Спорт
ПСЖ го „мерка“ Маркус Турам

Пари Сен Жермен е принуден да бара нови решенија по заминувањето на Килијан Мбапе.
Извештај од Италија сугерира дека клубот од Париз е заинтересиран за напаѓачот на Интер, Маркус Тирам.
Оваа сезона ја започна брилијантно, на седум натпревари во Серија А постигна исто толку голови со три асистенции.
Во моментов е стрелец во Серија А со Матео Матео Ретеги од Аталанта.
Головите и асистенциите секако го привлекоа вниманието за 27-годишниот Тирам.
Сепак „светците“ нема да имаат лесна работа, би требало да платат најмалку 80 милиони евра колку што е неговата моментална пазарна вредност.
Она што засега е евидентно е дека Тирам не би инсистирал да го напушти Интрер со кој има договор до јуни 2028 година. Трансферот е можен во случај наредното лето Интер да го донесе Џонатан Дејвид од Лил, кој ќе биде слободен играч.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Прашање на денот е кога Саутемптон ќе го отпушти Јуриќ

Британските медиуми се занимаваат со потенцијалниот отказ на Иван Јуриќ во Саутемптон, а „TalkSport“ тврди дека причината е лошиот однос што го има тренерот со неколку играчи.
Саутемптон со секое коло е се поблиску до Чемпионшип, има само девет бода и е последен на табелата во Премиер лигата.
Иван Јуриќ го презеде клубот откако Расел Мартин доби отказ во декември и потпиша 18-месечен договор.
На десет одиграни натпревари, Саутемптон забележа само една победа со Јуриќ, против Ипсвич, кој исто така дојде од Чемпионшип оваа сезона,
Јуриќ има клаузула во договорот што му дава можност на клубот да го отпушти на крајот од сезоната, а веќе се шпекулира дека би можел да биде заменет со тренерот на Шефилд Венздеј, Дени Рол, кој исто така се споменуваше во декември, но во тоа време Саутемптон имаше проблем со откупната клаузула во договорот на Рол.
Дополнителен проблем за Јуриќ е тоа што не успеа да изгради добри односи со играчи кои или не ја разбираат или не сакаат да ја разберат неговата филозофија, како и заладените односи со неколку неименувани играчи.
Спорт
Во загреб фрлена бомба на куќата на фудбалски менаџер

Куќата на Енди Бара, хрватски фудбалски менаџер, била цел на напад на непознат сторител.
Според „Јутарњи лист“, околу 00:50 часот непознато лице фрлило експлозивна направа во дворот на домот на поранешениот фудбалер, сега фудбалски менаџер на улицата Херцеговачка во Загреб.
Нема повредени, но е причинета материјална штета, додаде споменатиот извор. Полициската истрага е во тек.
„Да бидам искрен, ништо не слушнавме. Сите спиевме, дури и децата. Очигледно некој фрлил многу силна петарда, повредено е само кучето. А да беше бомба, како што велат, веројатно половина од куќата ќе беше уништена”, изјави Бара за „Тпортал“.
Бара во текот на својата кариера играше во Шпанија, каде беше во јуниорскиот тим на Валенсија (пред тоа на Динамо), како и во Легија Варшава. Во Полска играше и за Знич од Прушков, каде Роберт Левандовски ја започна својата кариера.
Сепак, тој дури подоцна се прослави како менаџер на други фудбалери. Меѓу сите негови зделки, најмногу се издвојува доведувањето на Дани Олмо во Динамо од младинскиот систем на Барселона.
Спорт
Време е за Мадрилењо во Лигата на шампионите

Првите натпревари од осмина-финалето на Лигата на шампионите ќе се играат во следните два дена, а дерби-натпреварот ќе се одигра вечерва помеѓу мадридските клубови Реал и Атлетико.
Реал Мадрид групната фаза од Лигата на шампионите ја заврши на 11. место на табелата со 15 бода поради што мораше да игра бараж за пласман во осмина-финалето. Тимот на Карло Анчелоти го победи Манчестер сити во два меча во баражот за осмина-финалето на Лигата на шампионите (3:2, 3:1).
Атлетико групната фаза од Лигата на шампионите ја заврши на петтото место на табелата со 18 бода и избори директен пласман во осмина-финалето.
Вчера, двајцата тренери одржаа прес-конференции. Карло Анчелоти и Диего Симеоне си поделија комплименти и најавија дека нивна цел е пласман меѓу најдобрите осум екипи во Европа.
Поголеми кадровски проблеми има Карло Анчелоти. Познато е дека сезоната е завршена за Дани Карвахал и за Едер Милитао, а вечерашниот дуел ќе го пропушти Џуд Белингем поради жолти картони и Дани Себаљос поради повреда. Диего Симеоне ќе го составува тимот без повредените Коке и Цесар Аспиликуета.
Интересно, Реал нема победа над Атлетико во последните седум натпревари.
Лига на шампиони, осмина-финале,
Вторник:
Клуб Бриж – Астон Вила 18.45 часот
Борусија Дортмунд 21 часот
ПСВ – Арсенал 21 часот
Реал Мадрид – Атлетико Мадрид 21 часот
Среда::
Феенорд – Интер 18.45 часот
Баерн – Баер Леверкузен 21 часот
Бенфика – Барселона 21 часот
ПСЖ – Ливерпул 21 часот