Спорт
Поранешна боксерска шампионка уапсена за брутално убиство на својот сопруг

Поранешната шампионка во бокс, Бразилката Вивијан Обенауф е уапсена за бруталното убиство на нејзиниот сопруг во швајцарскиот град Интерлакен на 19 октомври.
61-годишниот сопруг, кој не е именуван, со кого Обенауф била во брак од јануари, беше пронајден мртов со нивниот стан, и по тринеделната истрага, швајцарската полиција ја уапси Обенауф, со шпекулации дека таа го претепала сопругот до смрт со палка.
34-годишната Обенауф победи во 14 од своите 20 професионални мечеви, а во 2018 година ја совлада Наташа Џонс за да биде ВБА шампионка во перо категорија, а претходно го претставуваше Бразил во гимнастика.
Според швајцарскиот весник „Блик“, Обенауф веќе била уапсена во октомври 2016 во Лондон откако во еден ноќен клуб при прославата на својот 30. роденден претепала еден гостин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ако Шкендија го мине Карабаг во плеј-офот за ЛШ ќе игра против Лудогорец или Ференцварош

Македонскиот шампион Шкендија знае против кого ќе игра во плеј-офот за пласман во Лигата на шампионите, доколку во третото коло го елиминира Карабаг.
Лудогорец или Ференцварош ќе и биде противник на Шкендија, под услов клубот од тетово да го мина Карабаг.
Плеј-офот ќе се игра на 19/20, односно 26/27 август.
Плеј-оф двојки за пласман во Лигата нашампиони:
Лудогорец/Ференцварош – Шкендија/Карабах
Лех Познањ/Црвена Звезда – Динамо Киев/Пафос
Бодо/Глимт – Штурм Грац
Селтик – Каират/Слован Братислава
Базел – Малме/Копенхаген
Фото/ Принтскрин
Спорт
Кан: Бундеслигата е здодевна

Еден од најдобрите германски голмани на сите времиња, Оливер Кан (56), изјави дека Бундеслигата станала предвидлива и здодевна, истакнувајќи дека Баерн бил национален шампион 12 пати во последните 13 сезони, објавија германските медиуми. Кан беше претседател на одборот на Баерн од 2021 до 2023 година.
„За време на мојата фудбалска кариера, Бундеслигата беше понеизвесна, имаше повеќе тимови кои се натпреваруваа за титулата. Како може клуб со буџет од 40 милиони евра да се натпреварува против тим со годишен буџет од 300 милиони евра. Пет резервни играчи на Баерн вредат повеќе од тимовите од долната третина од Бундеслигата. Имаме ситуација каде што Баерн бил национален шампион 12 пати во последните 13 сезони. Лигата стана предвидлива и здодевна, а на долг рок тоа не е добро“, рече Кан.
Тој играше за баварскиот клуб 14 години, а се пензионираше во 2008 година. Имаше 86 настапи за германската репрезентација и беше најзаслужен за тоа што „Елф“ стигнаа до финалето на Светското првенство во 2002 година (во финалето беа поразени со 0-2 од Бразил).
Кан истакнува дека Бундеслигата сè уште ужива голема популарност во Германија, но проблемот го гледа во фактот дека не е доволно привлечна на меѓународно ниво.
„Мораме да ја гледаме Бундеслигата од два агли. Дома, таа е солидна институција, привлечна е за нашите навивачи, а натпреварите имаат голема посетеност. Сепак, секогаш кога разговарам со некого во странство, луѓето таму не гледаат никаква значајна разлика помеѓу Бундеслигата, италијанската Серија А или француската Лига 1“, рече тој и додаде:
„Но, затоа тие ќе знаат сè за англиската Премиер лига или шпанската Ла Лига, добро ги познаваат сите клубови и најголемите ѕвезди во тие лиги. Затоа, ми е сосема разбирливо што еден од нашите најдобри фудбалери, Флоријан Вирц, замина во Ливерпул, во најатрактивната лига во светот.“
Фото/ Принскрин
Спорт
Повредата на Меси не е сериозна

Фудбалскиот клуб Интер Мајами на својата официјална веб-страница објави дека повредата на Лионел Меси, која Аргентинецот ја заработи на натпреварот против мексиканската Некакса, не е од сериозна природа.
Сепак, сè уште не е познато кога ќе се врати на теренот и дека неговото закрепнување, како и влегувањето во тренинг, ќе бидат под посебен надзор.
Пред две ноќи, Меси го напушти теренот по само 10 минути.
Почувствува болка во мускулот на десната нога и само седна на тревата, но подоцна беше утврдено дека не е ништо сериозно и дека паузата ќе биде многу пократка од очекуваното.
Но, кога ќе се врати останува прашање. Тој сигурно нема да биде таму во среда на дуелот против УНАС Пумас.
Фото/ Принтскрин