Спорт
Познати се шеширите за ждрепката за групната фаза од ЛШ
Познати се позициите кои ќе ги имаат тимовите на ждрепката за Лигата на шампионите. Комплетната листа на учесници ќе биде позната вечерва кога ќе се одиграат реваншите
Динамо Загреб – Бодо Глимт (0:1), ПСВ Ајндховен – Глазгов Ренџерс (2:2), Трабзонспор – Копенхаген (1:2).
Ждрепката за групната фаза е в четврток од 18:00 часот во Истанбул, а сосема очекувано нè очекуваат неколку групи на смртта.
Вториот шешир изгледа дека е посилен од првиот, додека во третиот има неколку опасни екипи: Борусија Дортмунд, Интер и Наполи.
Доколку успее да го исфрли Бодо и да ги надомести 0:1 од првиот натпревар, Динамо Загреб, на Стефан Ристовски и Аријан Адеми, ќе заврши во четвртиот шешир. Во овој шешир ќе оди и Трабзон на Енис Барди.
Распоредот на шеширите:
Прв шешир: Реал Мадрид, Ајнтрахт Франкфурт, Манчестер сити, Милан, Баерн Минхен, ПСЖ, Порто, Ајакс
Втора шешир: Барселона, Атлетико Мадрид, Севилја, Ливерпул, Челзи, Јувентус, РБ Лајпциг, Тотенхем
Трета шешир: Борусија Дортмунд, Интер, Наполи, Шахтјор, РБ Салцбург, Бенфика, Спортинг Лисабон, Баер Леверкузен.
Четврти шешир: Марсеј, Клуб Бриж, Селтик, Макаби Хаифа, Викторија Плзен, Динамо или Бодо, ПСВ или Ренџерс, Трабзонспор или Копенхаген.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
„Скимо“ дебитираше на ЗОИ
За прв пат во историјата, на Зимските олимписки игри се доделуваа медали во скијашко планинарење, сè попознато по кратенката „скимо“.
Први во новата дисциплина настапија жените, а златото го освои Швајцарката Маријан Фатон. Актуелната светска шампионка патеката ја мина за 2:59.77.
Среброто и припадна на Франција благодарение на Емили Хароп, вицешампионката на светот (+2,38 секунди заостанување), а бронзата ја освои Шпанката Ана Алонсо Родригез, која е актуелна европска шампионка (+10,45 секунди заостанување).
Во машка конкуренција светскиот шампион освои злато. Тоа е Шпанецот Ориол Кардона Кољ. Тој патеката ја мина за 2:34.03.
Русинот Никита Филипов беше одличен во вториот дел од патеката, по скалите. Момчето од Камчатка на тој начин го освои сребрениот медал (+1,52 секунди заостанување).
Иако во поголемиот дел од трката водеа Швајцарците Арно Леита и Џон Кислер, тие не освоија медал. Бронзата ја освои Тибо Анселме, Французинот кој лани беше сребрен на Светското првенство (+2,31 секунди заостанување).
Foto/ EPA
Спорт
И Куртоа му се придружи на Ѓоковиќ во проектот Ле Ман
Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа стана малцински сопственик на француски Ле Ман.
Како што беше најавено, Куртоа стана еден од акционерите на францускиот тим, откако минатата година Новак Ѓоковиќ им се приклучи на поранешните Ф1 возачи, Фелипе Маса и Кевин Магнусен како нов малцински сопственик на овој француски тим.
Куртоа ѝ се обрати на јавноста во четвртокот и откри дека им се придружил на други познати личности како дел од инвестициската група „NXTPLAY“, која е фокусирана на развој и раст како дел од проекти за втор мандат.
Ѓоковиќ на својот Инстаграм профил го сподели и искуството од приклучувањето на голманот во францускиот тим.
Foto/ depositphotos
Спорт
Прв спискот на Берокал како селектор на Македонија
Селекторот на кошаркарската репрезентација на Македонија, Жозеп Мариа Берокал, го објави списокот на кошаркари на кои ќе смета за претстојните натпревари од вториот ФИБА „прозорец“ од претквалификациите за Европоското првенство во 2029.
За дуелите од претквалификациите, со селекциите на Луксембург (во Скопје на 27 февруари) и Азербејџан (во Баку на 2 март), новиот предводник на сениорскиот национален тим ќе смета на 16 кошаркари.
Репрезентацијата ќе тренира во Скопје, првиот официјален собир-тренинг е закажан за 23 февруари (понеделник), со почеток во 10. часот, во салата „Градски парк“ (ќе биде од затворен карактер).
На списокот ги нема играчите од Евролигата, Ненад Димитирјевиќ и Ти Џеј Шортс.
СПИСОК НА ПОВИКАНИ КОШАРКАРИ ЗА ФЕВРУАРСКИОТ ФИБА „ПРОЗОРЕЦ“ 2026
Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром
Андреј Магдевски – МЗТ Скопје Аеродром
Марин Петков – МЗТ Скопје Аеродром
Андреј Маслинко – МЗТ Скопје Аеродром
Стојан Ѓуроски – МКК Куманово
Виктор Ефремовски – Работнички
Андреј Митревски – Пелистер
Лука Стојановски – Пелистер
Теодор Симиќ – Кожув
Виктор Ташовски – ТФТ Скопје
Амар Хот – Маџари 2023
Адем Мекиќ – Бора, Косово
Ваљмир Какруки – Сигал Приштина, Косово
Лејсон Зеќири – Башкими, Косово
Андреј Јакимовски – Тренто, Италија
Итан Хап – Сан Пабло Бургос, Шпанија
Извор и Фото/ mkd.basketball

