Спорт
Познати сите четвртфиналисти на ЕУРО 2024: старт во петок
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/r.jpg)
Познати се сите четвртфиналисти на ЕУРО 2024. Тие се Германија, Шпанија, Португалија, Франција, Швајцарија, Англија, Холандија и Турција.
Швајцарците во саботата го елиминираа бранителот на титулата Италијанците, Германците го совладаа дуелот со Данците. И тоа беше првиот ден од нокаут фазата.
Во неделата Англичаните беа блиску до елиминација, но по продолжението ја елиминираа Словачка. Шпанците беа убедливи против Грузија.
Во понеделникот прво Французите ги победија Белгијците, а потоа Португалците ги елиминираа Словенците по вистинска драма и изведување пенали.
Еве ги комплетните резултати од осминафиналето и четвртфиналните двојки.
Осминафинале
29.06. Берлин: Швајцарија – Италија 2:0
29.06. Дортмунд: Германија – Данска 2:0
30.06. Гелзенкирхен: Англија – Словачка 2:1
30.06. Келн: Шпанија – Грузија 4:1
01.07. Дизелдорф: Франција – Белгија 1:0
01.07. Франкфурт: Португалија – Словенија 0:0 – пенали 3:0
02.07. Минхен: Холандија – Романија 3:0
02.07. (21.00) Лајпциг: Турција – Австрија 2:1
Четвртфинале
05.07. Штутгарт: Шпанија – Германија
05.07. Хамбург: Португалија – Франција
06.07. Дизелдорф: Англија – Швајцарија
06.07. Берлин: Холандија – Турција
Сè што се случува во Германија, следете на Топспорт.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Спорт
Шпанија, живот во сенка на познатите претходници
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/morata.jpg)
Фактот дека епитетот најискусен играч ќе го носи напаѓачот на Атлетико Мадрид, Алваро Мората е најдобар показател за тоа колку се промени шпанската репрезентација во изминатите неколку натпреварувачки циклуси.
По Мората, најмногу ќе се очекува од Родри, кој со своите настапи во претходните две години докажа дека моментално е најдобриот заден играч за врска во светот.
Заедно со неколку поискусни играчи, шпанската селекција ја сочинуваат голем број млади и талентирани фудбалери кои немаат големо искуство – повеќето од нив се уште немаат ни 30 настапи за националниот тим
Џамал и Вилијамс веќе ја подигнаа својата вредност за десетици милиони, додека Руиз покажа дека е еден од најпотценетите играчи од средниот ред во Европа.
Карвахал ја донесе потребната безбедност и Кукуреља покажа зошто Челзи троши големи пари за да ги реши своите проблеми на левото крило.
Шпанија, за разлика од деновите на Енрике, покажа високо ниво на концентрација и посветеност на дефанзивните задачи.
Де ла Фуенте ги пронајде совршените 11 играчи за својот систем за кои се уште никој не најде решение.
Покрај тоа, индивидуалниот квалитет на Џамал и Вилијамс, мајсторијата на Родри на средината на теренот и животниот фудбал на Руиз ја правеа разликата на секој дуел.
Шпанците најверојатно ќе се обидат да ја нападнат Германија од крилните позиции, без разлика дали станува збор за изградени акции или контри, а играта најверојатно ќе ја добие екипата која преовладува на средината на теренот.
Спорт
Германија, репрезентација со високи амбиции
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/RIDLIGER.jpg)
Амбициите на Германија, домаќинот на ова ЕП секогаш биле високи.
Нагелсман се одлучи за комбинација на веќе искусни ветерани и нови имиња.
Меѓу голманите, можеби најпознат тандем во првенството е Нојер – Тер Штеген.
Не можете без Баерн. Тимот од Минхен го претставуваат Нојер и уште четворица играчи: Џошуа Кимих во одбраната, Александар Павловиќ, Џамал Мусијала и Лерој Сане во средниот ред и Томаш Милер во нападот.
Од редовите на непобедливиот освојувач на домашната „двојна круна“ Баер Леверкузен, на листата се Жнонатан Та, Роберт Андрих и добитникот на наградата за играч на годината во Бундеслигата, Флоријан Вирц.
Репрезентативците ги предводат освојувачите на Лигата на шампионите, Антонио Ридигер и Тони Крос од Реал.
Тука се и Каи Хаверц од Арсенал, Илкај Гундоган од Барселона и Паскал Грос од Брајтон.
Финалистите во Лигата на шампионите, Борусија Дортмунд ги претставуваат Нико Шлотербек и Никлас Фулкруг.
Штутгарт има дури пет имиња на списокот од 27 играчи, Хофенхајм и Лајпциг по двајца играчи, а од Ајнтрахт беше повикан Робин Кох.
Спорт
Дерби на големите ривали
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/GER.jpg)
Шпанија сака да ја прекине лошата серија.
Никогаш не успеала да го победи домаќинот во нокаут фазата на светско или европско првенство.
Девет пати имаа можност да се натпреваруваат со земјите домаќини по групната фаза, но секој пат беа елиминирани.
Една од тие земји беше Германија, на Европското првенство во 1988 година.
Тогаш Руди Фелер со два гола ја испрати Германија во полуфиналето.
Милер се уште го чека својот прв гол на ЕП 2024.
Сега веќе легендарниот германски напаѓач се уште нема постигнато гол на, иако турнирот во Германија е негов четврти во кариерата.
Досега во репрезентацијата има постигнато 45 гола, а беше и најдобар стрелец на Светското првенство во Јужна Африка.
Шпанија е во добра серија против Германија. „Црвената фурија“ загуби само еднаш во претходните осум натпревари меѓу двете репрезентации.
Во тој период победија четири пати, додека три натпревари завршија нерешено.
Германија има уште една победа во вкупниот скор, додека осум натпревари завршија нерешено.
Ентони Тејлор ќе ја дели правдата на овој меч.
Негови помошници ќе бидат сонародниците Гери Бесвик и Адам Нан.
Четврти судија ќе биде Словакот Иван Кружилак.