Спорт
Портланд и Денвер закажаа пресметка во плеј-офот

Портланд го победата над Денвер со 132:116 ја задржаа шестата позиција во Западната конференција, изборија место во плеј-офот и во исто време ги испратија ЛА Лејкерси во плеј-ин.
Дуелот во Орегон го обележа дуелот на центрите Јусуф Буркиќ и Никола Јокиќ. Нуркиќ за Портланд забележа 20 поени и 13 скокови, додека Јокиќ за само 17 минути на паркетот постигна 21 поен.
Лејкерси во плеј-ин за седмото место ќе се борат со Голден стејт Вориорс, додека за осмата позиција ќе играат Мемфис и Сан Антонио.
Регуларниот дел од сезоната на првата позиција го заврши Јута Џез.
Резултати:
Атланта-Хјустон 124.95
Бруклин-Кливленд 123:109
Филалделфија-Орландо 128:117
Детроит-Мајами 107:120
Чикаго-Милвоки 118:112
Минесота-Далас 136:121
Њу Орлеанс-ЛА Лејкерс 98:110
Оклахома-ЛА Клиперс 117:112
Сакраменто-Јута 99:121
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Кралски договор за Кристијано Роналдо

Кристијано Роналдо потпиша нов договор со Ал Наср до 2027 година, според кој ќе заработи неверојатни 577,68 милиони евра!
Англискиот „Сан“ открива дека на поранешниот ас на Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Јувентус му биле понудени и низа бенефиции за да стане „амбасадор од соништата“ за богатите Саудијци, што би требало да ги зголеми неговите приходи на повеќе од половина милијарда евра во следните две години.
Покрај годишната плата од 209 милиони евра, Роналдо добива и бонус за потпишување од 28 милиони евра, кој ќе се зголеми на 44 милиони евра ако ја активира втората година од договорот.
На Португалецот ќе му бидат доделени 15 проценти сопственички удел во клубот, во вредност од 39 милиони евра.
Со бонуси од 4,7 милиони евра за освојување на „Златната копачка“ и 9,39 милиони евра ако Ал Наср ја освои титулата,
Роналдо може да заработи повеќе од половина милијарда евра пред истекот на неговиот нов договор.
Роналдо и неговото семејство ќе бидат кралски згрижени и надвор од теренот.
Ќе има 16 луѓе кои работат со полно работно време – тројца возачи, четири домаќинки, двајца готвачи, тројца градинари и четири обезбедувачи.
Сето ова го плати Ал Наср, по цена од околу 1,17 милиони евра.
Исто така, има 4,7 милиони евра за користење на приватен авион, како и ветување за договори за спонзорство со саудиски компании кои би можеле да достигнат 70,45 милиони евра. Иако неодамна наполни 40 години, Роналдо засега не размислува за пензионирање.
Неговата лична цел е да достигне 1.000 професионални голови, моментално има 938.
Постигна 99 гола на 111 натпревари за Ал Наср (35 минатата сезона), а вкупно веќе го држи рекордот за најмногу голови во историјата.
Иако значително ја подигна популарноста на Саудиската професионална лига, Роналдо сè уште не освоил трофеј со Ал Наср, што сигурно ќе биде една од неговите главни цели во наредниот период.
Спорт
Познати се сите парови од осминафиналето на Светското првенство

Со расплетот во Групата Х во ноќта помеѓу четврток и петок, заврши групната фаза на Светското клупско првенство на ФИФА.
Веќе во сабота, нè очекуваат првите натпревари од осминафиналето. Од 18:00 часот, на програмата е бразилското дерби помеѓу Палмеирас и Ботафого, а од 22:00 часот ќе играат Бенфика и Челзи.
Истиот распоред ќе биде и вториот ден од викендот кога први ќе играат ПСЖ и Интер Мајами, потоа Фламенго и Баерн Минхен.
Останатите натпревари ќе се играат следната недела.
Двојки од осминафиналето на Светското клупско првенство:
Палмеирас – Ботафого
Бенфика – Челзи
Интер Милан – Флуминенсе
Манчестер Сити – Ал Хилал
Пари Сен Жермен – Интер Мајами
Фламенго – Баерн Минхен
Реал Мадрид – Јувентус
Борусија Дортмунд – Монтереј
Спорт
(Видео) Сити го прегази Јувентус

Фудбалерите на Манчестер сити го декласираа Јувентус во Орландо (5:2) и ја освоија првата позиција во Групата Г на Светското клупско првенство. .
Џереми Доку постигна гол за „граѓаните“ во деветтата минута, Пизедначи Теун Копмајнерс две минути подцна, а потоа следувше канонада кон голот на Јувентус.
Мрежата на „старата дама“ ја погодија Пјер Калулу (автогол) во 26-та минута, Ерлинг Халанд во 52-та, Фил Фоден во 69-та минута и Савињо во 75-та минута. Вториот гол за Јуве го постигна Душан Влаховиќ во 84-та минута.
Сити и Јувентус од оваа група се пласираа во осминафиналето.