Спорт
Проблем за Милан, се повреди Рафаел Леао
Фудбалерот на Милан, Рафаел Леао го повреди десниот бутен мускул и ќе биде надвор од терените неколку недели.
„Тоа е повреда од прв степен“, објави Милан, но не прецизираше колку време ќе отсуствува португалскиот фудбалер.
Италијанските медиуми објавија дека Леао би можел да биде надвор од терените помеѓу две и три недели.
Леао се повреди во саботата, во осмата минута од натпреварот против Лече во кој неговиот тим имаше предност од 2:0, на крајот некако успеа да спаси еден бод (2:2).
Леао постигна четири гола оваа сезона.
Леао ќе остане во Милано и нема да биде со репрезентацијата на Португалија во номеврискиот квалификациски циклус за пласман на ЕП 2024 година.
Тој може да пропушти најмалку два натпревари, против Фиорентина на 25 ноември во првенството и три дена подоцна против Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите.
Клубот од Милано објави и дека капитенот Давиде Калабрија се здобил со полесна повреда на потколеницата, поради која би можел да ги пропушти претстојните натпревари на италијанската репрезентација против Македонија и Украина во квалификациите за ЕП во Германија во 2024 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Шампионот загуби од Шкупи, Шкендија избори квалификации во КЛ, Вардар ќе игра бараж за опстанок
Фото/ fcstruga.com
Спуштена е завесата на сезоната 2023/2024 во Првата македонска фудбалска лига. Струга ја одбрани титулата, а второто место го освои Шкендија.
Струга во претходното коло, со победата над Шкендија ја одбрани титулата, па за овој тим дуелот со Шкупи на домашен терен немаше никаква важност. Шкупи победи во Струга со 2:1.
Головите за Шкупи ги постигнаа Рамани во деветата и Аворњо во 51 минута. Голот за шампионот го постигна Шабани во 30. минута. изедначи на 1-1.
Шкендија во Скопје го победи Работнички со 2:0. Стрелци беа Красниќи во 34. минута и Аганспахиќ во 72. минута. Со овој триумф Шкендија се избори за место во квалификациите за Конференциската лига.
Од лигата испаднаа Брегалница и Македонија ЃП, а бараж за опстанок ќе игра Вардар.
Резултати, 33. коло:
Струга Трим Лум – Шкупи 1-2
Работнички – Шкендија 0-2
Вардар – Тиквеш 2-2
АП Брера – Македонија ЃП 5-3
Брегалница – Силекс 1-1
Воска спорт – Гостивар 1-1
Табела:
Спорт
(Видео) Марко Ројс со гол се прости од „Вестфален“
Легендата на Борусија Дортмунд, Марко Ројс постигна гол на својот последен натпревар за „милионерите“ во Бундеслигата.
Тимот од „Вестфален“, го пречека тимот од Дармштад кој одамна испадна од Бундес лигата и славеше со 4:0.
Ројс не можеше да има подобро збогување од навивачите. го постигна вториот гол во 18.минута.
Марко Ројс својот последен меч за Борусија Дортмунд ќе го одигра на „Вембли“, кога „милионерите“ во финалето на Лигата на шампионите ќе се сретнат со Реал Мадрид.
MARCO REUS https://t.co/v1V07JgTsH pic.twitter.com/tuK5kmytzp
— MUFTI MESSI🇰🇲 (@FahadPulga) May 18, 2024
Спорт
Де Зерби заминува од Брајтон
Италијанскиот тренер Роберто де Зерби (44) ќе го напушти Брајтон на крајот од актуелната сезона, потврдија од клубот.
Де Зерби ќе се прости од навивачите на неделниот натпревар помеѓу Брајтон и Манчестер јунајтед.
Италијанецот го предводеше Брајтон од средината на септември 2022 година.
Ќе биде интересно да се види каде Де Зерби ќе ја продолжи кариерата. Медумите тврдат дека заминува бидејќи има понуда од некој поголем, посилен и поамбициозен клуб.