Спорт
Порто ја чека „старата дама“, „милионерите“ од Дортмунд на гости кај Севилја

Лигата на шампиони продолжува со нови два осмина-финални натпревари, двата ќе се одиграат на Пиринејскиот полуостров, шампионот на Италија, Јувентус ќе гостува во Порто, а акктуелните освојувачи на Лига Европа, Севилја ќе ги пречекаат „милионерите“ од Дортмунд.
Порто и Јувентус покрај големиот број на освоени трофеи ги врзува и променливата форма оваа сезона. Великаните не блескаат, а како стојат работите, сезонава нема да ги освојат титулите во своите првенства.
Португалците не се наивен тим и тоа треба да го имаат во предвид избраниците на Андреа Пирло. Цела деценија трофејот во најпрестижното клупско натпреварување е главана цел на „старата дама“, но ниту Кристијано Роналдо, засега, не успеа да ги приближи до него.
Порто со пласманот во осмина-финалето ја оствари целта, се понатаму за нив ќе биде голем плус.
Во шпанската покраина Андалузија, ќе играат тимови чија форма е дијаметрално спротивна. Севилја блеска во Ла Лига и Купот на Шпанија, во серија се од шест победи, а на пет од тие шест не примиле гол.
Борусија Дортмунд и покрај неспорниот талент и квалитет што го поседува, тоа на теренот не го покажува. „Милионерите“ се на шесттото место во Бундес лигата. Ниту смената на тренерот не успеа да го раздвижи тимот.
Двајцата тренери, Хулен Лопетеги и Един терзиќ, имаат кадровски проблеми пред овој меч. Во Севилја ќе ги нема Лукас Окампос, Хесус Навас, Маркос Акуња и Оскар Родригез, на спротивната страна ќе отсуствуваат голманот Роман Бурки, односно Тома Муние, Марсел Шмелцер, Дан-Аксел Загаду и Аксел Вицел.
Натпреварите на „Драгао“ во Порто, односно „Рамон Санчез Писхуан“ во Севилја ќе започнат во 21 часот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Федерер најави: Одбројувањето до Доха почна

Освојувачот на рекордни 20 гренд слем титули, Роџер Федерер, преку социјалните мрежи прати порака дека, конечно, е подготвен за враќање во акција најавувајќи дека одбројувањето до Доха почна.
Катар опен оваа сезона се одржува во втората недела од март наместо на почетокот на сезоната и тоа ќе биде одлична локација за Федерер да тргне на четвртата титула од турнирот во својот прв настап од Австралија опен минатата сезона по што беше на операција на коленото и ја направи надолгата пауза во својата кариера.
Федерер имаше операции во февруари и мај по што реши да го пропушти остатокот од сезоната. Тој почна со тренинзи во октомври пред да се пресели во Дубаи во својот зимски дом во декември со својот тренер Иван Љубичиќ. Сепак, тој не успеа да игра на Австралија опен пропуштајќи го гренд слемот во Мелбурн првпат од 1999 година.
The countdown to Doha begins
🦾😃👍#1weektogo pic.twitter.com/EDAgvqp2Md— Roger Federer (@rogerfederer) February 26, 2021
Спорт
ЕХФ додели поени за неодиграните мечеви, за Вардар три поени

Европската ракометна федерација (ЕХФ) се обиде да го среди хаосот во врска со неодиграните мечеви во Лигата на шампионите правејќи сопствена одлука за тоа како би завршил секој меч и кој тим би ги добил поените.
Вардар доби еден поен од мечот што требаше да се игра на гости кај Пари Сен-Жермен и два поена од гостувањето кај Флензбург, а третиот неодигран меч, тој на домашен терен против ПСЖ, беше доделен на францускиот тим.
Во образложението на ЕХФ се вели дека носењето на одлуките било направена врз база на тоа која била причината за одложувањето на средбите.
Со оваа одлука на ЕХФ, Вардар сега има девет поени и останува уште мечот против Мешков Брест на 4 март во Скопје. Потоа сите тимови во натпреварите по групи ќе одат во осмина-финале.
The EHF has assessed and given its verdict on this season’s matches that could not be played in #ehfcl and #ehfel Men. Read more:https://t.co/Bzjdsing8L
— EHF Champions League (@ehfcl) February 26, 2021
Спорт
УФЦ: Џон Џонс се направи ѕвер од 120 килограми!

Легеднарниот поранешен УФЦ-шампион, Џон Џонс, се пофали со своите тренинзи пред камбекот во кафезот, првпат во кариерата во тешка категорија, и фановите беа воодушевени од брзината и моќта на 33-годишниот Американец, кој сега има над 120 килограми.
Популарниот „Боунс“ ќе дебитира во тешката категорија оваа година по доминацијата во средно-тешка категорија и видеото на кое тренира со тренерите Брендон Гибсон и Мајк Винкелџон е импресивно.
„Чувствувам дека добро се движам за дебело момче и кога ќе се вратам во форма, ќе бидам опасен“, напиша Џонс.
Последен меч на Џонс беше контроверзната победа над Доминик Рејес на УФЦ 247 во февруари 2020 по што се откажа од титулата и сега, најверојатно, ќе добие брз обид да ја освои и оваа титула откако шефот на УФЦ, Дејна Вајт, потврди дека тој е прв кандидат за меч со победникот на дуелот меѓу актуелниот шампион Стипе Миочиќ и Френсис Нгану.
I feel like I move pretty good for a fat boy, I believe I’ll be moving at my all-time best once I actually get in shape pic.twitter.com/qjEsXfShid
— BONY (@JonnyBones) February 26, 2021
View this post on Instagram
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер