Спорт
Портланд и Феникс подготвиле трејд, Нуркиќ за Ејтон
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/09/11061155.jpg)
По нешто повеќе од шест години, Јусуф Нуркиќ би можел да го промени НБА тимот. Портланд Трејл Блејзерс се подготвени да направат трејд за 29. годишниот центар од БиХ.
Јусуф Нуркиќ повторно е во трејд комбинациите на Портланд Трејл Блејзерс. Тимот од Орегон е подготвен да преговара со други франшизи. Феникс Санс покажуваат огромен интерес за Нуркиќ. Тимот од Аризона е подготвен да направи договор во кој на Трејл Блејзерс ќе им понуди една од ѕвездите на тимот на ДеАндре Ејтон.
Во трејдот би можел да биде вклучен и Демијан Лилард. Тој од поодамна сакаше да замине од Портланд во Мајами Хит и нема да биде изненадување доколку три екипи се вклучат во голем размена на кошаркари.
Договорот би можел да биде склучен во наредните денови, а во случај да оди во Санс, Нуркиќ не би имал премногу офанзивни задачи бидејќи тренерот Франк Вогел бара центар со одбранбени карактеристики.
Нуркиќ влегува во својата 10. сезона во НБА. Тој беше драфтуван во 2014 година како 16. пик од Чикаго Булс, но веднаш беше трејдуван во Денвер Нагетс.
За тимот од Колорадо настапуваше неполни три години. Потоа се пресели во Трејл Блејзерс.
Минатата сезона Нуркиќ имаше просек од 13,3 поени со 9,1 скока и речиси три асистенции на 52 одиграни натпревари во дресот на Портланд.
Foto/ EPA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Спорт
(Видео) Данска и Словенија одиграа без победник
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/12303902.jpg)
Словенија и Данска одиграа без победник 1:1 (0:1) во првиот меч од Ц групата на Европското првенство. Ова е прв нерешен резултат на првенството и воедно прв натпревар на кој беа постигнати помалку од три гола.
Натпреварот на стадионот во Штутгарт, според квалитетот, беше најслаб од почетокот на турнирот. Данска доминираше и играше подбро во првиот дел, а Словенците издоминираа во последните 25 минути од натпреварот.
Данците во 17.минута ја одиграа најубавата акција на мечот, Винд му асистираше на Ериксен на кого не му беше тешко да го совлада Облак. Ериксен постигна гол на ЕП точно 1.100 дена откако доживеа срцев удар на последниот континентален турнир.
Словенците во првиот дел се определија да го бранат својот гол, ретки беа нивните напади, а Шпорар имаше шанса да постигне гол.
Клучниот момент на натпреарот се случи во 66.минута кога Облак го одбрани ударот на Хојлунд и спречи водство на Данска 2:0.
Од тој момент Словенците тргнаа во офанзива. Се редеа шансите пред голот на Шмајхел. Два пати не успеа Шпорар, Шешко со страотен удар од 25 метри ја погоди стативата, а во 77.минута изедначи Јанжа со мала помош на Јумланд.
Спорт
(Видео) Срби и Англичани се тепаа во Гелзенкирхен
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/Untitled-2-7.jpg)
Навивачите на Србија и Англија физички се пресметаа низ улиците на Гелзенкирхен во пресрет на натпреварот на Европското првенство.
На видеата кои се шират по мрежите се гледа дека навивачите фрлаат предмети од кафулињата.
Германската полиција мораше итно да реагира и релативно брзо ја стави ситуацијата под контрола. Искршени се неколку излози и градини.
И додека еден дел од странските медиуми пишуваат дека се работи за пресметки меѓу англиски и српски навивачи, „Билд“ јавуваат дека биле вмешани и албански навивачи.
Искршени се неколку излози и градини.
Натпреварот ќе започне во 21 часот.
I have arrived to Gelsenkirchen ❤️ pic.twitter.com/6eOQVAw0Ay
— Diego | It’s coming home 🏴 (@DiegoNUFC) June 16, 2024
Liebe Grüße aus Gelsenkirchen#EURo2024 pic.twitter.com/3jQ012qmTQ
— slevin 🥷🏼 (@DieserOnkel) June 16, 2024
Just arrived in centre of Gelsenkirchen and a large group of hooded face-covered locals attacked a load of Serbian fans outside a bar!
Hundreds of England fans including kids eating and drinking yards away, totally uninvolved!
Lively start to the day! pic.twitter.com/7mn0DAzIPS
— Simon Clare (@SiClare) June 16, 2024
Спорт
(Видео) Џокерот Вегхорст за триумф на Холандија над Полска
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/12303397.jpg)
Холандија со победа го започна Европското првенство во Германија. „Лалињата“, со пресврт ја победија Полска во Хамбург со 2:1 (1:1).
Холанѓаните, многу тешко дојдоа до првата победа на ЕП, најмногу по своја вина, бидејќи не знаеја да ги реализираат своите шанси.
Буска ги шокираше Холанѓаните во 16.минута, а изедначи со многу среќа Гакпо во 29.минута. По ударот на Гакпо топката го закачи Саломон го смени правецот и заврши зад грбот на одличниот Шчесни.
Холанѓаните во првиот дек не реализираа три одлични шанси преку Гакпо, Депај и Рејнедрес.
Во второто полувреме јасна беше определбата на Полска да го ува нерешениот резултат. Холандија се обудуваше но немаа интензитет во играта каков што имаа во првото полувреме.
Џокерот на селекторот Куман го реши мечот во 83.минута. Напаѓачот на Хофенхајм нецели две минути претходно влезе на теренот.
До крајот Полска можеше до 2:2, но победата ја сочува голманот Вербруген кој брлијантно го одбрани ударот на Свидерски во 89.минута.