Спорт
Португалецот Аморим е подготвен да го наследи Клоп во Ливерпул
Тренерот на Спортинг, Рубен Аморим веќе даде позитивен одговор за наследник на Јирген Клоп!
Португалските медиуми денеска пренесуваат дека Аморим веќе им кажал на своите најблиски луѓе и соработници дека е подготвен да го преземе Ливерпул и да ја прифати понудата од „Енфилд“.
Сепак, најпрво сака да остане фокусиран на двојната круна во Португалија, со која сака да се прости од Лисабон.
Спортинг е лидер во првенството со бод повеќе од Бенфика, а воедно има и натпревар помалку. Исто така, Спортинг и Бенфика се борат за трофејот во Купот на Португалија, во првиот полуфинален меч Спортинг победи со 2:1, а во вторник е закажан реваншот.
Аморим нема големо тренерско искуство надвор од Португалија, но во татковината навистина бележи импресивни резултати. Прво ја водеше Брага, а потоа во март 2020 година го презеде Спортинг, со кој досега успеал на дури 203 натпревари.
Откако Чаби Алонсо реши да остане во Леверкузен, дали Аморим е најдоброто решение за Ливерпул?
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Реал и со играч помалку пресилен за Пачука

Во второто коло од Светското клупско првенство на ФИФА во Шарлот, Реал Мадрид ја победи Пачука, во Групата Х.
Екипата на Чаби Алонсо, остана со играч помалку во седмата минута, но и покрј тоа победи со 3:1
Реал Мадрид е блиску до пласман во нокаут фазата, а дали ќе бидат први или втори на табелата пред мечот од последното коло, зависи од исходот на дуелот помеѓу Салцбург и Ал Хилал, кој е закажан за полноќ. Австрискиот тим има три, а саудискиот тим еден бод.
Не започна добро за Реал, во седмата минута, Асенсио беше последниот одбранбен играч кој го собори Саломон Рондон, а бразилскиот судија Рамон Абати го испрати Шпанецот во соблекувалната без многу размислување.
Иако со десет играчи на теренот, Реал поведе во 35-та минута со убав гол на Џуд Белингам. Реал ја дуплираше предноста во финишот на полувремето по прекрасна акција која со гол ја заврши на Арда Гулер.
Во 70-тата минута, Феде Валверде ја потврди победата, а конечниот резултат го постави Елиас Монтиел десет минути подоцна.
Спорт
Џака се сели на „Сан Сиро“

Фудбалскиот клуб Милан е блиску да го реализира трансферот на Гранит Џака. За трансферот Милан ќе издвои 10 милиони евра.
Џака, пристигнува на „Сан Сиро“ по две успешни години во тимот на Баер Леверкузен, каде што забележа одлични резултати.
Швајцарскиот репрезентативец се согласи на тригодишен договор вреден 4.000.000 евра нето по сезона.
Џака, Џака е четвртиот играч што го напушта тимот на Баер Леверкузен по Флоријан Вирц, Џереми Фримпонг и Џонатан Та.
Исто така Леверкузен го напушти и тренерот Чаби Алонсо отиде во Реал Мадрид.
Спорт
Бублик го освои Хале, Акараз победи во Квинс

Карлос Алкарас ја освои титулата во Квинс, а Александар Бублик во Хале. Алкараз во финалето го победи Киржи Лехечка, а Бублик славеше во дуелот со Данил Медведев.
Алкараз го победи Лихечка со 7:5, 6:7, 6:2, втор пат во кариерата го освои турнирот од серијата 500 во Квинс.
Алкараз ја освои 21. титула во кариерата, четврта на тревната подлога. На овој вид подлога Алкараз во кариерата има скор 29 победи и три порази.
Александар Бублик, втор пат во последните три сезони го освои турнирот во Хале. Казахстанецот славеше со 2:0 (6:3, 7:6).
Бублик со солзи го прослави освојувањето на петтиот трофеј во кариерата.
"I was close to calling it quits after Wimbledon"
This win means everything for Bublik 💛#TWO25 pic.twitter.com/9KXjawL8Xi
— Tennis TV (@TennisTV) June 22, 2025