Спорт
Португалската полиција откри 80 киднапирани играчи
Голем скандал го тресе португалскиот фудбал. Во полициска рација во тренинг центар во околината на Фамаликао на северот од земјата, од заробеништво беа ослободени 80 фудбалери за кои се претпоставува дека станале жртви на трговија со луѓе. Станува збор за играчи од Јужна Америка, Африка и Азија на возраст од 13 до 23 години.
Португалските медиуми пишуваат дека станува збор за деца и момчиња кои биле намамени во тренинг центарот во градот Риба д’Аве, со кој раководела менаџерската агенција „Бспортс фудбалска академија (Bsports football academy)“.
Им било ветено дека ќе добијат шанса да се борат за договори во најдобрите португалски клубови, а нивните родители на агенцијата и плаќале од 600 до 1.300 евра месечно за трошоци за сместување.
Животот во „тренинг центарот“, како што пренесуваат медиумите наликувал на мешавина од затвор и интернат. На младите им биле одземени пасошите и не им било дозволено самостојно да се движат. Повеќето од нив ќе се вратат во матичните земји откако ќе го дадат своето сведочење на суд.
Министерот за спорт во португалската влада, Жоао Пауло Кореја најави натамошна борба против нелегално регрутирање играчи и трговија со луѓе преку професионалниот фудбал.
За вмешаност во овој случај е осомничен и Марио Коста, претседател на генералното собрание на португалската лига, најелитното натпреварување во земјата. Неговата куќа веќе била претресена од полицијата, а тој се откажал од функцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

