Спорт
Проблем за Њукасл, Ботман ја заврши сезоната

Њукасл на подолг период остана без Свен Ботман. Поради повреда дефанзивецот ќе го пропушти и Европското првенство во Германија.
Свен Ботман се повреди против Манчестер сити, во четвртфиналето во ФА купот. Теренот го напушти во 82.минута. Клубот потврди дека го скинал предниот вкрстен лигамент во десното колено.
Ботман претходно имаше проблем со десното колено, поради што не играше три месеци. Дефанзивецот ќе мора да биде опериран, а рехабилитацијата ќе трае помеѓу шест и девет месеци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Кунде херој, Барселона го освои Купот на Кралот

Фудбалерите на Барселона го освоија трофејот во Купот на Кралот, откако во финалето во Севилја го победија Реал Мадрид со резултат од 3:2 (1:0).
Барселона со тоа го освои вториот трофеј во сезоната, откако во јануари го победи Реал Мадрид со 5:2 во финалето на шпанскиот Суперкуп.
Претходно, во првиот дел од сезоната, тие го победија својот најголем ривал на „Сантијаго Бернабеу“ со 4:0.
Хројот на Барселона е Жил Кунде кој го постигна голот за победа во 116.минута.
Лука Модриќ испрати лошо додавање до Брахим Диас, Кунде ја пресече топката,шутираше на прва и го постави конечниот резултат.
Спорт
Баерн може да почне да ја слави титулата, котраверзна победа на Борусија кај Хофенхајм

Чудо треба да се случи во Бундес лигата за Баерн да не ја освои 34. шампионска титула. Во 31.коло, Баерн го победи Мајнц со 3:0, а Баер Леверкузен со 2:0 славеше над Аугсбург. Баварците ја задржаа предноста од осум бода пред актуелните шампиони.
Баерн победата над Мајнц ја обезбеди во првото полувреме со головите на Лирој Сане и Михаел Олисе. Победата ја запечати Ерик Даер во 84. минута.
Натпреварот го одбележа големиот јубилеј на легендата на Баерн, Томас Милер.
Тој го одигра својот 500. натпревар во Бундеслигата, сето тоа во дресот на еден клуб. Тој стана само четвртиот играч кој го сторил тоа.
По два последователни нерешени резултати, Леверкузен конечно стигна до победата.
Аугсбург беше поразен со 2:0 со головите на Патрик Шик и Емилијано Буендија, па актуелниот шампион се уште теоретски останаа во трката за титулата.
Борусија Дортмунд со голот на Антон во 95.минута победи кај Хофенхајм со 3.2. Токму голот на Антон ќе предизвика полемика во германската јавност, бидејќи претходно во акцијата имаше очигледен контакт на Чукуемека со голоманот на Хофенхајм.
Спорт
Ѓоковиќ си го распродава угледот, испадна од Арналди во Мадрид

Новак Ѓоковиќ го распродава угледот. Испадна во првиот меч на Мастерсот во Мадрид од Италијанецот Матео Арналди (44. на АТП листата).
Петтиот тенисер во светот, по разочарувачкото издание во Монте Карло, беше брзо запрен и на мадридската земјена подлога.
Матео Арналди, го победи Ѓоковиќ во два сета во второто коло од турнирот во главниот град на Шпанија со резултат 6:3, 6:4 за еден час и 42 минути. Неговиот следен противник ќе биде Дамир Џумхур.
Неизнудените грешки и лошата реализиција на брејк топките придонесоа за поразот на Ѓоковиќ. Српскиот тенисер искористи само една од петте брејк топки, за разлика од него Арналди беше максимален, ги искористи трите брејк шанси. Ѓоковиќ имаше 18 винери и дури 32 неизнудени грешки, премногу за меч во два сета.
Да потсетиме, Новак загуби од Алехандро Табило во првиот мач во Монте Карло а ако се смета и поразот во финалето во Мајами од Јакуб Меншик, ова е негов трет последователен неуспех.