Спорт
Познато е кога се враќа Меси
Капитенот на Барселона Лионел Меси вчера стави точка на една од најголемите сапуници во историјата на фудбалот. Меси ќе остане во Барселона откако му стана јасно дека клубот нема да го пушти да замине без обесштетување.
Денес од Барселона пристигна информација дека Меси на соиграчите ќе им се приклучи во понеделник.
Каталонските медиуми шпекулираат дека Роналд Куман има план да го стави Меси да игра како класична „десетка“. Според нив Барселона ќе игра широко со брзи крилни играчи. За местата на крилните позиции ќе конкурираат Ансу Фати, Усман Дембеле и Тронкао, додека низ средината би требао да напѓаат Меси, Антоан Гризман и Кутињо.
Меси веројатно ќе биде подготвен да настапи на првиот контролен меч, против Химнастик на 12 септември.
Барселона првиот меч во новата сезона ќе го одигра против Вилјареал на 27 септември.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Германците „удрија“ по Ноер: Тој е виновен за поразот на Баерн
Германската јавност жестоко удри по голманот на Баерн, Мануел Ноер. Тој е виновникот за поразот на Баварците од Астон Вила (1:0) во второто коло, во Лигата на шампионите.
Ноер само беше Ноер претходната вечер во Бирмингем, тој беше надвор од шеснаесетникот за време на акцијата на Астон Вила и беше казнет поради тоа.
Колумбиецот Џон Дуран додека се уште беше на дуелот со Упамекан ја забележа „дупката“ што ја остави Ноер и фин лоб го совлада германскиот голман.
Баерн по којзнае кој пат настрада поради несериозноста на својот голман, кој не бега од вината, туку вели дека според планот бил поставен токму онаму каде што требало да биде.
„Сите кои ги гледаат нашите натпревари знаат дека генерално стојам подалеку од голот. Така играме и тоа го бара тренерот. Можеби требаше да застанам два метри поблиску до голот, но не сум сигурен дека и во тој случај ќе можев да стигнам до топката и да спречам гол“, изјави Ноер.
„Голот очигледно е негова вина“, изјави поранешниот играч на Ливерпул Дитмар Хаман за „Скај Спортс“ и дополни.
„Не знам што правеше надвор од 16 метри. Немаше опасност бидејќи Упамекано се уште беше во дуел со Дуран“.
Со Хаман се согласил и Михаел Балак.
„Ману е виновен за голот што го прими Баерн“, кратко и јасно изјави поранешниот германски репрезентативец.
Спорт
ФИФА би можела да ги исфрли Израелците од сите натпреварувања
ФИФА наскоро може да го суспендира Фудбалскиот сојуз на Израел, фудбалската репрезентација на Израел и клубовите од своите натпреварувања. Во екот на војната во Појасот Газа во март оваа година, Израелците беа пријавени од Палестинскиот фудбалски сојуз. Одлуката за евентуална суспензија требаше да биде донесена во мај, но таа беше поместена за следниот четврток.
Советот на ФИФА ќе се состане и ќе донесе важна одлука. Составен е од претставници на фудбалски асоцијации од целиот свет. Палестинските фудбалски функционери сметаат дека Израелците ги прекршиле правилата на ФИФА и сакаат санкции за израелските клубови и репрезентацијата, кои овој месец треба да играат во Лигата на нации против Франција и Италија.
„Се соочуваме со циничен непријателски политички обид на Палестинците кои сакаат да му наштетат на израелскиот фудбал“, ја пренесува изјавата на првиот човек на израелскиот фудбал, Шин Моше Зуарес, британскиот јавен медиум Би-Би-Си.
Доколку ФИФА одлучи да ги исклучи Израелците од сите натпреварувања, тоа ќе биде втор пат во последните неколку години да биде донесена ваква одлука. На почетокот на војната во Украина, беа исфрлени руските клубови и репрезентацијата.
Израел започна воена операција во Појасот Газа како одговор на нападот на Хамас што се случи на 7 октомври минатата година, во кој загинаа 1.200 луѓе, а 250 беа заробени.
Спорт
(Видео) Во Загреб се револтирани од судењето: Ние сме мал клуб на кој може да му го направат ова
Фудбалерите на Динамо Загреб не се задовлни од арбитржата на судијата Харм Осмерс по нерешениот резултат со Монако (2:2) во второто коло од Лигата на шампионите.
„Модрите“, не успеаја да ја задржат предноста од два гола, примија голови во 74. (Салису) и 90.минута од пенал (Закарија).
Токму досудениот пенал во последната минута од натпреварот ги натера да го кренат гласот против главниот судија.
Играчите на Днамо потсетуваат дека претходно во слична ситуацјија капитенот Бруно Петковиќ беше соборен во шеснаесетникот на Монако, а германскиот арбитар покажа фаул во напад. Во 90.минута донел поинаква одлука, пвотрно на шетата на Динамо.
„Не го разбирам судискиот критериум, не би сакал да се расправам околу тоа, но некои одлуки беа во нивна полза. Го прашав судијата, ако над Бруно немаше пенал, како може да биде пенал на другата страна? Навистина не ги разбирам тие одлуки“, ече стрелецот на вториот гол за Динамо, Мартин Батурина, а неговиот соиграч Јосип Мишиќ дополни.
„Ние сме мал клуб на кој може да му го направат ова“. .
Динамо во следното коло гостува кај Салцбург.