Спорт
Покрај Барселона, и Манчестер сити испратил понуда за Олмо
Лајпциг е подготвен да го продаде Дани Олмо за сума која би била 60 или повеќе милиони евра. Сумата од 60 милиони евра одговара на клаузула која до неодамна можеше да се активира, но германскиот клуб реши да ја задржи таа цена одредено време. Иако има интерес за Олм, се уште нема понудувач кој би го убедил Лајпциг да го продаде одличниот играч за врска. Досега клубот одбил две понуди за Олмо, од Барселона и Манчестер сити.
Шпанските медиуми пишуваат дека спортскиот директор на Барселона Деко одржал состанок со менаџерите на Дани Олмо, Енди Бара и Хуанмо Лопез и дека клубот испратил официјална понуда до Лајпциг.
За својот поранешен јуниор, Барселона му понуди на Лајпциг фиксни 40 милиони евра и уште можни 20 преку бонуси, во зависност од перформансите на Олмо и успехот на клубот.
Поточно, Барселона понуди 40 милиони евра, кои би се плаќале на рати од 10 милиони евра годишно почнувајќи од 2025 година. Десет милиони бонуси би стигнале до Лајпциг доколку Барселона освои две Ла Лига до 2029 година и уште десет ако ја освои Лигата на шампионите двапати во истиот период.
Во Лајпциг одлучија дека тоа не е понуда што можат да ја прифатат бидејќи ја сакаат целата сума во кеш, односно сакаат најмалку 60 милиони евра.
Се дознава дека и Манчестер сити испратиле официјална понуда за откуп на договорот на Олмо. Шпанските медиуми не ја прецизираат сумата и деталите за понудата, но истакнуваат дека Олмо попрво би сакал да се врати во Каталонија отколку да замине во Англија.
Олмо е под договор со германскиот клуб до крајот на јуни 2027 година. За Лајпциг постигна 29 и забележа 34 асистенции на 148 натпревари. На 33 настапи за репрезентацијата постигна осум гола и запиша седум асистенции. На ЕП, каде Шпанија ја освои титулата, тој постигна три гола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Чешка го слави 19-годишниот Методеј Јилек
Со спектакуларно лизгање, Методеј Јилек и го донесе вториот златен медал за Чешка на Зимските олимписки игри во Милано.
Во трката на 10.000 метри во брзо лизгање, тој ја запре штоперицата на 12:33,42 и го постигна најубедливиот триумф во досегашниот тек од натпреварите во оваа дисциплина.
За чешкиот тинејџер, кој има само 19 години, ова е втор медал во Милано. Тој веќе го освои среброто на 5.000 метри.
Во сенка на сензационалниот Чех остана Полјакот Владимир Семируниј, кој стигна до среброто со заостанување од 5,65 секунди, додека бронзата му припадна на ветеранот, 40-годишниот Холанѓанец, Јорит Бергсм.
Foto/ EPA
Спорт
Игор Тудор ќе го води Тотенхем
Хрватскиот тренер Игор Тудор се согласи да ја преземе клупата на Тотенхем како привремено решение до крајот на сезоната. Тудор доаѓа откако Томас Франк беше отпуштен претходно оваа недела по лошата серија резултати што го остави клубот на 16-то место во Премиер лигата, само пет бода над зоната за испаѓање.
Извори велат дека одборот на Спарс сакал да назначи привремен менаџер пред играчите да се вратат на тренинзите во понеделник.
Последниот ангажман на Тудор беше во Јувентус, каде што помина седум месеци. Тој го презеде тимот во март минатата година како привремен тренер и забележа само еден пораз во девет натпревари до крајот на сезоната, обезбедувајќи му мест на клубот во Лигата на шампионите. Тој успех му донесе долгорочен договор.
Откако беше елиминиран во осминафиналето на Светското клупско првенство од Реал Мадрид, Јувентус ја отвори сезоната во Серија А со три победи, но следеше серија од осум натпревари без победа во сите натпреварувања. Тој беше отпуштен во октомври 2025 година по поразот од Лацио, оставајќи го клубот на осмото место на табелата.
Сепак, ситуацијата за следната сезона сè уште не е целосно дефинирана. Италијанскиот новинар Фабрцио Романо наведува дека Роберто Де Зерби и Маурисио Покетино се главните кандидати за трајно решение на клупата на Тотенхем по завршувањето на актуелната сезона.
Тудор го презема тимот во деликатен момент, со задача да го стабилизира тимот и да го извлече максимумот од сезоната, додека раководството ќе донесе конечна одлука за долгорочниот проект на лето.
Foto/ depositphotos
Спорт
Брентфорд го продолжи договорот со Игор Тијаго
Бразилскиот фудбалер Игор Тиаго го продолжи договорот со Брентфорд, објави англискиот клуб.
Со новиот договор, Тиаго би можел да остане во редовите на Премиер лигата до летото 2031 година, со можност за продолжување на соработката за уште една сезона.
Веста за продолжувањето доаѓа откако Премиер лигата го прогласи за најдобар играч во јануари. Тиаго постигна пет гола на пет натпревари во јануари, со што ја освои наградата за најдобар играч на месецот во Премиер лигата по втор пат оваа сезона.
Во тој период, Брентфорд забележа две победи, едно реми и два порази, и моментално е на седмото место на табелата во Премиер лигата со 40 бода.
Тиаго (24) пристигна во Брентфорд во 2024 година од Клуб Бриж, а пред тоа играше за Лудогорец и Крузеиро.
Бразилскиот фудбалер одигра 26 натпревари за англискиот клуб во сите натпреварувања оваа сезона и постигна 18 голови.
Foto/ depositphotos

