Спорт
Полска преку Италија до европската титула

Одбојкарската репрезентација на Полска ја освои титулата на 33. Европско првенство. Полјаците во Рим, со максимален резултат ја поразија домашната селекција на Италија. Полска патот до титулата го започна од Скопје, каде што се натпреваруваше во Ц-групата против Македонија, Холандија, Данска, Чешка и Црна Гора.
Полска ја освои првата титула европски првак по 2009 година. Со ова ја зокружија извонредната сезона во која триумфирааи во Лигата на нации. Полјаците, во Рим им се реваншираа на Италијанците за поразот во финалето на минатиот шампионат.
До титулата ги предводеше спрскиот тренер Никола Грбиќ, кој како играч со СР Југославија беше европски првак.
Полска неочекувано лесно ја победи Италија со 3:0 (25:20, 25:21, 25:23).
Полјаците лесно ги решија првите два сета, Италија отпор пружи само во третиот сет. Во текот на целиот меч Италијанците имаа проблем со сервисот на противникот. На крајот Полјаците завршија со 11 ас сервиси.
Натурализираниот Полјак, Вилфредо Леон блескаше во тимот на Полска. Тој освои 13 поени, еден повеќе од изворедниот Роберт Хубнер. Италија ја предводеше Даниеле Лавија со 13 поени.
Фото/ CEV
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Спектакл на 400 слободно, златото за Мертенс

Лукас Мертенс го освои првиот златен медал на Светското првенство во пливање во Сингапур.
Тој славеше во спектакуларното финале на 400 метри слободно и со тоа на олимписката круна го додаде и најсјаниот медал на планетарното првенство.
Тој стигна до целта за 3:42,35 и за само две стотинки од секундата во одличен финиш го победи Австралиецот Семјуел Шорт, светскиот шампион од Фукуока во 2023 година.
Третото место со 25 стотинки минус го освои Вомин Ким кој не успеа да го одбрани златниот медал освоен во Доха минатата година.
Оваа година, Мертенс успеа по 16 години да го собори светскиот рекорд на Пол Бидерман на 400 метри слободно. Тој ја запре стоперката на 3:39,96.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Лилард по отпуштањето од Милвоки: Не беше фер

Кошаркарот на Портланд, Демијен Лилард, зборуваше за отказот што го доби во Милвоки и враќањето во Блејзерс.
Дејм Лилард отсекогаш мислеше дека ќе се пензионира со Портланд Треил Блејзерс и ќе заврши во „Куќата на славните“ како играч на овој тим, но неговата кариера пред две сезони тргна во друга насока.
Тој го напушти Орегон за да се бори за шампионски прстен, а со Милвоки Бакс не успеа. Откако ја скина Ахиловата тетива во април на почетокот од плејофот, беше отпуштен, а Бакс го откупија неговиот договор, со што стана слободен агент.
Според извештаите, Јанис Адетокумбо бил многу незадоволен од одлуката на тимот, но одлуката веќе била донесена и сега Лилард проговори за она што се случуваше.
„Мора да имаш малку среќа за да бидеш шампион во НБА. Мора да бидеш здрав и да играш најдобра кошарка во најдобро време, мислам дека воопшто имавме среќа“, рече Лилард во интервју со Џим Овчарски за „Милвоки џурнал сентинел“.
Тие говореше и за еден од најдобрите играчи во лигата, Јанис Адетокумбо.
„Јанис и јас имавме најмногу постигнати поени во целата лига како тандем на НБА тимови. Го освоивме НБА Купот. Многу луѓе сакаа да ме видат во најдобра форма, а јас играм со човек кој постигнува над 30 поени по натпревар и често ја држи топката во свои раце, што го правев во текот на целата моја кариера. Тој е агресивен и често напаѓа, а сепак успеав да постигнам просек од 25 поени и 7 асистенции за две години. Не беше фер, изгледав поинаку и повторно мислам дека бевме многу продуктивни“, рече Дам.
Фото/ Принскрин
Спорт
Детали го делат Лукман од трансфер во Интер

Адемола Лукман донесе одлука да ја напушти Аталанта.
Тој имаше неколку понуди, но пред два дена им изјави на италијанските медиуми дека единствена опција за трансфер е Интер. .
Члениците на Интер испратија официјална понуда од 55 милиони евра, плус бонуси. Италијанските медиуми тврдат дека одличниот напаѓач е на еден чекор од потпишување на договор.
Foto/ EPA