Спорт
ПСЖ го изддржа камбекот на Флензбург
Пари Сен-Жермен ја забележа својата четврта победа во последните пет меча во ЕХФ Лигата на шампионите, триумфирајќи со 33:30 против Флензбург во второто вечерно дерби.
По израмнетиот старт, ПСЖ имаше 5-0 серија за од 4:4 да поведе со 9:4, предност која потоа ја оддржуваа до последните 10 минути од мечот, кога Флензбург успеа да се врати на само гол разлика (31:30), пред тимот на Раул Гонзалес да ја запечати победата. Дали таа ќе биде доволна да се стигне до првите две места кои директно носат во четврт-финалето, останува да се види.
Лук Стеинс имаше 7 гола за ПСЖ, а по пет дадоа Микел Хансен, Камил Сипжак и поранешниот вардарец, Даинис Криштопанс. Од другата страна, Франц Земпер заврши со 7 гола, а Хампус Ване со 5.
ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ
ГРУПА А
Пик Сегед – Мешков Брест 28:26 (16:14)
(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-2465-37565”));
ГРУПА Б
Порто – Динамо Букурешт 31:32 (12:12)
Пари Сен-Жермен – Флензбург 33:30 (17:13)
(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-2466-37565”));
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Манчестер јунајтед не бил толку лош од 1986 година
Манчестер јунајтед игра уште една лоша сезона. Ни смената на тренерот не ги подобрија резултатите.
Кризата во клубот трае цела деценија, од моментот кога сер Алекс Фергусон замина во пензија.
Ситуацијата во таборот на „црвените ѓаволи“ не се подобри ниту со заминувањето на Ерик тен Хаг, односно со доаѓањето на Рубен Аморим,. Борнмут викендов го декласира Јунајтед со 3:0.
Манчестер јунајтед го бележи најлошиот пласман во Премиер лигата во периодот пред Божиќ од 1986 година, открива Опта.
Овогодинешното 13-то место на табелата е најлошата позиција на Јунајтед во овој момент од сезоната од дебитантската сезона на Алекс Фергусон, кога беа на 15-то место.
Иако ситуацијата е многу лоша, Аморим не се очекува да биде под притисок поради состојбата во која се наоѓа тимот, а ќе биде интересно да се види какви потези ќе повлечат клупските челници во јануарскиот преоден рок.
Откако пристигна во Манчестер од Лисабон, Аморим има четири победи, едно реми и четири порази.
Во наредната рунда, на 26 декември, Манчестер јунајтед ќе гостува во Вулверхемптон.
Спорт
Со злато веслачите на Горица Ремо ја завршија овогодинешната сезона
Викендов во Палиќ, Република Србија се одржа ROWLE ERGO штафета 2024 во склоп на проектот ROWLE како дел од програмата Interreg VI-A помеѓу Унгарија и Србија.
Ова забавно и возбудливо натпреварување Rowle Ergo Relay се одржа во салата на училиштето „Шандор Петефи“ во Бачки Виноград, каде што учество зедоја преку 250 учесници од Србија, Унгарија и Македонија.
Штафетниот формат подразбира секоја екипа да биде составена од четири членови, кои што заедно треба да извеслаат 2000 метри, така што секој член на екиптата треба да извесла 500 метри. Овој концепт не само што е забавен, поради брзата замена на ергометрите, туку и поттикнува и меѓусебна поддршка и мотивација.
На покана на Веслачкиот клуб Палиќ, охридските веслачи учествуваа на овој штафетен натпревар во кадетска и сениорска конкуренција. Кадетот Андреј Крстески во штафета со веслачи од В.К Палиќ го освои 13 место, додека Исабела Димоска и Александра Маленкоска заедно во штафета со веслачки од ВК Бегеј и ВК Палиќ извеслаа до златиот медал.
Целта на овој проект е промоција на веслањето, здравиот начин на живот како и јакнењето на прекуграничните професионални и пријателски односи.
Спорт
Барселона две недели без Торес
Фудбалерот на Барселона, Феран Торес ќе отсуствува две недели поради повреда на стапалото на десната нога, пренесуваат шпанските медиуми.
Торес се повреди пред три дена на натпреварот од 18. коло на Ла Лига помеѓу Барселона и Атлетико Мадрид (1:2).
Барселона соопшти дека Торес во текот на денот бил подложен на дополнителни лекарски прегледи, по што било утврдено дека фудбалерот е повреден.
Сепак, од каталонскиот клуб не прецизираа колку Торес ќе треба да отсуствува од теренот.
Шпанските медиуми пренесуваат дека фудбалерот на Барселона ќе мора да го пропушти осминафиналето од Копа дел Реј против Барбарстро, кој е закажан за 4 јануари следната година.
Торес треба да биде подготвен за полуфиналето од Суперкупот на Шпанија против Атлетик Билбао кое ќе се одигра на 8 јануари во Џеда.