Спорт
Претседателот на ПСЖ во војна со Барселона – бара истрага за финансиите во клубот!
Претседателот на Пари Сен-Жермен, Насер ал-Хелаифи, побара УЕФА да отвори истрага за Барселона и нивното продавање на имотот во текот на летото, со што се избегна кризата во каталонскиот клуб оценувајќи ја ситуацијата како крајно нефер.
Барселона направи финансиско чудо во текот на летото кога донесе голем број засилувања, вклучувајќи ги Роберт Левандовски, Жил Кунде и Рафиња, по продавањето дел од ТВ-правата во иднина, како и дел од компанијата, која ги има правата на спортски реквизити со нивното лого. Со таканаречените финансиски брани Барселона успеа да ги регистрира сите свои засилувања.
Ал-Хелаифи смета дека постапната не е морална.
„Дали тоа е фер? Не, вооошто не е фер. Дали е легално? Не сум сигурен. Ако им го дозволат тоа ним, тогаш и други клубови ќе го направат тоа. УЕФА, секако, има сопствени финансиски регулативи и сигурен сум дека ќе има детаљна истрага. Новите правила за финансиска одржливост се позитивен развој, но мораме да бидеме внимателни. Опасни нивоа на долг и магични договори не се вистинскиот одржлив пат на кој треба да се движи фудбалот“, вели Ал-Хелаифи во интервју за „Политико“.
Ал-Хелаифи не е првиот што е зачуден од финансиските вратоломии во каталонскиот клуб, но засега ниту Ла Лига ниту УЕФА не оценила дека има прекршување на кое било правило.
In a POLITICO exclusive interview, European football’s most powerful executive said FC Barcelona’s financial gymnastics must face a crackdown. https://t.co/GLLzty2qML
— POLITICOEurope (@POLITICOEurope) September 28, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Голем пресврт на „Стенфорд Бриџ“ – Челзи го победи Вест Хем
Фудбалерите на Челзи, со пресврт во второто полувреме, го добија градскиот дуел со Вест Хем (3:2).
По оваа победа, Челзи го престигна Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер лигата со 40 бода, „црвените ѓаволи“ имаат два бода помалку и натпревар помалку од тимот од Лондон.
По две победи по ред, Вест Хем го забележа својот 14-ти пораз, по што остана на 20 бода и на 18-то место во Премиер лигата.
„Чеканите“ имаа предност по првиот дел од 0:2. Стрелци на головите беа Боувен и Самервил.
Челзи одговори на вистински начин. Израмнување на „сините“ им донесоа играчите кои влегоа од клупата за резерви, Жоао Педро и Кукуреља, а победата ја обезбеди Енцо Фернандез со голот во 92-та минута.
На крајот, натпреварот го зачини тешакчата во финишот, Тодибо за врат го фати Жоао Педро, Мавропанос се обиде да му удри шамар на Палмер. Во целата таа мешаница само Тодибо доби црвен картон.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.

