Спорт
Првпат битка за кошаркарската титула во Битола
МЗТ Скопје Аеродром поведе во финалната серија од домашниот кошаркарски плеј-оф откако го доби воведниот натпревар на домашен терен убедливо со 91:76. Битката за трофејот денеска е преселена на теренот на Пелистер со што за првпат во градот има пресметка за кошакракрскиот трофеј.
За Пелистер е исклучително важно да забележи успех во денешниот дуел за да си обезбеди подолга финална серија. Ако не го стори тоа, МЗТ ќе биде на чекор до деветтата титула со оглед дека третиот натпревар на 7. јуни е закажан во салата „Јане Сандански“ каде за битолскиот состав ќе биде многу тешко да направи брејк и да го спречи новото славје на аеродромци.
Кошаркарите на Пелистер во обидот да дојдат до поволен резултат вчера прошетаа низ Широк Сокак, побараа поддршка во битката за тронот, ветија добра игра, па се очекува денеска (18.30 часот) салата „Боро Чурлевски“ да биде исполнета.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ливерпул ја одредил цената за Дарвин
Дарвин Нуњез неодамна ги шокираше навивачите на Ливерпул со тоа што на Инстаграм ги избриша сите свои фотографии во дресот на клубот. За многумина Ургваецот со овој потег го најавил своето заминување од „Енфилд“.
Шпанските медиуми тврдат дека Нуњез ќе го апушти клубот во летниот преоден рок. Овие извори не ја исклучуваат можноста тој да ја засили Барселона. Наводно и ЛИверпул веќе ја одредил цената за напаѓачот.
Нуњез пристигна во Ливерпул во сезоната 2022/23, за клупски рекорд од 85 милиони евра. Со бонусите трансферот може да дојде и до 100 милиони евра. Уругваецот потпиша договор до летото 2028 година.
Сумата за која Ливерпул би бил подготвен да се откаже од Нуњез е 85 милиони евра.
Барселона во моментов ги нема тие пари, но би можела да ги заработи со прдожбата на неколку играчи во преодениот рок.
Спорт
Феникс Санс го отпушти Франк Вогел
Феникс Санс го отпуштија тренерот Френк Вогел, 11 дена откако беа поразени во првото коло од плеј-офот од Минесота.
„По внимателен преглед на сезоната, заклучивме дека ни треба поинаков тренер за нашиот тим. Ја цениме напорната работа и посветеноста на Френк“, рече генералниот директор на Санс, Џејмс Џонс.
Вогел ја плати цената за катастрофалната серија на Санс во плејофот, бидејќи тие беа поразени од Минесота со 4:0.
Феникс забележа 49 победи во регуларниот дел од сезоната, но сето тоа пропадна со раната елиминација во НБА плејофот.
Вогел на почетокот на сезоната дојде во тимот од Аризона, а претходно работеше со Лејкерс, Орландо и Индијана.
Поранешниот тренер на Милвоки Бакс, Мајк Буденхолцер, како што тврди ЕСПН е најсеризен кандидат за нов тренер на франшизата од Аризона.
Спорт
Борусија ќе заработи повеќе ако загуби од Реал во финалето
Борусија Дортмунд и Реал Мадрид ќе се сретнат на 1.јуни на „Вембли“ во финалето на Лигата на шампионите.
Реал во своето 18.финале ќе се обиде да го освои 14. трофеј, додека Борусија трет пат ќе се бори за титулата во ЛШ. „Милионерите“ имаат една титула.
Сепак, ако на дуелот во Лондон се гледа само од финансиска перспектива, на Борусија повеќе и се исплати да загуби!
УЕФА победникот ќе го награди со 20 милиони евра, додека поразениот клуб ќе заработи 15,5 милиони евра.
Доколку загуби Борусија ќе добие дополнителни 25 милиони евра, но не од УЕФА туку од Реал.
Џуд Белингем, минатото лето за сума од 103 милиони евра, од Борусија се пресели во Реал. Во неговиот договор има клаузула според која Реал мора да и исплати на Борусија дополнителни 25 милиони евра доколку Белингем со Реал ја освои Лигата на шампионите во наредните пет години.