Спорт
После Мино Рајола бил лош агент – во ист ден го нудеше Халанд на Барса и Реал!
Алф Инге Халанд, таткото на ѕвездата на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд, и неговиот агент Мино Рајола попладнево пристигнаа во седиштето на Реал Мадрид, неколку часа откако како „бомба“ одекна веста дека се сретнале со Барселона за преговори со новиот претседател Жоан Лапорта.
20-годишниот Халанд стана еден од најпосакуваните европски фудбалери, откако постигна 49 гола во исто толку меча за Дортмунд, и за него секако се заинтересирани и шпанските гиганти Барселона и Реал Мадрид.
Иако се веруваше дека Барса ја имаат предноста во преговорите, кога денеска наутро Алф Инге Халанд и Рајола пристигнаа во Барселона, но сега се тврди дека тие би сакале да ги видат сите понуди кои ќе бидат достапни пред да се направи одлука. Ова секако е генијална стратегија која ги поставува ривалските клубови еден против друг, но уште останува проценката на Борусија Дортмунд дека Норвежанецот вреди спектакуларни 180 милиони евра.
Според шпанскиот „АС“, Реал Мадрид се обидуваат да се „ослободат“ од фудбалери со вредност од 176 милиони евра да се финансира летниот преоден рок, вклучувајќи ги Герет Бејл, Мартин Одегард и Дани Себалјос.
Се верува дека покрај шпанските гиганти, главни во игра за потписот на Халанд се и Манчестер сити, Манчестер јунајтед и Челси.
??RAIOLA y el padre de HAALAND, CAZADOS en MADRID??
‼️El VÍDEO EXCLUSIVO de @elchiringuitotv
??La última hora a las 12 en MEGA. pic.twitter.com/uKNfoY4d1w
— El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) April 1, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Драконска казна во Холандија – клуб исфрлен од првата лига
На фудбалскиот клуб Витезе му беа одземени 18 бодови, по што и официјално испадна од првата холандска лига, соопшти Фудбалскиот сојуз на Холандија (КНВБ).
„Независниот комитет за лиценцирање на КНВБ му изрече санкција на Витезе од минус 18 бодови. Клубот од Арнем ја доби оваа казна затоа што повеќепати не ги исполнуваше барањата од прописите за лиценцирање играчи во подолг временски период“, се вели во соопштението на КНВБ.
Витезе сега има минус еден бод и автоматски го загуби прволигашкиот статус на четири кола пред крајот на првенството.
Најголемиот успех во историјата клубот од Арнем го постигна во сезоната 2016/17 кога го освои Купот на Холандија.
Последен пат Витезе играше во Европа во сезоната 2021/22, кога беа елиминирани од подоцнежниот освојувач Рома во осминафиналето на Конференциската лига.
Спорт
Бакс без Јанис во првото коло од плеј-офот
Милвоки Бакс се соочува со значителен проблем пред почетокот на плеј-оф серијата во која ривал ќе им биде Индијана Пејсерс. Бакс нема да може да смета на Јанис Адетокумбo.
Како што пренесе Шамс Чаранија, Адетокумбо ќе мора да паузира од две до четири недели поради повредата на потколеницата со која се здоби на натпреварот против Бостон Селтикс.
Овие првични проценки за повреди секако значат дека Адетокумбо сигурно ќе го пропушти првото коло од плеј-офот и натпреварите со Индијана.
Плеј-офот за Бакс започнува ноќта помеѓу недела и понеделник, а тие се домаќини во првиот натпревар.
Спорт
Ивановиќ ќе добие отказ во Басконија
Кошаркарите на Басковнија, вечерва (20.30 часот) го играат решавачкио натпревар во Евролигата. Доколку го победат Виртус ќе играат во плеј-оф против Реал Мадрид.
Прашање е дали пласманот во плеј-офот може да ја спаси сезоната, бидејќи Басконија „виси“, кога е во прашање плеј-офот во домашното првенство. Во шпанското првенство се на прагот на плеј-офот.
Шпанските медиуми пишуваат дека Душко Ивановиќ би можел да ја напушти Басконија. Црногорскиот тренер го одработува четвртиот мандат во клубот. Пристигна во текот на сезоната од Црвена звезда.
Замена за Ивановиќ би требало да биде актуелниот тренер на Гран Канарија, Јака Лаковиќ, кој има клаузула во договоорт дека може да замине во тим што настапува во Евролигата.
Локалниот медиуми, „Ла Провинсија“ наведува дека Лаковиќ е првиот избор на баскискиот тим за следната сезона. Овој извор пишува дека Басконија ќе треба да плати одредена сума за да го нагажира Лаковиќ.
Лаковиќ лани со Гран Канарија го освои Еврокупот, претходно тој беше тренер на Улм.