Спорт
(Видео) Пред девет години со Рамос излезе на теренот, синоќа Јамал играше против него

Шпанските медиуми потсетија на еден детаљ кој се случил пред речиси една деценија – Серхио Рамос пред „Ел Класико“ го извади момчето Ламин Јамал, актуелниот играч на Барса.
Џамал и Рамос повторно се сретнаа во петокот навечер, овојпат како ривали на теренот.
Искусниот дефанзивец е 19 години постар од момчето родено во 2007 година во Барселона.
Џамал беше стартер на мечот против Севилја во кој трагичарот беше Рамос кој со автогол го реши натпреварот и практично му донесе победа на ривалот со кој долги години се бореше во дресот на Реал.
Рамос летово се врати во својот матичен клуб Севилја, а во меѓувреме малиот Јамал созреа и стана еден од најголемите таленти во шпанскиот фудбал.
Иако е многу млад, Ламине е стандарден во првиот состав на Чави.
Така беше и во петокот вечерта на „Монжуик“ (каде Барса сезонава ги игра домашните натпревари) а посебна карактеристика на овој меч беше неговата повотрна средба со Рамос.
🎞️ 2016 — Sergio Ramos and 9 year old Lamine Yamal enter the pitch together…
😄 2023 — Sergio Ramos and Lamine Yamal both start for Barça-Sevilla tonight.
🎥 @Golpic.twitter.com/ywsNjeK05z
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) September 29, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Синер му предаде на Алкараз, Шпанецот го освои Синсинати

Шпанецот Карлос Алкараз ја освои титулата на Мастерсот во Синсинати.
Во финалето, Алкараз славеше по само дваесет минути игра против најдобриот тенисер во светот и бранител на титулата Јаник Синер.
Синер го предаде натпреварот при водство на Алкараз 5:0 во првиот сет. Се уште не е познато за каква повреда станува збор.
Италијанецот се држеше во неколку наврати во пределот на стомакот, па може да станува збор и за вирус. Како и да е, тој донесе одлука дека е подобро да се предаде и да не го загрози својот настап на Отвореното првенство на САД.
Што се однесува до самиот натпревар, тие дваесетина минути минаа во целосна доминација на Алкараз.
За краток период, тој направи дури три брејка против противник кој, во најголем дел, само статираше на теренот.
Пред последниот гем во првиот сет, во кој Алкараз требаше да сервира, Синер седна на клупата и му рече на судијата Мохамед Лајани дека му е жал за навивачите, но дека не може да продолжи.
Тој исто така нагласи дека морал да се обиде, што имплицира дека здравствените проблеми се појавиле пред почетокот на мечот.
Foto/ X
Спорт
Интер сака да го врати Онана

Интер наводно повторно ја следи ситуацијата со својот поранешен голман Андреа Онана откако Манчестер јунајтед го изостави од составот за отворањето на сезоната во Премиер лигата.
Според „Сан“, италијанскиот клуб внимателно го следи неговиот статус бидејќи има сè повеќе шпекулации за иднината на Камерунецот на „Олд Трафорд“. Се додава дека Интер е заинтересиран за враќање на 29-годишникот, кој замина во Јунајтед во 2023 година.
Од неговото доаѓање, тој не ја оправда отштетата од 56 милиони евра, а со оглед на тоа што тренерот на Интер бара нов голман, додека Јан Сомер во моментов е прв избор, враќањето би можело да стане реална опција.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Лукаку ќе го пропушти првиот дел од сезоната

Тежок удар за Наполи пред почетокот на сезоната во Серија А во која ја бранат титулата. Ромелу Лукаку се повреди и го очекува подолга пауза.
Напаѓачот кој минатата сезона забележа дабл-дабл учинок од 14 гола и 11 асистенции го повреди квадрицепсниот мускул и ќе му биде потребна операција. Се очекува да отсуствува четири до пет месеци.
Огромен проблем за Конте и Наполи. Бидејќи сега Наполи како класичен напаѓач го има само Лоренцо Лука засилувањето од Удинезе.
Затоа е јасно дека Наполи ќе мора да се активира на пазарот. Според првите информации, целта е Расмус Хајлунд од Манчестер јунајтед. Идејата на Наполи е да го доведе на позајмица.
Сепак, Наполи не е единствениот што е заинтересиран за Данецот. Милан е во игра веќе некое време и преговара со „црвените ѓаволи“ и го сака Хојлунд во случај да не постигнат договор со Душан Влаховиќ. Како што стојат работите, Хојлунд е на добар пат да се врати во Серија А.