Спорт
ПСЖ го претстави Мукиеле како ново засилување
Пари Сен Жермен го презентираше дефанзивецот Норди Мукиеле како ново засилување. Францускиот дефанзивец потпиша договор на пет сезони до летото 2027 година, а трансферот е вреден е околу 16 милиони евра.
24-годишниот дефанзивец е играч кој потекнува од академијата на ПСЖ и се враќа во клубот. Тој може да игра како десен бек, но и како централен дефанзивец.
Né à Montreuil, passé par les équipes de jeunes du Paris FC, @NordiMukiele va retrouver une région qu’il connaît bien. Retour sur son parcours. ????#WelcomeNordi
— Paris Saint-Germain (@PSG_inside) July 26, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Погба и Јувентус ќе ја раскинат соработката
Пол Погба официјално ќе се врати на терените следната година откако и официјално беше потврдено дека сусоензијата од четири години му е намалена на 18 месеци.
Светскиот првак со Франција ќе може да тренира од јануари, а од март 2025 година целосно може да му се врати на фудбалот.
Според Фарбрицио Романо, Јувентус и Погба сега ќе отворат преговори за раскин на договорот и се очекува тој наскоро да биде слободен агент.
Погба беше казнет откако беше позитивен на тестостерон на натпреварот од првото коло минатата сезона кога Јувентус играше со Удинезе.
Спорт
Со „Среќна 13-ка“ на „Спорт лајф“ секој месец добивки до 120 илјади денари
Во обложувалниците на Спорт Лаиф, во тек е акцијата „Среќна 13-ка“, која може да ви донесе премија и до 120 000 денари. Истата ќе се одвива во месечни етапи сѐ до 30 јуни наредната 2025 година.
Акцијата се однесува на тикетите на кои се типувани и погодени 13 натпревари, со минимален коефициент по натпревар од 1,4 и со минимална уплата од 20 денари.
На крајот на секој месец, ако двајца или повеќе обложувачи имаат погодено 13 натпревари на тикет од исто толку типувани, за победник ќе се смета играчот со повисок погоден коефициент на добитниот тикет. Првопласираниот ќе освои 120.000 денари, додека второ и третопласираните 60.000 и 20.000 денари, за секоја месечна етапа посебно.
Акцијата важи исклучиво за несистемски тикети, односно за тикети со една комбинација, и тоа регистрирани со SL клуб-картичката, а во понудата на натпревари се опфатени и натпреварите „Во живо“ и натпреварите од понудата „Супер тип“.
Резултатите и тековните рангирања на обложувачите од „Среќна 13-ка“, можете да ги следите на веб страницата на Sport Life.
ПР текст
Спорт
Навивачите на Сосиедад му се заканија со смрт на Антоан Гризман
Навивачите на клубот Реал Сосиедад му се заканија со смрт на играчот на Атлетико Мадрид, францускиот интернационалец Антоан Гирзман за време на натпреварот од шпанското првенство, објавија француските медиуми.
Фудбалерите на Реал Сосиедад, одиграа нерешено 1:1 против Атлетико Мадрид во неделата вечерта во деветтото коло од Примера.
Гризман, поранешен играч на Реал Сосиедад, беше пречекан во непријателска атмосфера, навивачите на Реал Сосиедад му скандираа „Умри“ и „Гризман е мртов“.
Францускиот напаѓач, кој неодамна се повлече од репрезентацијата, секогаш кога ја имаше топката беше исвиркуван.
Ваквото однесување го натера раководството на Реал Сосиедад на големите екрани на стадионот за време на натпреварот да ја емитува пораката „Не за расистичките песни, ксенофобијата и нетрпеливоста“. Охрабрете го и поддржете го тимот, но почитувајте го противникот“.
Навивачите ја исвиркаа и оваа порака, додаваат француските медиуми.
Гризман во сениорска конкуренција дебитираше за Реал Сосиедад во 2009 година, кога беше прекумандуван во првиот тим од клупската акедемија. До 2014 година одигра 180 натпревари и постигна 46 гола. Во летниот преоден рок во 2014 година тој за 30 милиони евра се пресели во Атлетико Мадрид.