Спорт
Постигнат договор, Де Хеа ќе остане во Манчестер Јунајтед

Ед Вудворт во име на Манчестер Јунајтед постигнал договор со менаџерот на Давид Де Хеа, што значи дека шпанскиот голман ќе остане на „Олд Трафорд“, тврди Гардијан.
Според овој извор Де Хеа ќе има годишна плата од 17 милиони евра, односно на годишно ниво ќе заработува исто како Пол Погба.
Преговорите помеѓу двете страни се водеа повеќе од шест месеци, бидејќи актуелниот договор на Де Хеа важи уште само оваа сезона. Следејќи ги таквите настани дури се шпекулираше дека за јануари Јувентус подготвувале понуда за голманот.
Шпанецот е играч на Јунајтед од 2011 година кога клубот им плати на Атлетико Мадрид 25 милиони евра за неговите услуги.
David de Gea close to signing new Manchester United contract @JamieJackson___ https://t.co/O74lqYmIJG
— Guardian sport (@guardian_sport) September 9, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Панчев: Хуманитарен меч Вардар-Црвена звезда на 16. април

Легендата на македонскиот, југословенскиот фудбал и Црвена звезда, Дарко Панчев е скршен од тага по трагедијата во Кочани, во која во пожар во дискотеката „Пулс“ загинаа 59 лица, а преку 150 се повредени.
Европски и светски шампион со Црвена звезда, Панчев во разговор за „Спортклуб“, откри дека разговарал со генералниот директор на најтрофејниот српски клуб, Звездан Терзиќ, црвено-белите да му гостуваат на Вардар во Скопје. Идеката на Панчев е да се одигра хуманитарен натпревар.
„Останува само да се одреди датум, Црвена звезда за се ќе се договори со Вардар, директорот Терзиќ го спомна 16 април, благодарам, што друго да кажам. Во име на Кочани, Скопје и цела Македонија, Ви благодариме за грижата, за тоа што се прави за повредените, за нивниот транспорт и за лекувањето во Србија, благодареност до братскиот народ“, рече Панчев.
Спорт
Аргентина без Меси против Уругвај и Бразил

Капитенот на Аргентина, Лионел Меси нема да настапи на претстојните натпревари против Уругвај и Бразил.
Откако синоќа блескаше во победата над Атланта во МЛС лигата, Меси заработи повреда на мускулот, а по тестовите беше одлучено дека во овој прозорец нема да настапува за репрезентацијата.
Аргентина веќе обезбеди пласман на Мундијалот, прва е во јужноамериканскиот поредок со 25 бода, пет повеќе од Уругвај, па Лионел Скалони не сакаше ништо да ризикува.
Иако најави пензионирање, Меси сепак ужива во дресот на „гаучосите“, па останува да се види дали ќе игра и на СП 2026 година, кое сега не е така далеку, за нешто повеќе од една година.
Спорт
Стефан Ристовски ќе го напушти Динамо Загреб

Поранешниот капитен на фудбалската репрезентација на Македонија, Стефан Ристовски, веројатно ќе го напушти Динамо Загреб по завршувањето на сезоната. Ристовски, еден од капитените на најтрофејниот хрватски клуб со доаѓањето на тренерот Фабио Канаваро остана без местото во стартната посатав.
Договорот на Ристовски истекува на 30 јуни 2025 година, а потоа ќе стане слободен играч доколку, се разбира, во меѓувреме не потпише нов договор со актуелниот хрватски шампион. Платата на Ристовски според сегашниот договор е околу 700.000 евра годишно.
„Индекс“ пишува дека на подготовките му бил понуден нов договор, но со значително намалување. Новиот договор би бил за најмалку една третина помал од стариот, што значи дека Ристовски би можел да заработува околу 450 илјади евра годишно.
Во овој момент одлуката на Ристовски не е потврдена, но тој најверојатно нема да потпише нов договор. Проблемот не е во парите, туку во тоа што не е задоволен од статусот што би можел да го има следната сезона на „Максимир“.
Тој има 33 години и се уште може да најде сериозна минутажа во европскиот фудбал, а источните лиги и земјите кои нудат профитабилни договори се секогаш опција за играчите кои се пред крајот на кариерата.
Ристовски одигра 177 натпревари за Динамо и одигра важна улога во освојувањето на многу трофеи, но се чини дека и клубот и тој се повеќе се свесни дека влегуваат во нова ера.