Спорт
Проблем за Зидан, се повредил Бензема

Карим Бензема кој ги постигна последните осум гола за Реал оваа сезона, веројатно поради повреда ја заврши оваа сезона. Повредата на францускиот интернационалец ја потврдиле и клупските доктори.
„Откако ги анализиравме тестовите што беа направени, донесовме заклучок дека Бензема има повреда на мускулот“, стои во соопштението, во кое сепак не се прецизира колкава пауза го очекува Бензема.
Поранешниот француски репрезентативец е најдобриот играч на реал оваа сезона. Тој во целост го искористи заминувањето на Роналдо од клубот.
Интересно, од крајот на март кога Дани Себаљос постигна гол против Уеска, Бензема ги постигна наредните осум гола за својот тим. Историската низа ја прекина во четвртокот против Хетафе (0:0).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Клиперси на српско-хрватски погон победија во Мајами, Денвер не знае како да ја победи Минесота

ЛА Клиперс, предводени од српско-хрватската комбинација, Богдан Богдановиќ-Ивица Зубац го победија Мајами 119:104, а Денвер Нагетс загубија од Минесота 96:115 и покрај тоа што Никола Јокиќ постгна една третина од поените.
Богдановиќ и Зубац имаа „дабл-дабл“ учинок против Мајами. Србинот го одигра најдобриот меч во сезоната (30 поени, 10 скокови, четири асистенции), а Зубац забележа 26 поени и 14 скокови. Одличен беше и ветерант Џејмс Харден со 24 поени, осум скока и 11 асистенции.
Минесота Тимбервулвс дефинитивно се криптониот на Денвер. Третата победа во низа ја забележаа убедливо, откако водеа во текот на целиот меч.
Ентони Едвардс со 29 и Џулуис Рендл со 25 поени ја предводеа Минесота. Јокиќ заврши со 34 поени, осум скока и четири асистенции, но не доби поддршка од соиграчите. Расел Вестбрук уфрли 19 поени, Џамал Мареј 12.
Спорт
(Видео) Атлетико на бизарен начин по изведувањето пенали испадна од ЛШ

Реал, миленик на среќата, успеа да го елиминира Атлетико во драматичен меч на „Метрополитано“ во Мадрид. Бранителот н титулата, победи по изведувањето пенали со 4:2. Претходно натпреварот заврши со резултат 1:0.
Атлетико, вечерва одигра подобро од својот ривал и покрај тоа што поседот на топката беше на страната на Реал. Играчите на Карло Анчелоти упатија само два удари и двата не преставуваа никаква опасност за Јан Облак.
На спротивната страна Тибо Куртоа имаше седум интервенции.
Конор Галагер ја анулира предноста на Реал (2.1) од првиот меч по само 27 секунди игра. Реал најдобрата шанса ја имаше во 70.минута кога ударот на Винисиус од пенал заврши далеку крај стативата.
Пенал серијата ја реши бизарниот пенал на Алварез во втората серија. Аргентинецот се лизна и два пати играше со топката, поради што голот беше поништен.
Претходно во првата погодија Мбапе за Реал и Серлот за Атлетико. Во втората сигурен за Реал беше Белингем. Во третата погодија Валверде и Кореа. Облак му го одбрани идарот на Васкез, а по него Љоренте ја погоди гредата. Конечно Ридигер со ммногу среќа погоди во последната серија и го однесе Реал во четвртфиналето.
Реал Мадрид во четвртфиналето ќе игра против Арсенал.
Спорт
(Видео) Галагер собори многу рекорди во Лигата на шампионите

Атлетико ја анулира предноста на Реал Мадрид од првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите по само 27 секунди игра.
Конор Галагер постигна гол на натпреварот на „Метрополитано“, соборувајќи бројни рекорди во Лигата на шампионите.
Ова беше најбрзиот гол во тековната сезона на најсилното европско натпреварување Исто така ова беше и најбрзиот гол во Лигата на шампионите постигнат од англиски фудбалер, најбрзиот гол на Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите и најбрзиот гол што го примил Реал Мадрид од 2007 година.
Галагер е првиот англиски играч кој постигнал гол во мадридското дерби.