Спорт
ПСЖ на лето тргнува по Ерлинг Халанд

ПСЖ на лето ќе се обиде да го купи Ерлинг Халанд од Манчестер Сити, пишува францускиот „Footmercato“. Парижаните на крајот од сезоната ќе почнат со реновирање на тимот од кој треба да си заминат Нејмар и Лионел Меси, а раководството ќе се сврти кон најдобрите млади играчи од цела Европа.
ПСЖ, секако, е многу заинтересиран за Ерлинг Халанд, кој наводно има ослободителна клаузула од 200 милиони евра.
„Халанд не е среќен во Сити. Стилот на игра на Гвардиола не му одговара, а ако ПСЖ навистина ја плати ослободителната клаузула, Сити нема избор“, изјави аналитичарот на „RMC“, Даниел Риоло, кој тврди дека доколку ПСЖ не го донесе Халанд, ќе се сврти кон Виктор Осимен од Наполи.
Мбапе и Халанд би биле неверојатен тандем, а буџетот би се олеснил со заминувањата на Меси и на Нејмар. ПСЖ размислува и за доведување на искусниот Бернардо Силва од Манчестер Сити, кој е цел и на Барселона.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Пресврт на „Марадона“ – Наполи ја победи Џенова

Фудбалерите на Наполи ја победија Џенова со 2:1 во натпреварот од 6-то коло на Серија А.
Наполи успеа да ја оствари својата петта победа оваа сезона во Серија А, откако по пресврт ги победи гостите од Џенова.
Џенова поведе во 33-та минута преку Екатор. Напаѓачот на Џенова постигна спектакуларен гол со петица.
Во второто полувреме, Наполитанците ја обезбедија победата. Изедначи Самбо Ангиса во 57-та минута за израмнување и надеж дека Наполи може да ја продолжи трката со Рома.
Голот за победа го постигна Расмус Хојлунд во 75-та минута. Данецот игра како прероден во Наполи, каде дојде на позајмица од Манчестер Јунајтед. Во средата, со два гола му ја обезбеди победата на наполи над Спортинг во Лигата на шампионите.
Наполи со оваа победа се изедначи со Рома на челната позиција, двата тима имаат по 15 поени.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Лесно му е на Сити кога го има Халанд

Фудбалерите на Манчестер Сити го победија Брентфорд со 1:0 во последниот натпревар од седмото коло од Премиер лигата.
„Граѓаните“ беа големи фаворити пред натпреварот, добро го отворија натпреварот, делуваа сигурно во првиот дел, но во вториот не направија буквално ништо пред голот на противникот. Сепа за тимот на Гвардиола најважна е победата.
Единствениот гол на натпреварот беше постигнат во деветтата минута, кога голманот на Брентфорд го совлада Ерлинг Халанд.
Сити го забележа четвртиот триумф во сезоната, сега се наоѓа на петтото место на табелата со 13 бода, три помалку од лидерот Арсенал.
Спорт
(Видео) Синер се повреди, му го предаде мечот на Грикспор

Италијанскиот тенисер Јаник Синер го заврши настапот на Мастерсот во Шангај. Синер на Талон Грикспор му го предаде осминафиналниот меч.
Синер се предаде при резултат 1:1 во сетови и 3:2 за Холанѓанецот во одлучувачкиот сет. Проблемот беше неговата десна нога, колено или мускул, засега останува нејасно.
FORZA JANNIK
PER SEMPRE❤️🩹
— The Sinner Times (@sinnertimes) October 5, 2025
Синер можеше да го заврши дуелот и претходно, пропушти шанси, во еден момент беше на два поени од победата, но не успеа против да го скрши 31-ви играч на АТП листата.
Синер го доби првиот сет по тај-брејкот, кој го отвори со 4:0 и се чинеше дека е на пат кон нова победа.
На почетокот од вториот сет, спаси една, а потоа пропушти три шанси за брејк.
Имаше нови можности, уште поголеми, три врзани брејк топки во осмиот гем, но Гриксспор и тогаш успеа да се извлече.
Токму во тие моменти тој ја истегна десната нога, а потоа во 11-от гем го загуби сервисот без да освои поен.
Грикспор стигна до брејк и во петтиот гем од решавачкиот сет, кога Синер со болки отиде на клупата.
Тој доби третман од физиотерапевт, но едноставно не можеше да се потпре на десната нога, па реши да го прекине дуелот.
Nobody wanted to see this in Shanghai 😓
The World No. 2 retires due to injury at 7-6 5-7 2-3, sending Griekspoor to the last 16. Wishing Sinner a very speedy recovery ❤️#RolexShanghaiMasters pic.twitter.com/hxhRcY8AdX
— Rolex Shanghai Masters (@SH_RolexMasters) October 5, 2025
Валентин Вашеро од Монте Карло, 204-от тенисер на планетата, го чека Грикспор во осминафиналето.
Foto/ EPA