Спорт
Пред 27 години кошаркарскиот свет се прости со Дражен Петровиќ
Пред точно 27 години, на 7 јуни 1993 година, светот на кошарката се прости со Дражен Петровиќ, откако хрватскиот великан загина во сообраќајна несреќа во Германија, откако само еден ден претходно играше за Хрватска во Полска.
Петровиќ по турнирот реши да се врати дома во Загреб со автомобил со својата нова девојка Клара Саланти и нивниот пријател Хилал Едебал, наместо да се качи авионот со кој репрезентацијата се враќала во Хрватска. Александар Петровиќ, постариот брат на Дражен, тогаш асистент-тренер на репрезентацијата го информирал тимот дека неговиот брат се враќа со автомобил.
Во 17.20 часот, камионџија од Холандија се излизга на влажниот автопат и влезе во другата лента, додека Саланти го возеше Фолсквагенот голф со Дражен на сопатничкото место во длабок сон. Камионот беше застанат во трите ленти, а возачот се обидуваше да сигнализира на автомобилите да сопрат. Меѓутоа, Саланти, која возела 180 км/ч ја загубила контролата на возилото и автомобилот удрил во банкината, па во застанатиот камион. Саланти и Едебал преживеаја, додека Петровиќ, кој не носеше заштитен појас бил фрлен во насоката на камионот и добил фатални повреди на главата.
Денеска на неговиот гроб во Загреб, како и пред споменикот на неговиот роден град Шибеник ќе бидат поставени цвеќиња во одбележувањето на трагичниот ден.
Со прекар „кошкаркарскиот Моцарт“, Петровиќ беше роден во Шибеник на 22 октомври 1964 година. Тој е прогласен за најдобар европски кошаркар во историјата, а остави свој печат и во НБА лигата со Њу Џерси нетс, со кои имаше просек од 20.6 поени во 36.9 минути на теренот не пропуштајќи ниту еден натпревар.
Во продолжение, неколку документарни филмови за животот и смртта на безвременскиот Петровиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
МВП на Евролигата во Милвоки, Јанис нема да ги напушти Бакс
Јанис Адетокумбо, како шо сега стојат работите ќе остане во Милвоки најмалку до крајот на сезоната.
Според новинарот на „ESPN“, Шамс Чаранија, Кол Ентони и Амир Кофи се селат во Феникс, додека Ник Ричардс и Најџел Хејс-Дејвис ќе ги продолжат своите кариери во Милвоки.
Со овој потег, Бакс дополнително ја зајакнуваат ротацијата под кошот, со оглед на тоа што Ричардс носи физичко присуство и дефанзивна стабилност на центарската позиција, додека Хејс-Дејвис е играч кој може да придонесе енергија и ширина на ротацијата на крилата.
Од друга страна, Санс добиваат дополнителна длабочина во надворешната линија. Кол Ентони треба да преземе позначајна улога во организацијата на играта, како „бек-ап“ плејмејкер, додека Амир Кофи носи дефанзивна флексибилност и можност за покривање на повеќе позиции.
Официјална потврда за размената се очекува наскоро, откако двата тима ќе ги завршат сите административни детали.
Foto/ EPA
Спорт
Баерн го задржа Серж Гнабри
Фудбалерот на Баерн, Серж Гнабри, го продолжи договорот со клубот од Минхен до 30 јуни 2028 година, објави најтрофејниот германски клуб.
Во соопштението не се наведени финансиски детали за договорот.
„Воодушевен сум што ќе можам да играм за Баерн уште неколку години. Причините за продолжување на договорот се тимот, тренерите, целиот клуб, навивачите, градот, околината… Се чувствувам многу удобно во Баерн“, рече Гнабри, објави веб-страницата на клубот.
Гнабри (30) пристигна во Баерн во 2017 година од Вердер Бремен. Тој одигра 311 натпревари за клубот од Минхен и постигна 100 гола, а освои 15 трофеи со Баерн.
Foto/ depositphotos
Спорт
Четворица се враќаат, но Реал ќе биде сериозно ослабен во Валенсија
Во недела, Реал Мадрид ќе игра без Винисиус Жуниор и Џуд Белингам на гостувањето кај Валенсија во 23-то коло од шпанската Ла Лига.
Винисиус го пропушта натпреварот поради пет жолти картони, додека Белингам нема да игра поради повреда на тетивата. Не е прецизиран датум за неговото враќање, но се очекува да отсуствува до шест недели.
Реал Мадрид има шест победи по ред во првенството, но сепак е втор на табелата со 54 бода, еден помалку од лидерот Барселона.
Добри вести за тренерот Арвало Арбелоа е дека за место во тимот ќе конкурираат: Трент Александар-Арнолд, Антонио Ридигер, Дани Карвахал и Ферланд Менди.
Foto/ depositphotos

