Спорт
Пропадна договорот за трансфер на Барди во Олимпијакос
Македонскиот репрезентативец Енис Барди најверојатно нема да реализира трансфер во грчкиот гигант Олимпијакос. Како што информира „Мундо Депортиво“, преговорите меѓу двата клуба пропаднале во последен момент.
Олимпијакос понуди 3 милиони евра оштета, плус 1,5 милион во бонуси, а Леванте беше согласен да го продаде за оваа сума. Најверојатно дека Грците сепак во последен момент понудиле помалку пари.
Енис Барди требаше да се согласи и на двојно помала плата од таа што ја има во Леванте. Раководството на Олимпијакос на македонскиот играч за врска му понуди 700.000 евра годишно.
Сепак, според најновите информации, трансферот нема да се реализира.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
„Познат играч на Милан претепа девојка, имаме видео“
Масимо Гилети е едно од најпознатите ТВ-лица во Италија, често бил вклучен во разоткривање на многу скандали, па дури и мафијашки.
Тој е и голем навивач на Јувентус, а сега излезе во јавноста со информација дека „познат фудбалер на Милан претепал девојка“.
Гилети го изјави ова, ни помалку ни повеќе, туку директно во телевизиската програма Раи 3.
„Познат играч на Милан претепа девојка, имаме видео“, изјави Жилети.
Наводно, инцидентот се случил во приватен дел од познат ноќен клуб во Милано, каде парот се дружел со пријателите.
Како што истакнува Гилети, на видеото јасно се гледа како се уште неименуваниот играч на Милан ја соборува девојката на земја, а потоа ја крева од подот и ја удира.
„Видеото е испратено до нашиот уреднички тим, нема сомнеж кој е на видеото, не можете да ставате црвена боја на лицето (италијанските фудбалери секоја година го истакнуваат проблемот со насилството врз жените) и да правите вакви работи. Тоа значи дека не сте дел од овој систем“, истакна Гилети и подвлече:
„Тоа се многу сериозни снимки и решивме засега да не ги објавуваме. Ќе продолжиме да се занимаваме со овој случај“.
Спорт
Литванците немаат намера да го натурализираат Дианџело Расел
Кошаркарскиот сојуз на Литванија ја одби опцијата да го натурализира играчот на Лос Анџелес Лејкерс, ДиАнџело Расел.
Плејмејкерот истакна дека е заинтересиран да игра за репрезентацијата на Литванија бидејќи неговата девојка Лаура Иваниускас со која има две деца е со литванско потекло.
Расел бил видно заинтересиран да добие литванско државјанство, па во својата објава на социјалните мрежи напиша „ајде да го направиме тоа“.
Желбата нема да му биде исполнета, бидејќи Литванците немаат намера на Расел да му дадат државјанство со кое би имал право да настапува за оваа репрезентација.
„Одлуката на стручниот штаб на националниот тим и селекторот Римас Куртинаитис, како и менаџерот на репрезентацијата Линас Клеиза е дека нема потреба да биде ангажиран Расел. Нивниот став е дека Литванија треба да се сврти кон кошаркарите од сопствената земја. Ако мене ме прашувате тоа е вистинскиот пат“, изјави претседателот на Кошаркарскиот сојуз на Литванија, Миндаугас Балциунас.
Инаку, Литванците во својата репрезентација имаат еден играч кој потоа добил државјанство, тоа е Игнас Браздеикис, кој е роден во САД, но неговите родители се Литванци.
Во својата трета сезона во Лос Анџелес Лејкерс, Расел има просек од 11,5 поени со 4,9 асистенции и 2,3 скока за околу 27 минути на паркетот.
Спорт
Андре Онана хуманитарец на годината
Андре Онана, голманот на камерунската репрезентација и Манчестер јунајтед ја освои овогодинешната награда на Унијата на професионални фудбалери (ФИФПРО) за позитивно влијание врз животите на другите.
„Неговата фондација обезбедува бесплатни медицински услуги и операции низ субсахарска Африка, помагајќи им на речиси 500 деца годишно“, пишува во денешната објава на ФИФПРО на социјалната мрежа „Х“.
ФИФПРО донираше 10 илјади долари на неговата фондација.
„Кога ја основав фондацијата, идејата беше да им помогнам на слепите деца во Камерун. Добивме голема поддршка и оттогаш таа прерасна во невладина организација (НВО) која обезбедува услуги за деца и возрасни во непривилегираните заедници. Носиме лекари и хирурзи, главно од Шпанија, да оперираат во Африка. Во јули оваа година им помогнавме на над 350 луѓе во Јаунде, додека во претходните три години извршивме над 1.200 операции. Овозможуваме и можност за образование на децата без родители“, рече Онана.
Андре Онана е член на Манчестер јунајтед од јуни минатата година, а претходно настапуваше за Интер и Ајакс.