Контакт

Спорт

ПСЖ не одговараат ниту на понудата од 220 милиони евра за Мбапе?

Објавено пред

Спорт

Пенал драма на „Дал’Ара“ – Болоња и Џенова на крајот со реми

Објавено пред

Болоња и Џенова одиграа интересно 2:2 реми на „Ренато Дал’Ара“, кое беше одлучено со два пенала во последните минути од натпреварот, и резултат што двата тима не го посакуваа по лошиот почеток на сезоната.

Шкотланѓанецот Арон Хики ја донесе Болоња во водство во 49. минута од мечот со убав удар од далечина, но Џенова успеа да израмни само шест минути подоцна со убавиот гол со глава на Матија Дестро.

Горан Пандев влезе во игра во 68. минута, но неговиот тим повторно беше во негатива во 85. минута кога беше досуден пенал, а Марко Арнаутовиќ го постигна својот втор гол во дресот на Болоња. Кога се веруваше дека поените остануваат за тимот на Синиша Михајловиќ, беше досуден помалку контроверзен пенал за Џенова, кој капитенот Доменико Кришито сигурно го реализира.

e>

(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-33-37475”));

Standings provided by SofaScore LiveScore
Прикажи повеќе...

Спорт

Рома нуди попуст за оние што ќе се вакцинираат на „Олимпико“

Објавено пред

Рома нуди попуст на билетите за нивните натпревари за фановите што ќе се решат да се вакцинираат против Ковид-19 на „Олимпико“. В среда и четврток „Олимпико“ и областа Форо Италико ќе биде центар за вакцинација, каде што без закажување ќе може да се добијат вакцини на „Модерна“.

Во обид да се охрабри вакцинацијата за добивање на зелениот пасош на ЕУ, Рома ќе понуди попуст за следните домашни мечеви.

„Од почетокот на пандемијата Рома сакаше да им помогне на своите фанови и на градот Рим во борбата против пандемијата. Делевме маски, заштитна опрема и вентилатори на болниците, а сега учествуваме во кампањата за вакцинирање“, вели Гвидо Фиенга, генералниот директор на клубот.

Според последните податоци, повеќе од 85 отсто од популацијата на провинцијата Лацио (каде што е и Рим) добиле вакцина. За да присуствуваш на фудбалските мечеви во Италија, потребен е зелениот пасош на ЕУ или негативен тест во период од 48 часа.

Прикажи повеќе...

Спорт

Федерер имал успешна операција, ќе го пропушти Лејвер-купот

Објавено пред

Роџер Федерер, 20-кратниот гренд слем шампион, потврди дека ќе го пропушти Лејвер-купот во Бостон откако беше на успешна операција на коленото.

Швајцарскиот ветеран се бори со повредите последните две години и во август беше на нова операција на коленото за повредата што ја доби при настапот на Вимблдон, но најави дека не ја завршува кариерата и дека ќе се врати на АТП-турнејата во 2022.

Тој сигурно нема да игра во Лејвер-купот, турнир на кој тој е делумен организатор и во кој игра Европа против остатокот од светот.

„Навистина сум разочаран и ќе ми недостигаат момците, тимскиот дух и фановите. Беше прекрасно во Женева, Прага и во Чикаго и ќе ги гледам мечевите на телевизија“, вели 40-годишниот Федерер.

Следното издание на Лејвер-купот ќе се одржи во Лондон во „О2 арената“ и Федерер најави дека ќе биде таму.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Регистрирани 554 нови случаи на Ковид-19, пријавени 17 починати лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 4.072 тестирања, а регистрирани се 554 нови случаи на...

Македонија3 часа

Радев: Изјавите и ветувањата во дијалогот со Северна Македонија повеќе не функционираат

Изјавите и ветувањата во дијалогот со Република Северна Македонија повеќе не функционираат и Бугарија очекува јасни правно обврзувачки решенија што...

Свет3 часа

Бајден: Не сакам воената моќ на Америка да се користи како одговор на секој проблем во светот

Американскиот претседател, Џозеф Бајден, изјави дека не сака воената моќ на САД да се користи како одговор на секој проблем...

Свет4 часа

(Видео) Лава од вулканот на Канарските Острови навлегува во куќите, луѓето се евакуираат

Вулкан на Ла Палма, на северозапад од архипелагот, еруптира во неделата исфрлајќи лава неколку стотини метри високо во воздухот и...

Регион4 часа

Лајчак вознемирен за ситуацијата во Косово, повика на смирување на тензиите

Специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград – Приштина, Мирослав Лајчак, рече дека е загрижен за ситуацијата во северно Косово...

Македонија6 часа

И без политичка влада во Софија, продолжуваат разговорите за деблокада на евроинтеграцијата

И покрај тоа што сè’ уште во Бугарија нема политичка влада, разговорите за надминување на разликите и деблокада на нашата...

Македонија6 часа

ДИК со жрепка го утврди редоследот на кандидати на гласачкото ливче на локалните избори

Државната изборна комисија со жрепка го утврди распоредот на кандидатите на гласачкото ливче за претстојните локални избори за градоначалници и...

Регион8 часа

(Видео) Вучиќ: Го одбив предлогот на ЕУ за решение, тоа не е компромис туку понижување на Србија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се обрати по седницата на Советот за национална безбедност. На седницата се разгледа актуелната ситуација...

Македонија9 часа

МОН ќе добие експертска поддршка од Естонија за развој на дигитализацијата во образованието

Министерката за образование и наука, Мила Царовска, денеска одржа состанок со делегација од Естонија, претставници од Секретаријатот за европски прашања...

Македонија11 час

Досега се попишани 1.132.484 лица

Вкупно 1.132.484 лица, 353.256 домаќинства и 480.364 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера. Можноста за самопопишување на лица...

Македонија12 часа

Вархеи во Софија на разговори за бугарското вето за Македонија

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеј ќе престојува во посета на Бугарија, објави Европската комисија. Детали за разговорите не се соопштуваат,...

Свет12 часа

Претседателот на Бразил наместо во ресторан, вечераше пица на улица

Невакцинираните шефови на држави кои присуствуваат на Генералното собрание на Обединетите нации оваа недела, најверојатно, ќе мора да се задоволат...

Регион13 часа

Седница на Совет за безбедност на Србија за ситуацијата на Косово

На Косово ноќта помина тензично, но мирно по распоредувањето на специјалните единици „Росу“ низ северот на провинцијата. Српскиот претседател, Александар...

Свет13 часа

Идентификувани жртвите од пукањето во универзитетот во Русија

Идентификувани се сите шест жртви на пукањето на универзитетот во рускиот град Перм. Како што пренесе ТАСС, повикувајќи се на...

Македонија14 часа

Пендаровски: Одржувањето на перспективата за членство во ЕУ е клучниот двигател за реформите во земјите од Западен Балкан

Претседателот Стево Пендаровски во Њујорк учествуваше на 20. состанок на високо ниво во организација на Меѓународниот центар „Низами Ганџави“, што...

Свет1 ден

Од ноември можен влез во САД за странци што се вакцинирани

САД повторно во ноември ќе дозволат влез на патници од Кина, Индија, Велика Британија и од многу европски земји, кои...

Свет1 ден

(Видео) Напаѓачот од Русија објавил детали за нападот во универзитетот, во кој уби најмалку шест луѓе и рани 28

Приведениот напаѓач на универзитетот во Русија, Тимур Бекмансуров, објавил долго детаљно објаснување за својата подготовка за нападот, во кое тврди...

Регион1 ден

(Видео) Вучиќ за ситуацијата на Косово: Се надевам дека нема да треба да прeземеме контрамерки

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, вечерва ѝ се обрати на јавноста и нагласи дека ова е еден од најтешките денови за...

Македонија1 ден

Нови 154 заболени од Ковид-19, починале 12 луѓе

Во последните 24 часа се направени 1.967 тестирања, а регистрирани се 154 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 118, Куманово...

Македонија1 ден

Заев: Прашањето за морална одговорност и моја оставка стана банално

Премиерот Зоран Заев изјави дека прашањето за морална одговорност и за негова оставка станува банално. „СДСМ има квалитетни кадри коишто...

Досие