Спорт
Познато е во кои 11 европски градови ќе се шири НБА

Челниците на НБА, наводно, веќе имаат јасна идеја за тоа кои 11 градови ќе бидат дел од потенцијалното проширување на натпреварувањето во Европа.
Андреас Заглис, првиот човек на ФИБА, се очекува да присуствува на претстојниот состанок на Бордот на гувернери на НБА, на кој ќе се разговара на оваа тема.
Наводно од НБА биле избрани следните градови: Мадрид, Барселона, Минхен, Берлин, Париз, Лондон, Манчестер, Милано, Рим, Истанбул и Атина
Со оглед на тоа што останува малку време до крајот на тековната сезона, најверојатно новото натпреварување нема да има премиера до сезоната 2026/27.
Друго прашање е кои клубови би учествувале во него. Треба да ги има 10, а останува да се види дали ќе бидат постоечки или новоформирани клубови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Мекгрегор се одлучи на необичен потег, ќе се кандидира за претседател на Ирска

ММА борецот Конор Мекгрегор објави дека ќе се кандидира за претседател на Република Ирска.
Ирска минува низ турбулентен период додека се бори да се справи со големиот прилив на имигранти, а повремените насилни инциденти предизвикуваат големо незадоволство во јавноста.
Мигрантите ќе бидат клучната точка на која Мекгрегор ќе ја заснова својата кандидатура, што јавно го покажа со објава на социјалната мрежа „Х“.
„Ирска мора целосно да го имплементира Пактот за миграција на ЕУ до 12 јуни 2026 година. Значи, од сега до 12 јуни 2026 година, двата дома на Парламентот мора да усвојат неколку нацрт-закони, а потоа претседателот мора да ги потпише како закон“.
Следните претседателски избори мора да се одржат до 11 ноември 2025. Кој друг ќе се спротивстави на Владата и ќе се спротивстави на овој закон? Тоа е избор на народот на Ирска! Секогаш! Тоа е вистинска демократија!
Исто така, би бил љубопитен да слушнам од нашите владини претставници зошто толку жестоко се согласуваат со овој пакт.
Би сакал да ги слушнам дискусиите! Следно е гласањето!
Ова е иднината на Ирска со мене како претседател.
Сите граѓани на Ирска треба да имаат глас и избор за својата иднина!
Господ да го благослови нашиот народ!
Гласајте за Мекгрегор и нека се слушне вашиот глас!”, објави поранешниот ММА шампион.
— Conor McGregor (@TheNotoriousMMA) March 20, 2025
Претседателската кандидатура на Мекгрегор доаѓа само неколку дена откако го посети американскиот претседател Доналд Трамп, кој има жестока антиимигрантска политика во неговата земја.
Ќе видиме дали Мекгрегор ги исполнува сите услови за да се кандидира за претседател, со оглед на тоа што неодамна беше прогласен за виновен за сексуален напад.
Спорт
Хамилтон од пол-позицијата ќе го стартува спринтот во Шангај

Луис Хамилтон ја освои пол-позицијата во пресрет на спринт трката пред Големата награда на Кина.
На патеката во Шангај, возачот на Ферари, постави рекорд на патеката со време 1:30.849 минути. Квалификациите беа исклучително неизвесни, што покажуваат времињата. Макс Ферстапен имаше послаб резултат за само 18 илјадити делови од секундата, а Оскар Пјастри задоцни 80 илјадити делови од секундата.
Спринтот од вториот ред, веднаш до Пјастри ќе го започне Шарл Леклер од Ферари. Во третиот ред се Британцита Џорџ Расел (Мерцедес) и Ландо Норис (Мекларен). Зад нив се Андреа Кими Антонели (Мерцедес), Јуки Цунода (Рејсинг Бул), Алекс Албон (Вилијамс) и Ленс Строл (Астон Мартин).
Спринт трката ќе се вози утре во 4 часот по средноевропско време, квалификациите за главната трка ќе започнат во 8 часот. Трката за Големата награда на Кина, в недела ќе започне во 8 часот.
Спорт
Проблем за Арсенал, се повреди Калафиори

Рикардо Калафиори се здоби со повреда на четвртфиналниот натпревар од Лигата на нации против Германија, што претставува нова главоболка за Микел Артета.
Калафиори го повреди коленото на натпреварот против Германија (1:2), што не е добар знак, но се уште не е познато колку ќе треба да паузира.
Калафиори со мака го напушти стадионот Сан Сиро, а по заминувањето даде краток коментар:
„Сè уште не знам за што станува збор“, изјави загрижениот Калафиори.
Ова е сериозен проблем и за Артета. Арсенал влегува во завршниот дел од сезоната и во борбата за трофеи. Титулата во Премиер лигата е во доменот на теоријата, но тука е и борбата во Лигата на шампионите. Арсенал ќе се соочи со Реал Мадрид.