Спорт
Поветкин двапати се крена, за брутално да го нокаутира Вајт

Русинот Александер Поветкин повторно се промовираше во кандидат за титулата во тешка категорија, откако двапати стануваше од подот за да го нокаутира Дилијан Вајт во петтата рунда од нивниот меч во дворот на куќата на промотерот Еди Херн.
Русинот беше надбоксуван во три рунди, а во четвртата двапати се најде во нокдаун, но кога изгледаше дека Британецот ќе обезбеди дуел за ВБЦ титулата во тешка категорија, Поветкин со застрашувачки аперкат со левицата во петтата го „уништи“ овој сон.
32-годишниот Вајт мораше да добие медицинска помош и не зборуваше по мечот, но промотерот Херн најави дека мечот ќе има и второ продолжение.
Поветкин, кој во кариерата имаа загубено само од Владимир Кличко и од актуелниот шампион во тешка категорија, Ентони Џошуа во кариерата долга 15 години, сега е официјален предизвикувач за ВБЦ титулата на Тајсон Фјури.
Unbelievable knockout ? #WhytePovetkin pic.twitter.com/gzuS366AHV
— Darren Russell (@DarrenRussell_) August 22, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ленгле како слободен играч потпиша со Атлетико

Францускиот фудбалер Клеман Ленгле потпиша договор со Атлетико Мадрид до јуни 2028 година.
Ленгле беше член на Барселона, а минатата сезона ја помина на позајмица во Атлетико.
Францускиот фудбалер го раскина договорот со Барселона порано денес, а потоа потпиша тригодишен договор со Атлетико Мадрид како слободен агент. Минатата сезона, Ленгл одигра 34 натпревари за мадридскиот клуб и постигна три гола.
Покрај Барселона и Атлетико, дефанзивецот играше и за Астон Вила, Тотенхем, Севиља и Нанси.
Спорт
Киву го презеде Интер

Романскиот фудбалски стручњак Кристијан Киву (44) е назначен за нов тренер на Интер од Милано.
Киву потпиша договор со тимот од „Џузепе Меаца“ до 30 јуни 2027 година.
Тој го наследи Симоне Инзаги на клупата на вицешампионите на Европа и Италија. Инзаги минатата недела поднесе оставка и замина во Ал Хилал.
Киву поднесе оставка од тренерската позиција на Парма пред да биде назначен во Милано.
Романецот беше тренер на младинските категории на Интер од 2018 до 2024 година, а како играч беше член на клубот од Милано од 2007 до 2014 година.
Спорт
Започна чистката на „Олд Трафорд“, први на удар ветераните

Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен (33), шведскиот дефанзивец Виктор Линделоф (30) и поранешниот репрезентативец на Северна Ирска Џони Еванс (37) ќе го напуштат Манчестер Јунајтед на 30 јуни, објави англискиот клуб.
Во соопштението се наведува дека договорите на тројцата фудбалери со Манчестер Јунајтед истекуваат на 30 јуни и дека англискиот тим не смета на нив следната сезона, бидејќи клубот од „Олд Трафорд“ одлучил да не ја продолжи соработката со Ериксен, Еванс и Линделоф.
Еванс беше член на Манчестер Јунајтед од 2006 до 2015 година, а се врати во клубот од „Олд Трафорд“ во 2023 година. Ирецот и претходно објави дека ќе се пензионира.
Ериксен пристигна во Манчестер Јунајтед во 2022 година, додека Линделоф е член на „Црвените ѓаволи“ од 2017 година.