Спорт
ПСЖ ќе го тужи Евра бидејќи ги нарече педери (видео)
Пари Сен-Жермен најави дека ќе го тужи Патрис Евра бидејќи ги нарече фудбалерите на клубот педери во неверојатна објава на социјалните мрежи.
ПСЖ претходно беше налутен кога поранешниот дефанзивец на Манчестер јунајтед славеше лудо на трибините на „Паркот на принцовите“ кога англискиот клуб го елиминира ПСЖ од Лигата на шампионите, а сега преку објава на „Снепчет“ тој објави видео снимено во такси во неделата.
„Еве го Манчестер. Престанете да навивате за тим што никогаш нема да победува. Дури и мојот братучед, кој е пред автомобилот, е лут. Париз, вие сте некои педери, ви кажувам. Ние го поставивме Д-тимот и ве победивме. Некои деца што ми ги чистеа копачките уште немаат сперма во себе. Париз, вие сте п.чки“, вели Евра.
Од Пари Сен-Жермен денеска официјално реагираа на ова видео.
„ПСЖ ги осудува хомофобичните изјави на Патрис Евра против клубот и нашиот поранешен фудбалер Жером Ротен. Зборовите го шокираа тимот, кој секогаш ги почитувал различностите“, се вели во објавата на ПСЖ.
Евра, кој е без клуб по заминувањето од Вест хем минатата година, играше за ПСЖ во неговата јуниорска кариера од 1997 до 1998 пред да се пресели во Марсала, Италија, каде што го потпиша првиот професионален договор.
Bonjour
Ci joint encore les frasques de Patrice Evra avec l’un des jeunes de ma ville. Et après il dit respecter le PSG et ses joueurs.. pic.twitter.com/CiJ4GMy99c
— Lima samir (@Limasamir1) March 19, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

