекулациите за негово заминување веќе се шират во американските спортски кругови.
Во трејдот со Далас Маверикс, Лејкерси го презедоа и договорот што Дончиќ го потпиша пред сезоната 2022/23, кој важи до крајот на сезоната 2026/27. Според договорот Дончиќ има право да еднострано да излезе од него една година порано, односно во лето 2026 година.
Според правилата на НБА, Лејкерси имаат рок до 2. август оваа година да и понудат на својата нова ѕвезда продолжување на соработката за периодот по 2027 година, што според многу најави ќе го направи франшизата од Лос Анџелес.
Меѓутоа, доколку Дончиќ одбие, тој би навестил дека за година и пол ќе замине како слободен играч. Ова би го ставило во непријатна ситуација генералниот директор на Лејкерс, Роб Пелинка, бидејќи ако чека ќе загуби еден од најдобрите играчи во лигата, а за возврат нема да добие ништо.
Аналитичарот на ESPN Брајан Виндхорст воопшто не ја исклучува таквата можност, а во новата епизода на „First Take“ вели:
„Има голем притисок врз организацијата на Лејкерс да го убеди Лука да потпише продолжување на договорот од сега до 2. август. Оттаму доаѓа најголемиот притисок бидејќи се чини дека нема мотивација да потпише за ЛА. Никогаш не рекол: „Сакам да бидам играч на Лејкерс“. Трејдот му дојде како гром од ведро небо“, рече Виндхорст, посочувајќи дека Дончиќ е апсолутно во Тексас и дека трејдот не е резултат на неговото незадоволство од ситуацијата во Маверикс или неговите соништа да игра за Лејкерси.
Виндхорст вели дека не е важно како ќе заврши сезоната на Лејкерси и каков ќе биде конечниот резултат за избраниците на тренерот Џеј Џеј Редик, бидејќи непријатниот крај може да му понуди на Дончиќ дополнителни мотиви да не го продолжи договорот и да го стави Палинка во „ќорсокак“ од кој размена би била единствениот излез.
Во ова сценарио се упатени генералните менаџери на другите 29 тима, а неколку од нив наводно веќе тивко лобираат: Минесота Тимбервулфс, Милвоки Бакс и Хјустон Рокетс.