Спорт
Посебни мерки во Атина пред реваншот АЕК-Динамо Загреб

По сите немили случки и по првиот меч во Загреб, вечерва во Атина, АЕК го пречекува Динамо во реванш-мечот од третото коло во квалификациите за Лигата на шампиони во „вонредна“ ситуација поради случките од пред две недели.
На 7 август, иако им беше забрането да присуствуват на мечот, навивачите на Динамо, „Бед блу бојс“ пристигнаа во Атина, каде што направија хаос, а во тепачките беше прободен и животот го загуби Михалис Кацурис, навивач на домашниот тим. Грчките власти ги зголемија контролите на граничните премини за да спречат уфрлување на навивачи, а околу стадионот на АЕК има огромен број на полиција.
Од АЕК објавија дека тие кои немаат билети нема да бидат пуштени ниту околу стадионот, исто како навивачи кои со себе имаат ранци. АЕК има 2:1 предност од првиот меч на „Максимир“, а победникот од двомечот ќе игра со Антверпен за место во групната фаза на ЛШ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Дрејпер го декласира Руне, го освои Мастерсот во Индијан Велс

Британскиот тенисер Џек Дрејпер, го оствари најголемиот успех во кариерата, го освои Мастерсот во Индијан Велс.
Моментално 14. тенисер на АТП листата, во финалето го победи Холгер Руне, 13. на АТП листата со 6:2, 6:2.
Дрејпер беше благ фаворит во финалето, но никој не очекуваше дека работата ќе ја заврши за само 70 минути.
Британецот направи два брејка во двата сета, не дозволувајќи му на противникот ниту една шанса за брејк.
Покажа дека победата над Карлос Алкараз не била случајна, исто како и неговиот неодамнешен пласман во финалето на турнирот во Доха, каде загуби од Андреј Рубљев.
На патот до титулата, Дрејпер ги победи: Жоао Фонсека, Џенсон Бруксби, Тејлор Фриц, Бен Шелтон и Карлос Алкараз.
Ова е трета титула во кариерата за Дрејпер, по оние во Штутгарт и Виена минатата сезона.
Титулата на првиот Мастерс во сезоната ќе му донесе и висок пласман во кариерата, тој сега се наоѓа на седмо место на АТП. листата.
Следниот турнир ќе биде Мастерсот во Мајами кој е на програмата од 19 до 30 март.
Спорт
Конате би можел да си замине од Ливерпул

Ибрахима Конате би можел да го напушти „Енфилд“ на крајот од сезоната.
Францускиот дефанзивец е стандардна опција оваа сезона заедно со Вирџил Ван Дајк како централен бек, но Ливерпул би можел да направи целосен ремонт во одбраната. Челниците се во потрага и по лев бек, кој би го заменил Енди Робертсон.
„Црвените“ ќе слушаат понуди за силниот централен бек, а цената која би била соодветна се движи околу 50 милиони фунти. Со Ливерпул се поврзува дефанзивецот на Борусија Дортмунд, Нико Шлотенберг.
Енди Робертсон исто така би можел да го напушти клубот или пак да има помала улога, како резерва.
За оваа позиција желба на Ливерпул е левиот бек на Борнмут, Милош Керкез. Унгарскиот интернационалец оваа сезона игра брилијантно во Премиер лигата.
Ситуацијата околу Ван Дајк се уште е нејасна. Дали Ливерпул ќе му понуди нов договор на Холанѓанецот или не, останува прашање.
Ливерпул моментално е лидер на табелата во Премиер лигата и со голема верјатност ќе ја освои титулата.
Спорт
(Видео) Интер маршира кон титулата, ја победи Аталанта во Бергамо

Интер ја совлада Аталанта во Бергамо со 2:0 во 29. коло од Серија А и ја презеде лената позиција на табелата во Серија А.
Ова беше еден од најважните натпревари за двата тима во трката за титулата, вториот против третиот на табелата и уште една во низата победи на Интер против Ла Деа“.
Стрелци за гостите беа Карлос Аугусто во 54. минута и Лаутаро Мартинез во 87.
Ова беше осма последователна победа на Интер против Аталанта во сите натпреварувања.
Екипата на Џан Пјеро Гасперини очигледно не знае да игра против „неро-азурите“, а тоа беше случај и вечерва, а немоќта на домашните беше видлива по нервозните реакции кои доведоа до жестоки расправии и на крајот и до црвени картони.
Еден доби Џанпјеро Гаспреини поради бурни протести, а во 81. минута и Едерсон, кој поради протест доби жолт, по што следеше ироничен аплауз во лицето на судијата, поради што мораше да замине во соблекувалната.
Интер на врвот има 64 бодови, три повеќе од Наполи и шест од Аталанта.