Спорт
Порто има нов тренер

Аргентинецот Мартин Анселми ја презеде функцијата тренер на португалскиот фудбалски гигант Порто. 39-годишниот, кој на клупата го замени Витор Бруно, потпиша договор со Порто до крајот на сезоната 2026/27.
Порто е на третото место во португалскиот шампионат со 41 бод, исто колку и второпласираната Бенфика, додека Спортинг води со 47 бодови.
На „змејовите“ им оди полошо во Лига Европа, на табелата се на 25. место од 36 екипи во пресрет на последното коло.
Витор Бруно мораше да се збогува пред една недела поради слабите резултати откако го презеде Порто од 1. јули минатата година.
Него сега ќе го наследи Анселми, кој претходно го водеше мексиканскиот Круз Азул.
Португалските медиуми пишуваат дека прв пат во историјата на португалското првенство, три најголеми клубови во земјата, во иста сезона им врачиле откази на тренерите. Претходно тренерите ги отпуштија Бенфика и Спортинг.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Карабаг ќе игра во главната фаза во Лигата на шампионите

Фудбалерите на Карабах втор пат в клупската историја се квалификуваа во главната фаза од Лигата на шампионите.
Клубот од Азербејџан загуби во реваншот од плејофот против Ференцварош со резултат 2:3, но победата од 3:1 во првиот натпревар беше доволна за пласман.
Почна добро за гостите од Унгарија. Во 12-та минута, Јозеф искористи додавање од искусниот Варга и постигна гол. Сепак, до крајот на првото полувреме, практично сè беше решено. Карабах израмни во 25-та минута преку Андраде, а непосредно пред крајот на полувремето, пресврт напави Зубир.
Ференцварош имаше речиси невозможна задача. Варга, сепак, ги разгоре надежите со гол во 55-та минута од пенал, а Тот најави комплетна офанзива со гол во 82-та минута.
Ференцварош ги фрли сите карти во нападот, но не можеше да постигне гол што ќе ги однесеше во продолжение.
Карабаг е вториот тим од самиот исток на Европа што ќе игра во лигашката фаза од Лигата на шампионите. Каират од Казахстан, исто така, направи голем подвиг еден ден претходно.
На патот до главната фаза, Карабаг во третото коло ја елиминира Шкендија.
Спорт
Ѓоковиќ со загубен сет до третата рунда на Ју-ес опен

Новак Ѓоковиќ е во третото коло на Отвореното првенство на САД. Најдобриот во историјата го победи квалификантот Закаријас Сваида (145-ти на АТП) листата со 6:7 (5:7), 6:3, 6:3, 6:1 по два и пол часа на стадионот „Артур Еш“.
Луден меч одигра Србинот, без многу енергија. Веројатно поради фактот што излезе на теренот невообичаено рано.
Новак беше далеку од врвно ниво. Сепак, успеа да го најде вистинскиот ритам откако го загуби првиот сет и на крајот славеше рутински.
„Да бидам искрен, не беше баш најдобро. Не играв најдобар тенис од самиот почеток. Зак играше висококвалитетен тенис во одредени фази од натпреварот. Честитки. Многу е важно и добро за него што остана на теренот и покрај проблемите. Сет и пол ме туркаше да играм најдобро што можам.
Ми се чини дека колку подалеку одам на Гренд слем турнирите, толку поудобно се чувствувам. Закрепнувањето по тешките натпревари е многу важно. Ова се некои работи што се рутински. Благодарност до сите што ме бодреа“, рече Ѓоковиќ
Негов следен противник ќе биде подобар од Камерон Нори (Велика Британија) – Франциско Комесања (Аргентина).
Foto/ EPA/SARAH YENESEL
Спорт
Турција ја загази Летонија

Турција, во дербито на денот на 42. Европско првенство во кошарка, ја декласира домашната селекција Летонија со 93:73 (24.21, 23:18, 25:16, 21:18).
Тирците буквално го затрупаа летонскиот кош, шутира фантастични 60 проценти за три поени, Турците погодија а 15 од 25 обиди од зад линијата 6,75.
Летонсците некако се држеа до третиот период, кога се разиграа Шејн Ларкин И Џеди Осман. На почетокот на последниот период резултатот беше 72:55, а во последниот пеирод Турците имаа предост и од 24 поени.
На крајот, најефикасни во Турција беа Осман со 20, Сипахи со 19, Шенгун со 16 и Ларкин со 15 поени. Летонците исто така имаа четворица со двоцифрен број на поени, но со многу послаб настап, Ломас постигна 16, Жагарс 11, а Порзингис и Шмитс постигнаа по десет поени.
Foto/ EPA