Спорт
Промес уапсен во Дубаи, ќе биде екстрадиран во Холандија
Фудбалерот на Спартак Москва, Квинси Промес, е уапсен во Дубаи врз основа на холандска црвена потерница, потврди портпаролот на холандското државно обвинителство.
Апсењето е поврзано со барањето на Холандија за екстрадиција на Промес поради неговата вмешаност во шверц на кокаин, објави „Де Телеграф“.
Промес веќе извесно време престојува во Дубаи каде учествуваше на тренинг камп со својот клуб. По враќањето на неговиот тим во Русија, Промес беше запрен на граничната контрола на аеродромот во Дубаи на 29 февруари поради бегство од местото на сообраќајна несреќа.
Бил одведен во полициска станица, но пуштен, а во меѓувреме бил виден со својата нова девојка, американската раперка ДримДол, во еден клуб во Дубаи. Самиот напиша рап песна во која ги исмејува апсењата и казните во Холандија, пишува холандскиот портал.
Руските медиуми тогаш објавија дека ќе му биде дозволено да се врати во Русија.
Сепак, врз основа на договорот за екстрадиција меѓу Холандија и ОАЕ склучен во 2021 година, Промес би можел да и биде екстрадиран во Холандија.
Во февруари оваа година, судот во Амстердам го осуди Промес во отсуство на шест години затвор за помагање во шверц на 1.370 килограми кокаин од Бразил во Холандија во 2020 година, преку белгиското пристаниште Антверпен.
Тој претходно беше осуден на година и пол затвор поради обид за убиство на роднина, објавија холандските медиуми.
Поранешниот играч на Ајакс и холандски репрезентативец постигна девет гола на 22 натпревари за Спартак оваа сезона.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Клоп негира дека е кандидат за тренер на Реал
Легендарниот германски стручњак Јирген Клоп повторно мораше да одговори на гласините за неговото преземање на Реал Мадрид.
Откако Чаби Алонсо беше отпуштен, германските медиуми во неколку наврати истакнуваа дека Клоп е фасциниран од големината на Реал Мадрид и дека тоа е единствениот клуб по Ливерпул што не може да одбие.
Сепак, Клоп ги негира овие наводи, иако не може да гарантира дека нема да се предомисли во иднина.
„Дали сум возбуден затоа што Реал Мадрид е заинтересиран за мене? Не, затоа што тие навистина не покажаа интерес, тоа е само медиумски „хајп“. Јас сум доследен и нема да го сменам мислењето преку ноќ. Секако, никогаш не можам ништо да гарантирам и целосно да го отфрлам, но имам 58 години и сум среќен таму каде што сум“, рече Клоп, кој го води фудбалскиот проект на Ред Бул..
Многумина веруваат дека Флорентино Перез ќе продолжи да врши притисок врз Јирген Клоп во наредните месеци и дека Германецот е апсолутен приоритет по неуспешниот експеримент со Чаби Алонсо.
Foto/ depositphotos
Спорт
Милосављев ја остави Србија во игра за вториот круг, Хрватска со една нога е во главната фаза
Србија не успеа да ја победи Австрија, во последното коло во групата, загуби со 25:26. Србите сега навиваат за Шпанија, доколку „црвента фурија“ ја победи Германија, Србите одат понатаму, во спротивно го завршија турнирот. За разлика од Србија, Хрватска не дозволи изненадување, ја победи Холандија со 35:29 и доколку вечерва не се случи мега сензација, Шведска да не слави против Грузија, Хрватите се во следната фаза.
Србија и Австрија одиграа тежок меч, со многу борба и впечатокот е дека Австријците имаа повеќе сила во завршницата.
Речиси во текот на целиот натпревар се играше гол за гол. Неколуку пати имаа и едните и другите по два гола предност, но ниту една од селекции не успеа да се одлепи.
На 10 минути до крајот Австрија прв пат стекна предност од три гола, но Србите не се предадоа, благодарение на Пешмалбек кој постигна два гола кога беше најпотребно и голманот Милосављев, кој му одбрани пенал на Билик на 30 секунди до крајот, Србите г задржаа шансите за место во главната фаза.
Кај Србија блескаше Милосављев со 13 интервенции, Немања Илиќ беше најефикасен со шест гола (сите во првото полувреме), Додиќ постигна четири, Којадиновиќ, Пешмалбек и Ѓукиќ по три.
Голманот Мостл ја предводеше Австрија со 12 интервенции, а најефикасен беше Вагнер со шест гола.
Хрватска ја победи Холандија со 35:29 во второто коло од Европското првенство и се приближи до пласман во вториот круг. За да го потврди пласманот, само треба да Шведска да не загуби од Грузија.
Хрватите имаа одредени проблеми со Холанѓаните, особено во првото полувреме, но кога влегоа во вистински ритам, лесно ја обезбедија победата.
Најдобри стрелци за Хрватска беа Иван Мартиновиќ со девет и Звонимир Срна со шест гола. Кај Холанѓаните, Рутгер Тен Велде беше најефикасен со осум гола.
Спорт
Селекторот го повика Ојлески да ѝ се приклучи на репрезентацијата
Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, во пресрет на мечот со Романија, на Европското првенство, го повика Гоце Ојлески.
Селекторот, мораше да реагира по повредите на Петар Атанасијевиќ и Иван Џонов. Повкот го доби 36-годишникот од ГРК Охрид, кој инаку беше на поширокиот список на Лазаров.
Инаку, Атанасијевиќ се повреди во првиот натпревар шротив Данска, а Џонов вчера против Португалија.
Макеоднските ракометари, утре од 18 часот ќе играат против Романија.
Foto/ EPA

