Спорт
Поп за Вембањама: Сите мои најдобри вина се постари од него
Во својата прва НБА сезона, Французинот Виктор Вембањама докажува дека големиот интерес што го предизвика неговиот трансфер во Сан Антонио е оправдан. Вемби беше први пик на драфтот, а во својата прва сезона покажува дека е генерациски талент.
Во 60. натпревари што ги одигра досега оваа сезона, тој има просек од 20,8 поени (46% од поле, 32% за три, 80% пенали), 10,4 скока, 3,5 асистенции, 3,5 блокади.
Изминатата ноќ, Вемби одигра историски меч, во победата над Бруклин забележа 33 поени 15 скока, 7 асистенции, 7 блокади и 4 загубени топки.
Сигурно е дека најголемите заслуги за неговата брза адатација во НБА има Грег Попович, тренерска легенда во НБА.
„Вембањама е мултиталентиран млад чове“. Ќе ни покаже работи кои никогаш не сме ги виделе. Денешниот натпревар беше еден од нив. Тој е се подобар во контакт играта, се навикна дека противничката одбрана посебно внимава на него. Тој е во тешка позиција и одлично се справува со тоа“, изјави „Поп“ по уште една фантастична партија на младиот Французин.
Дали тренерот Попович е возбуден што ќе продолжи да работи во НБА во следните пет години?
„Се возбудувам само кога ќе видам дека имам постаро шише француско „Бордо“ и се грижам дека не е премногу старо, а потоа сфаќам дека всушност е совршено. И сите мои најдобри вина се постари од Виктор. Тоа е вистината“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
За да не ја активира клаузулата, Левандовски морал да престане да постигнува голови
Полскиот напаѓач Роберт Левандовски е еден од најдобрите голгетери на сите времиња, но на крајот од сезоната 2022/2023 во Барселона мораше да престане да постигнува голови, за неговиот клуб да не мора да му плаќа надомест на Баерн. Ова го откри авторот Себастијан Сташевски во биографијата што ја напиша во соработка со Левандовски.
„Бев свесен за ситуацијата во клубот. Во тој момент Барса гребеше за секое евро. Финансиски тоа не ме погоди, немав никакви проблеми со тоа. Но, постојано се прашував дали треба да постигнам гол или не.“
На почетокот на гореспоменатата сезона, Левандовски се пресели од Баерн во Барселона за 45 милиони евра. Тој имаше клаузула во договорот според која Барселона мора да му плати на Баерн дополнителни 2,5 милиони евра, доколку постигне повеќе од 25 гола во сезоната..
Бидејќи Барселона беше (и сè уште е) во финансиски проблеми, челниците на клубот му наредиле на Полјакот, да престане да постигнува голови, кога ќе дојде до бројката 23.
Медиумите потоа пишуваа за ненадеен пад на формата, но всушност тоа беше наредба од врвот. Дури и денес, на 37 години, Левандовски е одличен во Барселона кога не е повреден. Тој има девет настапи и седум гола во првенството оваа сезона.
Foto/ depositphotos
Спорт
(Видео) Клиперси славеа во Портланд – Девет тројки на Лопез и 34 поени на Харден
Кошаркарите на ЛА Клиперс ја продолжија победничката серија, славеа во Портланд со 119:103. Клиперс сега се 13-ти на табелата во Западната конференција.
Дуелот во Портланд од почетокот до крајот беше еднонасочна улива, Клиперси доминираа и заслужено победија.
Најзаслужен за победата беше Џејмс Харден со 34 поени и шест асистенции. Брук Лопес додаде 31 (постигна девет тројки), а Кавај Ленард 28 и осум скока и шест асистенции. Ленард 18 поени постигна во последната четвртина.
Дени Авдија им пружи најголем отпор на ривалите. Израелецот ја игранајдобрата кошарката во кариерата забележа 19 поени и и подвет скока и асистенции.
Резултати:
Атланта – Мајами 111:126
/Јанг 30 – Пауел 25/
Индијана – Бостон 122:140
/Нембхард 18 – Браун 30/
Орландо – Шарлот 105:120
/Блек 24 – Пејн 22/
Вашингтон – Торонто 138:117
/Џорџ 23 – Инграм 29/
Чикаго – Филаделфија 109:102
/Џонс, Колинс 15 – Ембид 31/
Мемфис – Милвоки 125:104
/Џексон Џуниор 24 – Грин 20/
Њу Орлеанс – Феникс 108:115
/Вилијамсон 20 – Букер 30/
Јута – Детроит 131:129
/Џорџ 31 – Канингем 29/
Спорт
„Да беше Салах Англичанец, секој ден ќе му креваа статуи“
Египет успеа да ја победи Јужна Африка и да се пласира во осминафиналето на Африканскиот куп на нации. Мохамед Салах го постигна единствениот гол на натпреварот од пенал.
Веројатно најдобриот играч на Ливерпул во оваа деценија, а потенцијално и понатаму, се мачи оваа сезона на клупско ниво, како и остатокот од тимот, но се чини дека токму Салах добива најмногу критики. Многумина веќе го отпишаа, велејќи дека е поранешен играч и дека е време за билет во еден правец кон Саудиска Арабија.
Емануел Адебајор, кој ги гледа натпреварите на Африканскиот куп, го коментираше Салах и му одговори на Џејми Карагер, поранешен играч на Ливерпул и еден од најголемите критичари на Салах оваа година.
„Мо Салах е фудбалер кој игра на врвно ниво речиси една деценија. Тој е еден од најдоследните во светот на фудбалот. Да се сугерира дека е поранешен фудбалер и дека станал проблем за Ливерпул е погрешно. Дава се од себе сезона по сезона“, рече Адебајор и додаде:
„Салах не е само икона на африканскиот фудбал, тој е глобална икона. Кога имате играч како него, мора да го славите, а не да го критикувате. Карагер беше одличен дефанзивец и многу добро знае колку е комплицирано да се игра против играч како Салах. Давањето такви коментари во студиото покажува дека заборавил како е долу на теренот.“
„Доколку Салах беше Англичанец, неговите статуи ќе се појавуваа секој ден. Но, бидејќи е Африканец, полесно е луѓето да го критикуваат, а тоа е штета“, рече Адебајор.
Foto/ depositphotos

