Спорт
Премиер лигата усвои нови правила за финансиски фер-плеј
Од следната сезона, Премиер лигата ќе има нов систем на финансиски фер-плеј базиран на вредноста на тимот.
Претставниците на клубовите од Премиер лигата одржаа состанок во Лондон во петокот. На состанокот беше гласано за три можни системи на финансиски фер-плеј што би го замениле актуелниот правилник.
Системот за вредности на тимот (SCR) доби 14 гласа „за“ и четири „против“и беше усвоен со минимален потребен број гласови. Против беа Борнмут, Брентфорд, Брајтон, Кристал Палас, Фулам и Лидс кои сакаа да го задржат сегашниот принцип.
Од следната сезона, вкупната вредност на тимот ќе биде ограничена на 85 проценти од вкупниот приход на клубот, но за клубовите што ќе се натпреваруваат во Европа, односно во натпреварувањата на УЕФА, тој максимум ќе биде поставен на 70 проценти.
Вредноста на тимот ги вклучува платите на играчите, тренерите и членовите на тренерскиот персонал и надоместоците што им се плаќаат на менаџерите за трансферите на играчите.
Правилата за одржливост што ги регулираат трошоците на клубот на среден и долг рок беа едногласно усвоени.
Предлогот за ограничување на трошењето во однос на приходите на последнопласираниот клуб во лигата пропадна, доби само седум гласа „за“ и 12 „против“, а еден клуб се воздржа.
„Новите правила на SCR треба да им овозможат на сите клубови да се стремат кон успех и со тоа да го доближат финансискиот систем на лигата до постојните правила на SCR на УЕФА.
Исто така е клучно што на овој начин ќе биде можно да се следи работата на клубовите во текот на сезоната, што ќе биде можно да се спречи неуспех на некои клубови во однос на спортот, никој нема да има можност да троши повеќе отколку што заработува, а тоа ќе ја зголеми можноста за инвестиции надвор од теренот во однос на сложените трошоци кои не се поврзани со фудбалот“, се наведува во соопштението на Премиер лигата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Пакета побарал Вест Хем да ја прифати понудата од Фламенго
Играчот од средниот ред на Вест Хем, Лукас Пакета, е на пат да го напушти клубот, објави Гардијан.
Бразилецот го замолил тренерот да не го носи на натпреварот од ФА Купот бидејќи сака да се врати во Бразил. Конкретен интерес за него покажа најбогатиот клуб во Јужна Америка, Фламенго.
Од Бразил во Лондон пристигнала понуда од 40 милиони евра.
Вест Хем не сака да остане без најдобриот играч, во ситуација кога се бори за опстанок во лигата и кога за неговите услуги интерес покажале европски клубови, подготвени да понудат повеќе пари.
Сепак ставот на Пакета е јасен сака да се врати дома, во Фламенго.
Спорт
Галагер се враќа во Премиер лигата?
Конор Галагер би можел да се врати во Премиер лигата оваа зима
Како што откри Матео Морето, Астон Вила тргна во офанзива за неговиот потпис, бидејќи Англичанецот, не е во преден план кај тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне.
Галагер нема ништо против враќање во Премиер лигата, Манчестер Јунајтед и Њукасл исто така покажале интерес, но само од Астон Вила покажале конкретен интерес.
Унај Емери не го доби засилувањето што го сакаше во Харви Елиот, кој ќе се врати во Ливерпул, па затоа Шпанецот сака нов играч од средниот ред, со различен профил.
Галагер има искуство во Премиер лигата, играше за Кристал Палас и Челзи, а претходно во кариерата беше дел од Чарлтон, Свонси, Вест Бромвич Албион.
Пред да замине за Шпанија, одигра 136 натпревари во Премиер лигата.
Атлетико Мадрид пред 18 месеци на Челзи му плати 42 милиони евра за Галагер. Се претпоставува дека „јорганџиите“, за него бараат околу 40 милиони евра.
Спорт
Алушовски го презеде Еурофарм Пелистер
Еурофарм Пелистер има нов тренер. На местото на Рубе Гарабаја, екипата до крајот на сеозната ќе ја предводи, поранешниот играч на овој клуб, Стевче Алушовски.
„Нашиот нов почеток во 2026 година е поврзан со добро познато име. Стевче Алушoвски е нов тренер на Еурофарм Пелистер и ќе ја води нашата екипа до крајот на оваа сезона. 53-годишниот тренер по неколку години се враќа во својот матичен клуб, во улога на тренер на шампионот на Македонија. Алушoвски во два наврати водеше клуб од Битола – Пелистер и Еурофарм Работник, а сега го презема тимот на Еурофарм Пелистер.
Нашиот прославен репрезентативец тренерската, како и играчката кариера, ја започна во Битола. Во мак-ракометот ги водеше Вардар 1961 и Охрид, а кратко работеше и во Исланд“. објави клубот на социјалните мрежи.
Новиот тренер првиот собир го закажа за в среда (14 јануари) во 17:00 часот.
Izvor/ facebook.com/hceurofarmpelister

