Спорт
ПСЖ од „Олд Трафорд“ зачекорија во четврт-финалето (Видео)
Фудбалерите на Пари Сен Жермен зачекорија во четврт-финалето во Лигата на шампионите. ПСЖ на „Олд Трафорд“ забележаа победа над Манчестер Јунајтед 2:0, а со идентичен резултат Рома славеше над Порто.
Без двајца од тројцата напаѓачи, големите ѕвезди на светскиот фудбал Нејмар и Единсон Кавани, ПСЖ одиграа без грешка во Манчестер и на Оле Гунар Солскјер му го нанесоа првиот пораз откако ги презеде „црвените ѓаволи“. Норвежанецот на претходните 11 натпревари забележа десет победи.
Блескаво издание на „Олд Трафорд“ имаа пред сите Марко Верати, Маркињос и асистентот за двата гола Анхел Ди Марија.
Откако првиот дел заврши без голови и без некои сериозни шанси за постигнување на гол, ПСЖ го нокаутираа противникот во првата третина од вториот дел.
Во интервал од осум минути играчите на францускиот шампион постигнаа два гола. Кимпембе во 53 минута успа да го испрати центаршутот што од аголот го испрати Ди Марија.
GOAL! Manchester United 0-1 Paris (Kimpembe 53). #UCL #ChampionsLeague #Kimpembe #PSG pic.twitter.com/qcqEYHip5p
— Futbol Matbuat (@FMatbuat) February 12, 2019
Осум минути подоцна брз контранапад на ПСЖ, Ди Марија го пронајде Мбапе кој втор пат го матираша Де Хеа.
Шпанскиот голман го спаси Јунајтед од потежок пораз, откако по вториот гол успеа да го спречи Мбапе во ситуација „еден на еден“, а потоа со парада го спречи и Бернат да постигне гол.
KYLIAN MBAPPE. PSG's star doubles their lead ?
Can United make a comeback? https://t.co/v4HhAnhZwj pic.twitter.com/LybVpZ1YJJ
— Bleacher Report Live (@brlive) February 12, 2019
Манчестер Јунајтед мечот го завршија со играч помалку, бидејќи во 90 минута Пол Погба го доби вториот жолт картон.
Реваншот во Париз ќе се одигра на 6 март.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Слот: Поредата на Вирц е удар за него и за клубот
Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, пред натпреварот со Вест Хем изјави дека десниот бек Џереми Фримпонг е подготвен да се врати на теренот по едномесечна пауза, но дека натпреварот ќе го пропушти Флоријан Вирц.
Шампионот на Англија ги пречекува „Чеканите“ во натпреварот од 28-то коло од Премиер лигата, кој ќе се игра на „Енфилд“ попладнево од 16 часот.
Фримпонг, последниот натпревар го одигра на против Карабаг на 28 јануари.
„Џереми ќе биде во конкуренција за Вест Хем. Тој тренираше со нас неколку пати оваа недела и ќе биде во ростерот. Не очекувам Флоријан да биде во тимот, што секако е разочарување“, рече Слот, додавајќи:
„Секој пат кога некој играч не е достапен, тоа е разочарување, а ова е нешто што не го очекував по минатата недела. Сепак, понекогаш работите се развиваат на таков начин и, за жал, овој пат не на позитивен начин.“
Тренерот на Ливерпул нагласи дека не е јасно кога точно репрезентативецот на Германија би можел повторно да игра.
Фото/ depositphotos
Спорт
Започна сезоната во Мото ГП – Спринтот во Тајланд му припадна на Акоста
Возачот на КТМ рејсинг, Педро Акоста, ја забележа првата победа во кариерата, откако славеше во спринтот за Големата награда на Тајланд, со кој започна годинашниот шампионат во Мото ГП.
Шпанецот триумфираше по неверојатна битка со актуелниот шампион, Марк Маркез што траеше неколку круга. Актуелниот шампион беше подобар во нивниот дуел, но во моментот кога успеа да го мине ривалот, имаше контакт меѓу нив двајца, поради што му беше наредено да ја врати позицијата, што и го направи, а потоа немаше шанса да возврати.
На двајцата на подиумот им се придружи Раул Фернандес од Тракхаус, а трката беше обележана и со падот на освојувачот на пол-позицијата, Марко Бецеки.
Извиредниот спринт за Трехаус ја комплетира Аи Огура. јапонецот трката ја заврши на четвртото место, беше подобра од шампионот од пред две сезони, Хорхе Мартин на Априлија.
Големата награда на Тајланд во кралската класа започнува во недела во 9 часот наутро, а акцијата во Бурирам започнува во 6 часот наутро со првата трка во сезоната во категоријата Мото3.
Спорт
Чоло Симеоне сака да го види синот на Дејан Станковиќ во Атлетико
Александар Станковиќ е еден од најбараните млади фудбалери во Европа, по Борусија Дортмунд, интерес за српскиот играч од средниот ред покажа и Атлетико Мадрид.
Како што стојат работите сега, Клуб Бриж би можел да заработи огромна сума пари од продажбата на 20-годишниот фудбалер кого го доведоа од Интер на почетокот на сезоната за 9,5 милиони евра.
Нероаѕурите имаат клаузула што им овозможува да го откупат назад својот поранешен играч, се шпекулира дека цента за Интер е околу 23 милиони евра, но цената на Станковиќ постојано расте и веќе достигна 40 милиони евра.
Шпанското радио „Марка“, објави дека тренерот на Атлетико, Диего Симеоне, побарал од спортскиот директор, Матеу Алемани, да почне да работи на трансферот на Станковиќ.
Тренерот на Алетико, во кариерата беше соиграч со таткото на Александар Станковиќ во Лацио. Квалитетите на синот на актуелниот тренер на Црвена звезда, Аргентинецот можеше да ги види неодамна кога Атлетико и Бриж играа во плејофот од Лигата на шампионите.
Александар Станковиќ постигна седум гола и пет асистенции на 41 натпревар за Бриж оваа сезона.
Минатата година против Латвија тој го имаше дебито во репрезентацијата на Србија.

