Спорт
Португалците го „извлекоа“ Фонсека од Украина
Португалскиот тренер Пауло Фонсека и неговото семејство успеале да избегаат од Киев со помош на португалската амбасад, која помогнала тој да биде пренесен во Романија.
Поранешниот менаџер на Шахтјор Доњецк беше „заглавен“ во украинската престолниа со сопругата и синот, откако им беше одолжен летот за заминување. Фонсека, кој до јуни 2021 година беше тренер на Рома е оженет со Украинката Катерина Остроушко, со која има тригодишен син.
Според „Ла газета дело спорт“, Фонсека преку Молдавија заминал за Романија заедо со повеќе португалски жители, вклучувајќи ги Едгар Кардосо и Филипе Соуса, кои работат за Шахтјор Доњецк.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Арсенал лесно со ПСЖ, Борусија го понижи Селтик, Звезда го честеше Интер, Милан падна во Леверкузен
Лесни победи на фаворитите во вечерашните седум натпревари од второто коло во Лигата на шампионите. Во дерби натпреварите Арсенал го порази ПСЖ со 2:0, а Милан падна во Леверкузен 1:0. Вечерашните натпревари ја обележа победата на Борусија Дортмунд над Селтик (7:1) и хет-трикот на Карем Адејеми постигнат во првото полувреме.
Манчестер сити лесно се справи со Слован во Братислава, запиша победа од 4:0, со ист резултат Интер ја победи Црвена звезда. Спектакуларен гол постигна Чалханоглу од слободен удар, а во второто полувреме играчите на српскиот шампион ги честеа противниците со три гола.
Барселона славеше во дуелот со Јанг Бојс со 5:0.
Победник единствено немаше во Ајндховен каде ПСВ и Спортинг Лисабон одиграа 1:1.
Резултати:
Салцбург – Брест 0:4 (0:1)
Сима 24, 70; Камара 66, Переира 75
Штутгарт – Спарта Прага 1:1 (1:1)
Мило 7 — Каиринен 32
Арсенал – ПСЖ 2:0 (2:0)
Хаверц 20, Сака 35
Барселона – Јанг Бојс 5:0 (3:0)
Левандовски 8, 51; Рафиња 34, Мартинез 37, Камара 81г
Леверкузен – Милан 1:0 (0:0)
Бонифејсј 51
Дортмунд – Селтик 7:1 (5:1)
Џан 7п, Адејеми 11, 29, 42; Гираси 40p, 64; Нмека 79 — Маеда 9
Интер – Црвена Звезда 4:0 (1:0)
Чалханоглу 11, Арнаутовиќ 59, Мартинез 71, Тареми 81п
ПСВ – Спортинг 1:1 (1:0)
Шоутен 15 — Браганка 84
Слован – Манчестер сити 0:4 (0:2)
Гундоган 8, Фоден 15, Халанд 58, Мекати 74
Спорт
Реал ќе го отпушти Канаѓанецот Рејтан-Мејс?
Канадскиот кошаркар Ксавиер Рајтан-Мејс би можел да го напушти Реал Мадрид, бидејќи во клубот не се задоволни од него.
Почетокот на сезоната за тимот на Чус Матео не е добар. Реал загуби во финалето на шпанскиот Суперкуп од Уникаха (90:80), а потоа и на стартот од АЦБ лигата од дебитантот Лејмо Коруња (86:85). ).
Рајтан-Мејс не импресионира од неговото доаѓање, постигна само осум поени во три натпревари. На последниот меч нула, против Барселона шест и Уникаха само два со два скока.
Како што наведува „Мундо Депортиво“, податокот дека Рајтан-Мајес неодамна влегол во клинч со некои од играчите на клубот на тренинг покажува дека разделбата е блиску.
Доколку дојде до разделба, Реал ќе има отворено место за доведување ново засилување и тоа ослободува место за играч кој не е од Европа.
Спорт
ФА го поништи црвениот картон на Бруно Фернандеш
Манчестер јунајтед, во неделата, доживеа дебакл на домашен терен од Тотенхе (0:3). Јунајтед целото второ полувреме го одигра со играч помалку. Капитенот Бруно Фернандеш доби директен црвен картон.
Клубот веднаш се жалеше на оваа одлука, а информациите од Англија говорат дека Фудбалската асоцијација (ФА) ја првифатлиа жалбата.
Капитенот на Јунајтед првично требаше да ги пропушти натпреварите против Астон Вила, Брентфорд и Вест Хем, но Ерик Тен Хаг сепак ќе го има на располагање еден од најдобрите играчи во тимот.
Ваквата одлука само донесе повеќе критики на сметката на англиските судии кои постојано се на удар за лоши одлуки и критериуми кои не се исти за сите тимови.