Спорт
Полјаците официјално му врачија отказ на Фернандо Сантош

Полска и официјално го смени својот селектор, Португалецот Фернандо Сантош, врачувајќи му отказ по само шест меча, со што тренерот губи две работи за помалку од една година, откако во декември беше отпуштен од селекторската позиција во Португалија по фијаското на СП во Катар и елиминацијата од Мароко.
68-годишниот Сантош, кој ја предводеше Португалија до европската титула во 2016 и до триумф во Лигата на нации во 2019 година, ја презеде Полска во јануари, но имаше катастрофални резултати со нив, и Полјаците се на четвртото место во својата квалификациска група за Еуро 2024 зад Албанија, Чешка и Молдавија по три порази во пет меча.
[KOMUNIKAT]
Polski Związek Piłki Nożnej informuje, że z dniem 13 września 2023 roku trener Fernando Santos przestał pełnić obowiązki selekcjonera reprezentacji Polski.
Szczegóły… ⤵️— PZPN (@pzpn_pl) September 13, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
На повидок пресвртница во фудбалот, Диара го лансира новиот Босман

Организацијата „Правда за играчите“ ја тужи ФИФА, тврдејќи дека правилата за трансфери ги кршат работничките права на играчите и нивната слобода на движење.
Во Холандија е поднесена тужба која би можела да ги промени правилата на играта. Организацијата „Правда за играчите“ ја тужи ФИФА, тврдејќи дека правилата за трансфер ги кршат работничките права на играчите и слободата на движење. Ова е борба што ги надминува границите на спортот, за правото на фудбалерите сами да управуваат со своите кариери.
Преседан веќе беше поставен во 2024 година, кога Европскиот суд на правдата застана на страната на Ласана Диара. Тој еднострано го раскина договорот во 2014 година, а ФИФА го казни и побара обештетување според член 17 од своите правилници.
Овој член предвидува дека играчот кој го раскинува договорот без согласност на својот клуб мора да плати обештетување и ризикува суспензија. Сепак, судот утврди дека правилата ги кршат законите на ЕУ за слобода на движење на работниците и правилата за фер конкуренција.
Токму ставот на овој суд ја отвори вратата за „новиот Босман“. Исто како што познатата пресуда од 1990-тите им даде право на играчите слободно да се движат во други клубови по истекот на нивните договори, овој нов процес го доведува во прашање целиот систем на обештетување и санкции што клубовите и ФИФА им ги наметнуваат на играчите.
Доколку судот потврди дека правилата на ФИФА се спротивни на европското право, играчите би добиле многу поголема слобода на преговори и движење, додека клубовите би изгубиле важен извор на контролата и приходите.
Европа веќе зборува за „нов Босман“, а исходот од овој случај би можел засекогаш да го промени балансот на моќта во фудбалот.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Најбрзиот играч во Серија А се пресели во Премиер лигата

Поранешниот играч на Верона, Џексон Чачуа, е нов играч на Вулверхемптон Вондерерс, објави денес англискиот клуб.
Чачуа (23) потпиша петгодишен договор со Вулверхемптон, со можност за продолжување за уште една година, а англискиот клуб не ја прецизираше вредноста на трансферот.
Сепак, добро познатиот инсајдер Фабрицио Романо објави дека станува збор за сума од 12,5 милиони евра.
Камерунскиот десен бек пристигна во Верона во август 2023 година од Шарлроа, а оттогаш одигра вкупно 64 натпревари за италијанскиот клуб.
Во соопштението од Вулверхемптон се наведува дека Чачуа бил најбрзиот играч во Серија А минатата сезона, откако забележал брзина од 36,3 километри на час.
Новиот играч на Вулверхемптон дебитираше за репрезентацијата на Камерун во јуни минатата година, а оттогаш има вкупно 10 настапи за својата земја.
Foto/ EPA
Спорт
Преговорите меѓу Реал и Винисиус се во ќорсокак

Запреа преговорите во Мадрид околу новиот договор на Винисиус Жунир. Според „ЕСПН Бразил“, преговорите меѓу Реал Мадрид и Винисиус Жуниор се во ќорсокак.
Менаџерите на фудбалерот, како што тврди овој извор, веруваат дека финансиските услови што ги нуди клубот не ги исполнуваат очекувањата.
Тековниот договор на Винисиус важи до јуни 2027 година, а неговата годишна плата со бонуси е околу 17 милиони евра.
Менаџерите на бразилскиот крилен напаѓач очекуваа зголемување на 20 милиони, со можност неговата плата, со бунусите да се зголеми на 30 милиони, но понудата на Реал Мадрид не го вклучува тоа.
Запстапниците на Бразилецот веруваат дека предложеното зголемување не е доволно за продолжување на договорот за уште три сезони. Нивната моментална стратегија е да почекаат до крајот на сезоната 2025/26 и да ја проценат улогата што Винисиус ќе ја игра во плановите на тренерот Чаби Алонсо.
Foto/ EPA/Lavandeira