Спорт
Протестите во Чиле го селат финалето на Копа Либертадорес во Европа?
Една година подоцна фудбалот во Јужна Америка повторно се соочува со истото прашање, каде ќе се игра финалниот меч во Копа Либертадорес?
Минатата година од безбедносни причини Ривер Плата и Бока Јуниорс реваншот го одиграа во Мадрид. Како стојат работите, и оваа година завршниот меч во Копа Либертадорес би можел да биде одигран на европска почва.
Оваа година првпат во историјата победникот ќе биде решен во еден натпревар. За титулата оваа година ќе се борат Ривер Плата и Фламенго на 23 ноември.
КОМЕБОЛ за домаќин го одреди Сантјаго де Чиле, но бидејќи во Чиле секојдневно се одржуваат протести, од Федерацијата се загрижени за безбедноста.
„Ме загрижува ситуацијата во Чиле. Се надеваме дека сè може да се реши по мирен пат поради нивната земја и нивниот народ, а и поради нас за да бидеме сигурни каде ќе играме“, рекол тренерот на Ривер Плата, Марсело Галјардо.
Влезниците за финалето, акредитациите за медиумите, резервациите за хотелите – сето тоа е веќе завршено пред да почнат големите протести во Чиле.
Протестите почнаа пред две недели поради зголемувањето на цената на билетите за метрото во главниот град.
Демонстрантите бараат и зголемување на платите и пензиите, подобрување на состојбите во здравството и образованието. Најавите се дека протестите ќе траат сè додека претседателот Себастијан Пињера не поднесе оставка.
И покрај ваквата ситуација, од чилеанската влада истакнале дека финалето на Копа Либертадорес ќе се игра во Сантјаго де Чиле.
Како и да е, КОНМЕБОЛ има уште 22 дена ја реши целата ситуација, која не зависи само од оваа организација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Дубаи има договор со најдобриот европски шутер
Кошаркарскиот клуб Дубаи сериозно се подготвува за новата сезона. Откако, како што објави „Естандо“, клубот постигна договор со Ели Окобо, договор за следната сезона има и Андреас Обст.
Договорот на германскиот „снајпер“ со Баерн истекува во јуни оваа година и се чини дека тој е подготвен да го нплати својот квалитет.
Обст кој наскоро ќе наполни 30 години, има просек од 15,5 поени по натпревар оваа сезона, а неговиот процент на шут за три поени е импресивни 41 процент.
Foto/ depositphotos
Спорт
Леброн: Не знам дали ќе играм следната година
Леброн Џејмс, еден од најдобрите кошаркари во историјата, ја игра својата 23-та сезона во НБА.
Асот на Лејкерси беше во центарот на вниманието на медиумите за време на Ол-стар натпреварот во Лос Анџелес, а главното прашање беше, секако, дали ќе игра следната сезона.
„Сакам да живеам. Кога ќе знам, ќе знаете и вие. Не знам во моментов. Немам поим“, истакна Џејмс.
Леброн има 41 година. Ова е последната година од неговиот договор со Лејкерси, во кој треба да добие 52,6 милиони долари.
„Целосно сум фокусиран на оваа сезона. Сакам да влеземе во плејофот и да се бориме за титулата. Се надевам само дека ќе останеме здрави, бидејќи тоа е предуслов за секој квалитетен настап“, заклучи Џејмс.
Foto/ depositphotos
Спорт
Капитенот на Њукасл на долга пауза поради повреда
Бруно Гимараеш од Њукасл Јунајтед ќе отсуствува околу два месеци откако заработи повреда на тетивата.
Фудбалерот од средниот ред се повреди за време на натпреварот од 26-то коло од Премиер лигата против Тотенхем. Њукасл славеше, а капитенот се повреди на самиот крај од натпреварот.
Ова беше негов втор натпревар откако се опорави од повреда на глуждот. Скенирањата потврдија дека Бразилецот го очекува подолга пауза, што е голем удар за Њукасл.
Њукасл ја победи Астон Вила во четвртото коло од ФА Купот, а следниот натпревар ќе го игра како гостин на Карабаг во првиот натпревар од плејофот за осминафиналето на Лигата на шампионите.
Тимот на Еди Хау е на 10-то место на табелата во Премиер лигата со 36 бода.
Foto/ depositphotos

