Спорт
Полудневен празник во Боцвана поради златниот медал на Тебого
Претседателот на Боцвана, Мокгвици Масиси, прогласи полудневен празник во чест на спринтерот Летсиле Тебого, кој на оваа земја и го донесе првиот златен олимписки медал на Олимписките игри во Париз. .
Според владиното соопштение, претседателот на аеродромот ќе ја пречека репрезентацијата која на Олимпијадата која освои четири медали.
Боцвана го освои својот прв олимписки медал во 2012 година, Нил Амос заврши како втор на 800 метри во Лондон. Машката штафета 4×400 метри освои бронза на Игрите во Токио 2020 година.
На 21-годишна возраст, Тебого стана првиот Африканец кој победил на 200 метри на Олимпијадата, делницата ја истрча за 19,46 секунди.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Стартува ЛШ, италијанско-англиски пресметки ќе го обележат првото коло
Првото коло од новата фудбалска сезона во Лигата на шампионите во новиот формат ќе се игра во следните три дена.
Во Лигата на шампионите во новиот формат ќе учествуваат 36 клубови, а ќе се одиграат осум кола. Во секое коло ќе се играат по 18 натпревари.
Групната фаза на ЛШ ќе трае од 17. септември оваа година до 29 јануари 2025 година. Осумте првопласирани екипи ќе обезбедат директен пласман во осминафиналето на ЛШ, додека клубовите од 9 до 24 место ќе играат плеј-оф за пласман во осминафиналето.
Клубовите кои ќе завршат од 25. до 36. ќе ја завршат сезоната.
Титулата во Лигата на шампионите ја брани Реал, кој минатата сезона во финалето ја победи Борусија Дортмунд со 2:0. Реал има најмногу трофеи во Лигата на шампионите, вкупно 15.
На втората позиција е Милан со седум, следуваат Баерн и Ливерпул со по шест трофеи, додека Барселона пет пати била европски првак.
Реал одбраната на титулата ќе ја започне во вторник против Штутгарт. Првото коло ќе го обележат италијанско-англиските пресметки.
Во вторник, Милан ќе го пречека Ливерпул, во среда во репризата на финалето од сезоната 2022/2023 Интер ќе гостува кај Манчестер сити, а во четврток актуелниот победник во Лига Европа, Аталанта ќе го пречека Арсенал.
Македонскиот фудбал, во новиот формат на ЛШ има четворица свои репрезенти. Адеми и Ристовски во вторник со Динамо ќе гостуваат кај Баерн во Минхен, ден подоцна дебитанто Џирона со Бојан Миовски ќе му се спротивстави на ПСЖ во Париз, а во четврток Елиф Елмас и Лајпциг ќе гостуваат на „Сивитас Метрополитано“ кај Атлетико.
Лига на шампиони, 1. коло:
вторник, 17.септмври:
18:45 Јувентус – ПСВ Ајндховен
18:45 Јанг Бојс – Астон Вила
21:00 Баерн – Динамо Загреб
21:00 Милан – Ливерпул
21:00 Реал – Штутгарт
21:00 Спортинг Лисабон – Лил
среда, 18.септември:
18:45 Болоња – Шахтјор
18:45 Спарта Прага – Салцбург
21:00 Клуб Бриж – Борусија Дортмунд
21:00 Селтик – Слован Братислава
21:00 Манчестер сити – Интер
21:00 Пари Сен Жермен – Џирона
четврток, 19.септември:
18:45 Црвена звезда – Бенфика
18:45 Феенорд – Баер Леверкузен
18:45 Аталанта – Арсенал
21:00 Атлетико Мадрид – Лајпциг
21:00 Монако – Барселона
21:00 Брест – Штурм
Спорт
Барселона без Олмо до крајот на октомври
Дани Олмо, поради повреда на го заврши натпреварот против Џирона. Барселона на „Моноливи“ победи со 4:1, Олмо го постигна третиот гол за Каталонците. Шпанскиот репрезентативец, пред стартот на сеоната се пресели од Лајпциг во Барселона за 55 милиони евра. На првите три натпревари во новиот клуб постигна три гола.
Олмо, вчера, против Џирона одигра 61.минута. Поради повреда го напушти теренот. Првично во Барселона немаше загриженост, бидејќи се прогнозираше пауза од седум о 10 дена.
Ден по натпреварот Барселона објави дека повредата не е наивна и дека Олмо ќе остустува пет недели.
Олмо сигурно ќе ги пропушти дуелите со Виљареал, Монако, Хетафе, Осасуна, Јанг Бојс и Алавес, а ќе се врати по октомвриската репрезентативна пауза, по 20 октомври кога Барса ќе го пречека Баерн (23 октомври), а четири дена подцна ќе гостува кај Реал во Мадрид.
Спорт
ПСЖ без Донарума против Џирона
Францускиот шампион ПСЖ објави дека голманот Џиџи Донарума нема да настапи во првото колло, во Лигата на шампионите.
ПСЖ новата сезона во Лигата на шампионите ќе ја отвори во среда, против дебитантот Џирона.
Капитенот на италијанската репрезентација, Донарума се повреди во саботата против Брест (4:1).
25-годишниот Донарума го повредил бутниот мускул, клубот објави дека ќе паузира во наредните десет дена.
Голот на ПСЖ против Џирона ќе го брани врсникот на Донарума, Матвеј Сафонов. Рускиот голман во летниуот преоден рок пристигна во Париз.