Спорт
Познати се 20 учесници на ЕУРО 2024

Foto/ EPA
Вечерва ќе завршат квалификациите за пласман на ЕУРО 2024. Два натпревари, во Д групата, привлекуваат внимание, Велс-Турција и Хрватска-Ерменија. Математиката е јасна доколку Хрватска победи, како втора од групата ќе оди на ЕП. На Велс му треба победа над Турција и во исто време Хрватска да не триумфира.
Пред одигрувањето на овие натпревари познати се 20 репрезентации, кои ќе учествуваат на ЕУРО 2024 во Германија.
Тоа се: Франција, Белгија, Португалија, Шпанија, Шкотска, Турција, Австрија, Англија, Унгарија, Словачка, Албанија, Данска, Холандија, Романија, Швајцарија, Словенија, Италија, Чешка и Србија.
Секако, последните три учесници ќе бидат познати следната година по плеј-офот во Лигата на нации.
Ждрепката за Европското првенство ќе се одржи на 2 декември во Хамбург.
ЕУРО 2024 ќе се одржи во Германија од 14 јуни до 14 јули, титулата ќе ја брани Италија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
„За мене Ѓоковиќ е крал на сѐ, би сакал да можам да бидам како него“

Најдобриот снукер играч на сите времиња – Рони О’Саливен со моќна изјава му оддаде почит на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.
Познато е дека Рони го сака тенисот, а бидејќи легендата на снукерот Џими Вајт ја спореди неговата игра со Роџер Федерер, Рони мораше да реагира.
„Федерер, Надал, Ѓоковиќ – отсекогаш сум сакал да ги гледам. Тие се тројца од најдобрите на сите времиња. За мене Ѓоковиќ е крал на сѐ. Без разлика дали сте фудбалер, играч на голф или хокеј, сите се угледуваат на Ѓоковиќ. Посакувам да можам на маса да го правам тоа што го прави Ѓоковиќ на теренот“, изјави О’Саливен.
Славниот Рони седум пати беше светски шампион, освојуваше турнири, но имаше и свои пороци и падови.
Победата на Светското првенство во 2020 година му ја посвети на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.
„За да ја освојам оваа титула морам да бидам како Новак Ѓоковиќ. Тој е ужасно доследен, прави се многу добро и не ви дава ништо. Тој не е најграциозниот тенисер, го нема тој сјај на Роџер Федерер или оној форхенд на Рафаел Надал… Но, сè е таму од почеток до крај и неговата форма не паѓа многу. Тој секогаш игра на високо ниво. Си реков дека за да победиш овде во Шефилд треба да ја имаш таа сила и стабилност“, објасни О’Саливен во 2020 година.
Спорт
Два гола на ветеранот Стуани за нова победа на Џирона

Фудбалерите на Џирона стигнаа до 12. победа во Ла Лига, откако со пресврт беа подобри од Валенсија со резултат 2:1 (0:0).
Џирона се намали прптив борбената Валенсија, а бодовите и ги обезбеди ветарнот Кристијан Стуани.
Уго Дуро во 56.минута ги казни промашувањата на Џирона и донесе предност за Валенсија.
Ви финишот блесна ветеранот Стуани. Уругваецот со головите во 83. и 85.минута направи целосен пресврт.
Со овој триумф Џирона се врати на челната позиција. Реал својот меч од оваа рунда ќе го започне во 18.30 часот.
Џирона во следното коло ќе ја пречека Барселона.
Спорт
Тодибо: На тренинзите не смеевме да го допреме Меси

Поранешниот дефанзивец на Барселона, Жан Клер Тодибо, откри какво правило важело клупските тренинзи во ерата на Лионел Меси.
„Не ни дозволуваа да го допреме Меси на тренинг. Звучи лудо, но тоа е вистина. Моравме да бидеме внимателни. Но, тоа е нормално, тој е најдобар и не сакаа да се повреди“, изјави Тодибо за „Марка“.
Францускиот репрезентативец беше член на Барселона од 2019 до 2021 година, откако пристигна од Тулуз како 19-годишен талент, но главно беше на позајмица, а по последната во Ница тој француски клуб го откупи неговиот договор за 8,5 милиони евра. Тодибо овој септември дебитираше за француската репрезентација.
Со одличната форма во Ница, тој го привлече вниманието на Тотенхем и Манчестер јунајтед.Ноца за него бара 40 милиони евра.