Спорт
Проблем за Гвардиола – Мармуш се повреди играјќи за Египет

Лоши вести пристигнаа на „Етихад“ од Африка бидејќи Омар Мармуш ги повреди лигаментите на коленото.
Сериозноста на повредата на египетскиот напаѓач ќе ја утврдат специјалистите во Каиро, а потоа и лекарите и специјалистите од Манчестер Сити на прегледот кога ќе се врати во Англија.
Во четвртата минута од дуелот против Буркина Фасо, Мармуш доби силен удар во коленото. По помошта, тој остана на теренот уште неколку минути и побара измена.
Како што стојат работите сега, Мармуш ќе го пропушти градското дерби против Манчестер Јунајтед во недела.
Foto/ „X“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Центарот на Макаби се сели во НБА?

Кошаркарот на Макаби Тел Авив, Роман Соркин, би можел да ја продолжи кариерата во НБА откако неколку тима покажаа интерес за него.
Соркин импресионираше на Евробаскетот за Израел, со просек од 16,5 поени и 6 скока по натпревар.
Израел го заврши учеството во осминафиналето, со поразот од Грција. Интерес за Соркин покажале Мајами Хит, Њујорк Никс и Портланд Треил Блејзерс, тврди новинарот Иан Бегли.
Инаку, Соркин се пријави на драфтото во 2018 година, но не беше избран.
Минатата сезона, играјќи за Макаби Тел Авив во Евролигата, тој имаше просек од 12,9 поени и 4,1 скока по натпревар, шутирајќи 50,9 проценти од поле.
Спорт
Куртоа си купи ноќен клуб

Тибо Куртоа одлучи да развие бизнис надвор од фудбалскиот терен.
Според белгиските медиуми, искусниот голман одлучил да го купи ноќниот клуб „Версуз“ во Хаселт, на северот од Белгија.
Беше затворен минатиот мај, но сега Куртоа сака да му вдахне нов живот.
Планот е целосно да се реновира, за гостите да имаат максимална атмосфера во форма на удобност, музика…
Капацитетот треба да биде околу 4 илјади луѓе.
Спорт
„Дејли мејл“: Ѓоковиќ ги запишал своите деца на училиште во Грција, заминува од Србија

Новак Ѓоковиќ ги запишал своите деца во приватно училиште во Грција, а неговото семејство започнува нов живот во оваа земја, по извештаите дека бил цел на српската влада поради поддршка на студентските протести, пишува „Дејли Мејл“.
Освојувачот на 24 Гренд Слем титули, кој долго време се сметаше за национален херој, се соочи со остри критики во последните месеци од медиумите лојални на претседателот Александар Вучиќ откако изрази солидарност со демонстрантите.
Протестите избувнаа во ноември минатата година по уривањето на надрешницата на железничката станица во Нови Сад. Во несреќата загинаа 16 лица. Студентите ја обвинија коруптивните активности на владата се причина за несреќата и побараа политички промени.
Ѓоковиќ ја изрази својата поддршка на социјалните мрежи, кога напиша: „Како некој што длабоко верува во силата на младите луѓе и нивната желба за подобра иднина, мислам дека е важно нивниот глас да се чуе. Србија има огромен потенцијал, а нејзината образована младина е нејзината најголема сила. Она што ни треба на сите е разбирање и почит. Со вас, Новак.“
Подоцна, тој ја посвети својата победа на Австралија Опен на студентка која брутално беше претепана од активисти на владејачката партија, на кошаркарски натпревар во Белград носеше маица со натпис „студентите се шампиони“, а сподели и слики од масовните протести со коментар „Историја, неверојатно“.
Српските таблоиди одговорија нарекувајќи го „лажен патриот“ и го обвинија дека ја поддржува таканаречената „обоена револуција“.
Според порталот „Тенис24“, Ѓоковиќ сега ги запишал својот 11-годишен син Стефан и осумгодишната ќерка Тара во колеџот Сент Лоренс, британско независно училиште во Атина, и нашол постојан дом во јужните предградија на градот.
Вчера, тој беше виден во тенискиот клуб Кавури, каде што играше со својот син во апостолки и им позираше на фото репортерите, и наводно размислува за полноправно членство во тој клуб или во клубот „91 Athens Riviera“.
Гласни се и шпекулациите дека Ѓоковиќ ќе аплицира за грчка „Златна виза“, која дава престој во замена за инвестиции. Тој веќе двапати се сретнал со премиерот Киријакос Мицотакис, последниот пат на островот Тинос.
Иако српскиот претседател се обиде да ги смири тензиите, инсистирајќи дека никогаш нема да зборува лошо за Ѓоковиќ, промената во домашните извештаи означува остар пресврт за тенисерот кој некогаш беше идолизиран во својата татковина.
Foto/ epa