Спорт
Проштално писмо на Стефан Ристовски: „Ќе дишам со Динамо“

По четири и пол години, македонскиот дефанзивец Стефан Ристовски (33) ја заврши кариерата во Динамо, официјално објави клубот на својата интернет страница.
Во Динамо одигра 185 официјални натпревари со седум гола и 21 асистенција. Ако се додадат и пријателските, бројката се искачува на 206 настапи.
За четири и пол години во Максимир освои четири хрватски првенства (2020/21, 2021/22, 2022/23, 2023/24), два Купа на Хрватска (2020/21, 2023/24) и два Суперкупа (2022, 2023). Тој исто така беше член на идеалниот тим на СуперСпорт ХНЛ во три последователни сезони.
Ристовски се прости од Динамо
Секогаш гордо го носеше на теренот дресот на Динамо и на крајот стана еден од кокапитените на тимот, велат во прошталното соопштение од Максимир, посветувајќи му специјално видео на Ристовски. Во тоа видео Ристовски го чита писмото што го напишал до семејството и навивачите на Динамо. „Индекс“ го пренесе во целост:
„Почитувани сини, драги Динамо.
Ви благодарам што ме прифативте мене и моето семејство како свои, со љубов, поддршка, почит и пријателство. Колку убава приказна беше тоа, прекрасна лекција за спортот, емоциите, но и за животот. Ви благодарам за тоа од дното на моето срце.
Во текот на мојата кариера работев напорно, ги почитував и ги бранев нашите бои на и надвор од теренот. Почитувани односи со навивачите, со соиграчите, така ме научија родителите и така ги учам моите деца кои растеа и се радуваа заедно со Динамо.
Освоивме многу трофеи, постигнавме историски успеси и многупати се докажавме во Европа. Ја имав ретката чест и можност да бидам капитен на мојот сакан тим и одиграв преку 180 натпревари за овој голем клуб.
Драги фанови, вие ќе останете засекогаш во моето срце, како и нашите бои, знамиња, шалови. А со нашиот победнички стил, така ме научи со љубовта кон Динамо.
Што да се додаде и да се скрие тагата. Се разделуваме како пријатели, како двајца луѓе кои се сакаат. Засекогаш гордо ќе ги носам нашите бои и секогаш ќе дишам Динамо. Еден цитат ме води во животот – нема предавање. Пред се Динамо.
Благодарам Блу, благодарам Динамо, благодарам Загреб. Благодарам на народот и државата Хрватска. Твојот Рајл те сака“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ливерпул ќе реализира уште еден 100+ милиониски трансфер

Ливерпул не планира да запре во актуелниот преоден рок. Откако клубот го урна трансфер рекордот за Флоријан Вирц, според медиумите „црвените“ се подготвени да потрошат уште 117 милиони евра.
Сагата околу Флоријан Вирц заврши со хепиенд за Ливерпул. Клубот со бонусите за германскиот репрезентативец на Баер Леверкузен ќе му плати 136,5 милиони евра. Ова е не само најголемиот трансфер во историјата на клубот, туку и најголемиот трансфер во Премиер лигата.
Инаку претходно во клубот за 40 милиони евра пристигна Џереми Фринпомг, а се очекува да потпише и левиот бек на Борнмут, Милош Керкез.
Следна цел на Ливерпул е фудбалерот на Њукасл, Ентони Гордон.
Како што тврдат новинарите на „Сан“, Арне Слот дал зелено светло и сака да види англискиот репрезентативец во својот тим.
Минатиот октомври, Гордон потпиша нов договор со Њукасл, а во овој клуб пристигна од Евертон во јануари 2024 година за околу 60 милиони евра.
Тој одигра клучна улога во тимот на Еди Хау минатата сезона, постигна шест гола и запиша пет асистенции, со што му помогна на клубот да се врати во Лигата на шампионите.
Наводно фудбалерот има голема желба да ја продолжи кариерата на „Енфилд“, и покрај фактот дека играше за лутиот ривал Евертон.
Доколку челниците на Ливерпул го комплетираат овој трансфер, јасно е дека ќе бидат фаворити број еден за нова титула во Премиер лигата.
Спорт
Џеко се премисли ја одби Болоња, се сели во Фиренца

Един Џеко се премисли, нема да ја засили Болоња, туку кариерата ќе ја продолжи во Фиорентина.
Џеко има 39 години, но сè уште игра фудбал на високо ниво, поради што разни клубови покажаа интерес за неговите услуги откако тој стана слободен играч.
Како што стојат работите, новиот клуб на напаѓачот од Босна и Херцеговина треба да биде Фиорентина.
Според италијанскиот новинар Никол Скира, Џеко се договорил со тимот и Фиренца, со која ќе потпише договор на две години со годишна плата од два милиони евра.
Кога ќе бидат решени административните работи, сега веќе поранешниот фудбалер на Фенербахче ќе стане нов член на тимот од Серија А.
Фиорентина ќе биде третиот клуб во Серија А, претходно играше за Рома и Интер.
Спорт
(Видео) Двајт Хауард се тепаше на баскет

На почетокот од новата сезона во кошаркарската лига „BIG3“ во САД, се случи тепачка, која фрли сенка врз овој спектакл во Чикаго.
За време на натпреварот помеѓу екипите Лос Анџелес Рајотс и Мајами 305, Двајт Хауард и Ленс Стивенсон се тепаа на теренот.
Се започна со вербална пресметка, која набрзо се претвори во сериозен физички инцидент. Набрзо, сите други актери на теренот се обидоа да ја смират ситуацијата и да ги разделат играчите.
Ситуацијата излезе од контрола, па двајцата кошаркари продолжија со пресметката на трибините, додека публиката се помести на пристојно растојание поради лична безбедност.
За да биде поинтересно, Хауард беше примен во Куќата на славните пред само неколку месеци заедно со Кармело Ентони, па вакви вакво однесување никако не му оди во прилог.
Dwight Howard and Lance Stephenson get ejected for a scuffle in their @TheBIG3 debuts 🤬 pic.twitter.com/rm6UxgQW9o
— Ballislife.com (@Ballislife) June 14, 2025