Спорт
Поранешен италијански голман се врати дома по борбите против Русите во Мариупол
Поранешниот италијански голман, Иван Лука Вавасори се вратил во својата татковина, откако неколку недели војувал против Русите заедно со украинската војска во Мариупол, објавија италијанските медиуми.
Претходно, постоеја стравувања дека тој загинал при борбите во челичната „Азовстал“, но неговио татко открил дека тој е во болница со повеќе повреди, додека обвинителот во Милано започнал истрага околу неговите активности во Украина.
„Време е да се враатам дома. Се борев доволно време, но сега е време да се вратам на животот. Оставив многу работи, сега морам да се борам за нормалност“, напишал Вавасори на Фејсбук.
Вавасори е поранешен голман на Про Патрија во Серија Ц и син на поранешниот сопственик на славниот италијански клуб.
"Sono stanco, per me basta così. E' ora di tornare a casa, non ho più la testa per andare avanti”. Sono le parole, scritte in spagnolo, che si leggono nel profilo Instagram, un social network, di Ivan Luca Vavassori, l'ex calciatore 29enne, giàhttps://t.co/xhsqO1tgmm pic.twitter.com/fBUBLTCYa6
— il Corriere Alba Bra (@CorriereAlbaBra) May 2, 2022
Ivan Vavassori, torna a casa l’ex calciatore che combatteva al fianco degli ucraini #vavassori #calciatore #propatria #foreignfither #mariupol pic.twitter.com/Pm2lLE4Edd
— il-portavoce.it (@il_Portavoce_) May 2, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Покетино: ВАР го нарушува имиџот на англискиот фудбал
Менаџерот на Челзи, Маурисио Покетино, изјави дека употребата на ВАР технологијата го нарушува имиџот на англискиот фудбал. Аргентинецот ова го изјави по натпреварот во Бирмингем, каде на Челси против Астон Вила му беше поништен гол за победа во 95.минута.
Челзи, на „Вила Парк“, губеше со 2:0, се врати во мечот со головите на Мадуеке и Галагер, а во петтата минута од судиското надополнување, по употребата на ВАР технологијата, голот на Аксел Дисаси беше поништен поради прекршок на почетокот на акцијата.
„Ова е болно и го нарушува имиџот на англискиот фудбал. Мислам дека ниту играчите на Астон Вила, ниту нивните навивачи не разбираа зошто голот е поништен. Судиите рекоа дека е прекршок, а ако на секој таков дуел гледаме како фаул, тогаш ние не би го завршиле натпреварот со 11 играчи. Можеме да зборуваме за играта или за одлуката, таа му штети за на фудбалот“, рече Покетино.
Спорт
(Видео) Два гола и две асистенции, Меси го реши Њу Ингланд
Фудбалерите на Интер Мајами ја продолжија победничката серија во МЛС лигата, а Меси ја продолжи голгетерската серија.
Избраниците на Херардо Тата Мартино славеа над Њу Ингланд со резултат 4:1 на гостински терен, во рамките на 11. коло и ја задржаа лидерската позиција во Источната конференција.
Ова беше шести триумф за Интер сезонава, за него најзаслужен беше Лионел Меси, двоен стрелец и асистент на стадионот „Жилет“ во Фоксборо, Масачусетс.
Аргентинецот на тој начин се проби на првото место на листата на стрелци со девет гола, а воедно е и прв асистент во лигата со осум асистенции.
Гол за гостите постигна и Луис Суарез, а меѓу стрелците се запиша и Американецот Бенјамин Кремаски.
In case you guys missed…here's highlights of Lionel Messi vs New England Revolution | 2 goals and an assist🐐pic.twitter.com/hu4l8fhgvq
— SK10 𓃵🇵🇸 (@SK10_Football) April 28, 2024
Спорт
Порто го смени претседателот по 42 години
Хорхе Нуно Пинто повеќе не е претседател на Порто, а на негово место е избран поранешниот тренер на овој клуб Андре Вилаш Боаш.
Новиот претседател доби дури 80 отсто од гласовите, со што заврши најдолгата претседателска ера во светот на фудбалот.
-„Порто повторно е слободен“, изјави Вилаш Боаш откако беше избран.
Хорхе Нуно Пинто, беше претседател на трофејниот клуб од 1982 година. Кога го презеде, Порто беше далеку зад ривалите од Лисабон (Бенфика и Спортинг) по бројот на национални титули (седум), а 42 години подоцна имаат 30, дури 11 повеќе од Спортинг, а Бенфика е напред со 38.
Покрај тоа, Порто во неговата ера освои дури пет европски трофеи и два Интерконтинентални купа.
Еден од тие пет трофеи како тренер го освои Вилаш Боаш, Лига Европа во 2011. Таа сезона, единствената во која беше тренер на Порто, ја заокружи со сите три домашни трофеи. Потоа ги водеше Челзи, Тотенхем, Зенит, Шангај СИПГ и Олимпик од Марсеј.