Спорт
Прв триумф за тандемот Ивановски – Бугариќ на турнирот во Скопје
Македонските тенисери Калин Ивановски и Берк Бугариќ остварија триумф во игра на двојки против тандемот од Индија на денешниот меч од Челенџер турнирот во Скопје.
Ивановски и Бугариќ триумфираа против Раџа Пурав и Дивиј Шаран од Индија со 2:1 во сетови (4:6, 6:1, 10:7).
Тие го загубија првиот сет, но покажаа надмоќна игра во вториот, а потоа и славеа со 10:7 за комплетирање на мечот.
За пласман во полуфиналето, Ивановски и Бугариќ ќе играат Петр Ноуза и Ендрју Полсон од Чешка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Хамилтон го критикува претседателот на ФИА
Седумкратниот светски шампион во Формула 1, возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, го критикуваше претседателот на Меѓународната автомобилска федерација (ФИА) Мохамед Бен Сулејем.
Луис Хамилтон, изјави дека возачите звучат како „рапери“ кога пцујат кога преку радио пораки комуницираат со своите тимови.
Бен Сулејем рече дека се обидува да воведе промени, за да ги намали лошите зборови што ги емитува Формула 1 менаџментот (ФОМ). ФОМ ги контролира сите содржини што се емитуваат во текот на натпреварувачката сезона.
„Мораме да правиме разлика помеѓу нашиот спорт и рап музиката. Знаете, ние не сме рапери. Тие пцујат, го кажуваат зборот Ј, колку пати во минута? Ние не сме такви. Тие се тие, ние сме ние “, рече тој..
Хамилтон рече дека ја разбира загриженоста за прекумерното пцуење, но дека има „елемент на расизам“ во рап музиката.
„Тоа што го кажа, не ми се допаѓа како го кажа. Со тоа што кажувате рапери, тоа е стереотипно, бидејќи повеќето рапери се црнци. Тоа сугерира дека „не сме како нив“ и мислам дека тоа е погрешен избор на зборови и таму има елемент на расизам. Се согласувам дека работите треба да се решат, но добро е да покажеме некои емоции бидејќи ние не сме роботи“, рече Хамилтон, пренесе „Скај Спортс“.
Во текот на преносот во неколку наврати се емитуваат пораките кои возачите и тимовите ги разменуваат, па гледачите имаат увид во стратегиите и ситуациите на патеката.
Хамилтон, кој ретко користи несоодветен јазик на радио, рече дека ги избира своите зборови затоа што знае дека децата ги гледаат трките.
Формула 1 шампионатот продолжува викендов со трката за ГН на Сингапур во недела од 14 часот.
Спорт
Капело: Ибрахимовиќ мора да сноси одговорност во Милан
Звонимир Бобан неодамна даде интервју за италијанска „Газета дело Спорт“ во кое изјави дека не знае каква е улогата на Златан Ибрахимовиќ во неговиот поранешен клуб Милан.
Ибрахимовиќ го посети студиото на „Скај Спортс“ пред натпреварот помеѓу Милан и Ливерпул (1:3) и му одговори на Бобан.
„Дури ни Бобан не знае која е мојата улога. Сега ќе објаснам. Мојата улога е едноставна, вклучува многу разговор. Јас сум одговорен, јас сум газда и сите работат за мене. Глувците не се внатре во тимот, тие се надвор од него“, изјави во свој стил Ибрахимовиќ.
Зборовите на Ибрахимовиќ ги коментираше и Фабио Капело, кој истакна дека мора да понесе и одговорност.
„Го проучував минатото кога го презедов тимот, но внесов и свои идеи. Мора да направите вино од грозјето што го берете. Во Милан би требало да прашаме кој е одговорен за трансфер стратегијата. Ибра рече дека тој е на чело, па мора и тој да има одредена одговорност“, рече Капело, а потоа продолжи:
Ако ја освоите титулата, треба да се надградувате на тие основи, а не да ги уништувате. Во изминатите години потпишаа многу офанзивни играчи, но каде се играчите од средниот ред и центарфорите кој ќе игра во шеснаесетникот?
Алваро Мората е многу различен од Оливие Жиру, затоа клубот и тренерот мора заедно да направат тактичка промена. Во Милан гледам 11 играчи расфрлани низ теренот, а не тим. Така беше и минатата сезона“, смета Капело.
Спорт
Поради Мбапе, Реал им ги зголеми платите на Белингем и Винисиус
Реал Мадрид за по пет милиони евра им ги зголеми платите на Џуд Белингем и Винисиус Жуниор. Англичанецот и Бразилецот со ова покачување ие изедначија со Килијан Мбапе. Реал Мадрид се реши на ваков потег за да спречи евентуално незадоволство во соблекувалната, пишуваат шпанските медиуми.
Мбапе во Реал пристигна како слободен играч, па клубот бидејќи не мораше да потроши цело богатство за тој трансфер, му даде и голема плата. Со нето плата од 15 милиони евра беше меѓу најплатените, а сега исто толку ќе добијат и Белингем и Винисиус, па причина за љубомора во тимот меѓу тројцата не би требало да има.
Во однос на нивните перформанси, Мбапе и Винисиус одиграа по седум натпревари од стартот на сезоната. Французинот постигна пет гола, а Бразилецот три гола со четири асистенции. Играчот од средниот ред Белингем, кој минатата сезона воодушеви со 23 гола и 13 асистенции, се враќа од повредата. Досега одигра три натпревари и забележа една асистенција.