Спорт
Претседателот на ФИФА се закани дека ќе му го одземе Светското првенство на Катар

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, му се закани на Катар дека ќе остане без Светското првенство доколку не покаже гостопримство кон сите навивачи. Тој пред се мислеше на ЛГБТ популацијата чии членови се плашат за својата безбедност на Светското првенство, со оглед дека хомосексуалноста во Катар е забранета со закон.
„Ако Катар не сака да покаже гостопримство кон сите, нема да биде организатор на Светското првенство. Светското првенство е настан кој ги зближува сите луѓе“, изјави првиот човек на ФИФА.
„На последните неколку големи натпреварувања беа навредувани повеќе од 50 проценти од играчите, тоа е голема бројка. Сега е многу полошо. Социјалните мрежи денес се користат за расни навреди и за дискриминација. Ќе продолжиме да се бориме против такви луѓе и да го блокираме секој што навредува играчи на социјалните мрежи“, дополни претседателот на ФИФА.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Реал без отштета го „подари“ Лука Јовиќ на Фиорентина
Српскиот интернационалец Лука Јовиќ го напушта Реал Мадрид и се сели во Серија A каде ќе го носи дресот на Фиорентина. Интересни е дека „кралевите“ нема да бараат отштета само за да се ослободат од неговата плата и комплетно да го продадат.
Првата сезона, Реал Мадрид ќе има обврска да плаќа половина од неговата годишна плата, но потоа тој комплетно ќе биде член на Фиорентина.
Лука Јовиќ е едно од најголемите трансферни промашувања во историјата на Реал Мадрид. Дојде пред три години од Ајнтрахт Франкфурт за 65 милиони евра. За споредба, Реал Мадрид плати 18 милиони евра повеќе обештетување за Јовиќ отколку за Винисиус Жуниор, кој дојде во клубот една сезона порано. Сепак, Србинот за две и пол години во Реал имаше мизерен ефект од три постигнати гола и пет асистенции на 51 натпревар.
Спорт
Јошко Миленкоски на клупата на ПАОК

Поранешниот селектор на одбојкарската репрезентација на Македонија, Јошко Миленкоски, следната сезона ќе го води грчкиот клуб ПАОК.
Тој имаше блескави резултати минатата сезона во грчката одбојка со тимот на Финикас, па моќниот ПАОК посака да го има на својата клупа.
Миленкоски на почетокот на годината седна на кормилото на Црна Гора, а претходно како селектор работеше и со Македонија и со Турција. Тој ги водеше Работнички, Нико Доага, Борец, Мили Пијанго, Циратбанк, Сфакс.
Спорт
„Предавство“ на столетието: Кристијано Роналдо се понудил на Барселона?!

Кристијано Роналдо мина девет години во Мадрид носејќи го дресот на Реал. Португалецот освои четири титули во Лигата на шампионите на Бернабеу, одигра речиси 300 натпревари и постигна 311 голови.
По помалку од една деценија во Мадрид, тој се пресели во Јувентус во 2018 година, а минатата година се врати во Манчестер Јунајтед.
Роналдо заедно со Јунајтед се мачеше минатата сезона, „црвените ѓаволи“ не успеаја да се пласираат во Лигата на шампионите, па сега сака да си замине. Во последните неколку недели беше поврзуван со Јувентус, Челси и со Баерн Минхен.
Но, шпанскиот весник „АС“ го открива „предавството“ на столетието. Роналдо би можел да ја продолжи кариерата, ни помалку ни повеќе, туку во Барселона. Неговиот менаџер Жорге Мендеш се сретнал со претседателот на Барса, Жоан Лапорта и наводно го понудил својот клиент на каталонскиот клуб.
Барселона лани покажа интерес да го доведе Роналдо, но ништо не се случи. Можеби сега е вистинското време, особено доколку пропадне толку очекуваниот договор со Роберт Левандовски.
Сепак, и самите контакти и преговори на релација Барселона – Роналдо ќе предизвикаат многу емоции во Мадрид.