Спорт
Поминаа 20 години од најбизарниот (и најсомнителен) автогол во историјата
Пред точно 20 години мечот од Бундеслигата помеѓу Енерги Котбус и Борусија Менхенгладбах ни го донесе еден од најславните, најбизарни и за некои најсомнителни автоголови во историјата на фудбалот. Главен актер, голманот од Босна и Херцеговина, Томислав Пиплица.
Котбус во 85. минута од мечот имше 3:2 предност пред Марсел Витечек да упати чуден удар кон голот на Пиплица, кој остана скаменет на гол-линијата по што топката го удри во главата и заврши во голот за конечни 3:3.
Секако, веднаш постоеја шпекулации дека се работи за намерно пуштен гол иако поранешниот репрезентативец на БиХ постојано го демантира тоа.
„Бев сигурен дека оди над гредата. Но, удри некој ветер и ја спушти топката кон голот. Таа падна на мојата глава и влезе во голот. И јас бев изненаден“, објаснуваше Пиплица години подоцна.
Пиплица беше дел од славната младинска репрезентација на Југославија, која во 1987 стана светски шампион (популарните „чилеанци“), а потоа 11 години бранеше во Котбус пред да се пензионира во 2015 година. Сега тој работи како тренер на германскиот нисколигаш Бајројт.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Медиумите го преселија Влаховиќ во Ливерпул
Од наредната сезона Дуашн Влаховиќ нема да биде играч на Јувентус, тоа е сигурно, се поставува прашањето дали Србинот ќе остане во Торино по заимскиот преоден рок. Влаховиќ е повреден, нема да игра до месец март наредната година, но Јувентус сепак ќе се обиде да го продаде.
Неколку англиски медиуми тврдат дека Влаховиќ би можел да заврши во Ливерпул. „Црвените“ се во потрага по напаѓач откако Александер Исак доживеа тешка пшовреда.
Нејасно е само како би им помогнал Влаховиќ, кога не може да игра уште три месеци.
Според овие извори, во Ливерпул сериозно ја разгледувале оваа опција и биле подготвени да понудат 20 милиони евра за напаѓачот.
Оваа сума би ја прифатиле во Јувентус, бидејќи зимскиот преоден рок е последна шанса да заработат од трансферот на Влаховиќ, во споритвно тој во јуни ќе замине без обешстетување.
Foto/ depositphotos
Спорт
Атлетико ќе му понуди нов договор на Чоло Симеоне
Намерата на челниците на Атлетико Мадрид е да ја продолжат соработката со нивниот долгогодишен тренер Диего Чоло Симеоне, објави шпанска „Марка“.
Според овој извор, официјалните преговори со темпераментниот аргентински стручњак сè уште не се започнати, но Атлетико е убеден дека Симеоне е најдоброто решение за клубот.
Поради неговата филозофија, посветеност и способност да создава конкурентен тим секоја сезона.
Актуелниот договор на популарниот Чоло со Атлетико истекува во јуни 2027 година, а тој е на клупата од декември 2011 година.
Со Атлетико, Симеоне освои две титули во шпанското првенство, две титули во Лига Европа, а двапати го загуби финалето на Лигата на шампионите од градскиот ривал Реал, двапати на повеќе од несреќен начин.
Да ве потсетиме дека Чоло е убедливо најплатениот тренер во светот со плата од 3,3 милиони евра месечно.
Foto/ depositphotos
Спорт
Мареска отпишал шестмина, си одат од Челзи во јануари
Фудбалскиот клуб Челзи има намера да се откаже од најмалку шест играчи во зимскиот преоден рок.
Енцо Мареска во летниот преоден рок подвлече дека има премногу играчи во тимот, но тогаш не успеа да го скрати спиското. Сега клупските челници ќе се обдат да го намалат ростерот.
Мареска јасно стави до знаење дека вишок се: Тосин Адарабијо, Факундо Буонаноте, Аксел Дисаси, Рахим Стерлинг, Беноа Бадијашиле и голманот Филип Јоргенсен.
Од почетокот на оваа сезона, само Адарабијо понекогаш добиваше шанса, но беше доста лош и Мареска го отстрани од тимот по натпреварот во Лидс и практично го стави на трансфер листата.
Засега не е познато каде би можеле да одат споменатите играчи, но се знае дека Стерлинг има понуди од Лидс и Кристал Палас, дека Дисаси и се нуди на Рома, за останатите, останува да се види каде ќе ги продолжат кариерите.
Fptp/ depositphotos

